Добар ден. Денес доручек овес, чиа, млеко, путер од кикирики, суво грозје и млеко потопени од вечер. Ужинка големо нес со млеко Ручек не знам мајка ми ќе ми прати Вечера млеко. Денес треба да се вежба. @sanja-84 вежбање е неопходно при слабеење. Можеш да почнеш со полесни вежби па да зголемуваш интензитет. Ама секако вежбај.
Браво девојки за тоа што можете да вежбате од дома, многу пати сум пробала ама неуспешно, додека не отидам во сала и гледам инструктор ништо од вежбањето мое. Одамна се размислувам да земам за дома некоја справа, како на пр. орбитрек но на сите што им спомнав ми викаат немоој така ќе ти стои дома стварно си сакам и од дома некогаш да повежбам додека деца спијат или се во градинка
Јас во моментов немам друга опција освен да вежбам откако ќе заспие детето во 9:30 навечер. Од мојата борба да изгледам нормално со ПЦОС која ја водам од 14 години и прилично вложување во кариера (што обично значи малку време за друго) научив да се самомотивирам за вежбање. Сега заедно со маж вежване навечер и супер ни е. Орбитрек на почеток е интересн потоа треба да го ставиш во дневна за да ти текне да вежбаш.
Д овес со јогурт овошје семки и мед..(конечно најдов комбинација да ме бендиса овесот) Р цезар салата. В ги дојадов овесните мафини со маслинки.Сега поубај од завчера Да не фати криза и за овес ,што велите и тој да не е од Украина ?Таман се навикнав...
Ако си се навикнала на овес, на сѐ ќе се навикнеш . П: овес со јогурт, банана и ленено Р: парче куглоф В: паниран стек, малку компир, марула, чаша бело вино, два еклера 7000 чекори, не знам од каде ги извадив .
Кога почнав да вежбам одев во сала, почнав со пилатес многу ми беше убаво и таа атмосфера таму дома тешко се доловува ама се навикнуиваш..сега си плаќам месечно он лине вежбање домашниве се научија дека во 19 вежбам и тоа е..ама да со поголеми деца, со помали потешко оди дур ги средиш ти ќе заспиеш. Не пишав вчера ама се частев со едно пченкарно лепче посно и убаво ми дојде..некако изнемоштена сум деновиве дал од постот дал од обврски ... За денес Д овес со јаболка У банана со лажиче путер од кикирики Р гравче В салата
Вчера на нервна база уште домашниве не ги изедов. Денеска веројатно ќе сум подобра со психава На мени: - брускети (двопек со зачини) и варено јајце, домат - полнета тиквичка и салата плус - детокс смути - ќе јадам и ледени коцки, една две, роденден е на тато
Добар ден, Денес на работа дојдов во панталоните што ми беа цел. Ептен се измотивирав и среќна сум си. Вчера за ручек јадев пита со тесто од компир со фил од мелено месо. За вечера место млеко шака ореви. Сфатив дека многу млеко ќе ми дојде дента. Денес доручек: 90 seconds mug cake со банана, протеински прашок и јајце и малку кисело млеко уз тоа. Ужинка: не знам Ручек: Грав и салата (нема мрдање сварен е веќе) Вечера: Млеко
Се она што си набројала замени го, место чипс земи леблебија, лешник, бадем..место пица направи овесни палачинки или палачинки од леќа..мајонез замени со павлака пример, нема слабеење ако се јаде од ова што го наброја, на иста мака бев и јас а сега после толку време вложено имам грижа на совест да земам да јадам пример мајонез и тост ..земам интегралени 2 парчиња леб со 1 кашкавалче и толку (ова кога не постам).. не ти солам памет само ти кажувам како јас почнав да обрнувам внимание поквалитетна храна да јадам и со тоа и количински помалку..и ќе биде..што не било..
И јас денес облеков пантолони тесни без големи прелевања на спојлери... Ама цел имам едни бели летни пантолони... Знам дека до наредна зима пак ќе ги вратам килограмиве и после пак ќе сум овде во темава ама барем летово малу малу ќе бидам задоволна. Мени вечер ќе пишам оти немам испалнирано се...
Не знам за вас, али јас мотивација за слабеење и дефинирање на телото имам само пред пролетна/летна сезона. Во глава ми се врти топлото време и ќе сакам да облечам нешто кратко или тесно ама поради дебелите бутки и спојлерите, нема да се осудам на тоа. За на плажа по купачи веќе да не правиме муабет. Есен и зима ми е скоро па сеедно дали имам неколку кила вишок. Секако сме покриени со 1000 слоеви на облека. Плус и апетитот во зима ми е пуштен на најјако. Цело време ми се јади, не можам да се контролирам. Секако, ако имате голем вишок на кила кои ви пречат и притоа ви ствараат здравствени проблеми, занемарете зима/лето. Јас со 5-6кг вишок не можам многу да се жалам. На мени денес- пола чаша смути што ми остана од вчера, интегрално колаче и неколку бадеми. Ручек- посна тава ориз и салата Вечера- кафана. Бело вино сигурно, за јадење стварно не знам.
Во ред е, те разбирам. Меѓутоа јас сакам за да почнам малку поздраво да се хранам. Залудно би било да држам некоја диета 2-3 месеци и да ги изгубам тие 10 кг што ми се вишок, кога после тоа ќе си се вратам на нормалната исхрана ќе си ги вратам и килограмите. И мене пролет/лето ми е идеално за слабеење зошто има огромен избор на свежо овошје и зеленчук. Времето е убаво за пешачење и летото барем мене од топлото воопшто не ми се јаде мрсна и калорична храна. Еден бурек/тост еднаш во две недели или една пица месечно не е страшно, но кога секојдневно ни е таква исхраната вагата си оди нагоре. Со чест на ретки исклучоци кои јадат се и сешто ама метаболизмот им е брз и не се здебелуваат. Јас пред се сакам да ослабам лично заради сама себе. Знам дека ќе се чуствувам подобро без овие 10 кг.
Не не на враќање не помисливај едно 2 години.. и да каснеш не е грев , ама мора драстично да отфрил нездрава храна и ќе влезеш во штос ...јас со години имав нездрав однос кон храната.. ама се се учи, слушај со го телото и дневните потреби да не си нервозна од малку храна...и нема враќање на кг, диета ригорозна не ти треба....
Д неколку интегрални домашни крекери со семки и шише велнес вода Р пржена риба и кришка црн леб со намаз од авокадо. В каснав половината баунти чоколадце.
П: јогурт, овес, ленено, чиа, банана Р: пола врап, сладолед В: супа, марула, мусака, бело вино, еклер Околу 8000 чекори до сега, ама нема да се многу повеќе, кај и да е ќе залегнам. Добро е што ја испративме дијаспората, полабаво ќе биде со јадење. Лошо е што имам уште профитероли од Палма, а нема поубави
Луѓееее бее ме собраја фармерки што ги носев во основнооо, пред 2 месеци ни до пола не ми влегвеа леле колку сум среќна сега дојдов само то да го кажам, пресреќна сум, после за мени и за деновиве што не бев активна.
Точно така во сала е многу поинаку, друго е чуството, а секако имаш право дека со поголемки деца е малку полесно да извежбаш од дома, јас имам две годишни близначиња, така што буквално тешко може да отидеш до wc, да не збориме за друго кога спијат мора да се чисти, да се готви така да пресреќна сум што можам да се искрадам три пати неделно по еден час во сала. Јас уствари килажата не ја добив во бременоста, туку после пораѓајот, буквално не знаев каде се наоѓам, дали е ден или ноќ. Се случуваше мн често да јадам во 12 ноќе, па и да изедам цела чоколада, сето тоа од премора, од истоштеност па некогаш и од очај. Среќа што се освестив што си правам сама на себе, сега сум презадоволна од тоа како изгледам. Ќе ве дружам тука уште месец дена сигурно па може и слика ќе споделам за да ги мотивирам тие што сакаат да започнат со некој режим до сега имам симнато 10кг за 76 дена
Со две мали деца и тоа близнаци ауу секоја чест на постигнатите резулатати...одмарај секој можен момент има време за вежбање...