Утро! Мерена утрински, ама заборавив да извежбам 40ки со планк, затоа ќе ги вежбам после пред стомачни тренингот. Пак влегов во стагнација, ама очекувано, немам ништо сменето, немам ништо намалено или зголемено од тренинг. Очекувам со новиот денс предизвик да мрднам малце. појадок-3 галети со по 1 лажичка хумус, 10тина ситни суви маслинки и околу 50гр димено пилешко ручек-тортиља со лажиче хумус, салата, пченка и туна вечера-се мислам ама најверојатно ќе биде нешто со путер од кикирики, дали галета, дали ќе правам овесни лепчиња или некоја житарка палачинка
Добро утро. Бидејќи @Espadrila ми даде задача сабајле застанав на вага. Од минатиот пат сум 300 грама помалку. Се чудам како ама веројатно сум пазела повеќе отколку што мислев, плус се вратив на саглам вежбање. Јас сум од тие полека ама сигурно до целта. Уствари најбитно ми е овој режим да го терам за да не се вратам нагоре пак, не ми е толку симнувањето битно. Битно ова што ќе добијам како тежина да го одржувам. Денес појадок печена киноа (имав уште замрзната) и кисело млеко (и мало парченце кашкавал) Ужина: јаболко и кафе Ручек: Месо со праз и пире и салата Вечера: Се надевам млеко
Здебелена сум 1кг и 200гр од последното мерење пред 2 недели. Не сум разочарана пошто стварно се опуштив и јадев. Чудно ќе беше да останев на истата килажа. Ама еве сега видов до каде сум и прекинувам со јадење на глупости. Денес на мени: Доручек: цитрон и малини, турско кафе и топла вода со лимон Ручек- манџа спанаќ со месо, јогурт и црн леб Вечера неам појма. Можи ќе сварам 100гр макарони со кечап и маслинки. Или кајгана со сирење. Нешто вака.
Минус 600 гр. Задоволна сум.Веќе и се приметува. Уште да бев поажурна со вежбањето. Иако првобитно ова ми беше целта ама продолжувам со внимавање оти ја можам за 2 недели да појдам плус 5 .
Здраво, ме интересира вашето мислење.....имам околу 20 кг вишок, почнав веќе трета недела некој мој режим, со повеќе свежа храна, варива...( моментално сум на посно ради постот), и се запишав да вежбам во теретана. Е сега, некои ми викаат дека не требало да се вежба додека се слабее, зашто имам голем вишок, немало да се постигне ефект, единствено само пешачење или кардио....
Мене денес вагата многу пријатно ме изненади -1кг и 200 гр, неможев да си поверувам, баш вчера пишав дека најверојатно стагнирам….ама сум се лажела, исхраната, движење и + 3 пати неделно по еден час вежби со инструктор си носат одлични резултати имам уште некои 3-4кг за да стигнам до посакуваната тежина, дефинитивно вака ќе продолжам додека не ја постигнам целта
Дебела сум, не се сеќавам колку бев пред една недела, ама имам колку на почеток. Јадам навечер на нервна база. Во глава ми е проблемот, тоа е.
Д:Кафе, јогурт со овесни снегулки мед и вишни,пак кафе Р:Сендвич со плескавица и крајчето од црно лепче со салата ... В:кафе и ваљда ап за жиВци
Добро утро ај јас прва на рапорт имам 82.2кг, само -400 од претходна среда мерењето, ама океј, викендот не беше за кажување ич 12 more to go Денес на мени, ден 4, програма 3: - пудинг со банана - риба во доматен сос и салата - детокс смути - ужинки ќе видиме, вчера беше три коцки црно чоколадо Убав ден девојкии
Утро! Утрински извежбани 40ки и пленк, денес ќе се вежбаат нозе и дупе. Појадок и ручек исти ко вчера, а за вечера ќе се јадат тестенини. Се гледа дека губам веќе инспирација, нели? Едвај го чекам новиот програм за нова инспирација.
Ти си имала најголема мотивација од сите нас тука штом имаш симнато 25кг. Не гледам дека губиш мотивација после толкав период на режим, ти веќе живееш нов живот со здрава исхрана, мислам нормално е на моменти да немаш идеи за јадења, посебно додека чекаш програм, јас сум иста, ама ти барем немаш бинџ моменти ко јас, супер си женска Ама ми должиш да ми кажеш утринските што се ти вклучуваат
Секое утро после будење вежбам чучњеви, склекови (женски), стомачни и пленк, почнав со 20 повторувања и минута пленк, сега сум на 40 повторувања и 2мин пленк, пополека накачувам. Сори сум пропуштила дека си ме прашала. Попладне вежбам тоа што ми е по програма. Не губам мотивација, како што рече зошто не ми е ова мене режим туку начин на живот, губам инспирација за оброци. Ама ќе се среди.
Фала ти ептен! Ма и инспирација, комбинирај од претходни програми, сигурно имаш повеќе од Ана. Исто совет, на инста заследи ја sandra_cecaric , она исто дава програми и за исхрана и за вежбање, ама многу од рецептите ги споделува јавно, баш рагледај и го профилот на инстаграм. Јас кога чекам програма, црпам инспирација за оброци од кај неа, има и благи и солени, секакви има јавно споделени, со точни мерки