Инаку мени за претходниве два дена, денес 45/90 ми е овошен ден, 100гр лешници си ги грицкам по цел ден, портокали, мандарина банана, јаболко. Сабајле пешачев. Вчера имав јх ден јадев 100 грама интегрални шпагети со печурки, и обавезно марула. За вечера 20 гр. овесни снегулки кои ги подзоврев во малку вода. На тоа додадов 200 грама Ehrmann пудинг и одозгора јагоди. Многу вкусно испадна и има смо 230/40 калории доста некалорично а благо. Завчера имав скробен ден и јадев леќа со парче леб и марула обавезно, за вечера исто само без леб. Баш денес се вагав и имам 77.60 а пред недела дена некаде околу 78.75. Баш сум среќна како оди диетава, кога ќе ја завршам ќе се ставам на ун одржување. И така до почеток на јуни сакам да стигнам ако не повеќе до 70. Ете уште 7 кила барем се надевам дека ќе успеам. Си пешачам јас, само сакам да видам на пилатес да одам ама не знам ни термини ни групи треба да прашам како е.
Добро вечер. Денес викенд и детски роденден. Убава забава ама јадење крш. Доручек сендвич со јајце, мајонез и сите салтанати. Во парк грицки, торта итн Ручек макарони со октопод (ова беше ОК оброк). За вечерва се надевам ништо веќе. Вчера исто мезевме ама ОК мезе по Кето беше.
Д 2 овесни мафини со намаз од авокадо. Кафе, боза... Р урда со 2 јајца пржена и мало парче сланина,салата и кришка црн леб В: 2 3 касаи солена палачинка.
Дали мислите дека ние што сме преголеми гурмани и опседнати со храна и зависни, и секоја диета ја прекинуваме без цел, треба да "поразговараме" со психијатар?
Не треба ние да мислиме туку гурманот или во случајов ти. Ако ти е проблем тоа и стварно се сметаш за зависна од храна, тогаш посети ако мислиш дека може да ти помогме.
Диеталкии, кај стее? Протеински ден 46/90 Денес за доручек два портокали и чај, за ручек стек со зелка цвекло морков, едно мало црно лепче и супа после тоа, за вечера само салата и стек
јас да сум во таа ситуација, искрено, не би се замарала со психијатри пошто ништо нема да ми сменат. Повеќе би се замарала со здравствените проблеми што го предизвикуваат тој апетит - хормони, тироида, дијабет..... Фати си некој интернист, ендокринолог што е стварно добар и што ќе ти препорача што се да испиташ и терапии да зимаш или смениш. Ти најдобро си ги знаеш тие работи. @Doozy, не знам колку е активна... може да ти препорача д-р. Да ја поздравам уз пат Друго, да не можам да држам диета/режим, би зашпарала пари за прстен да ми стават на желудникот или каква годе е операцијата на која беше Боки13, па и Ивoна Јо. Само што, оваа Ивона ко што гледам на инстаграм, и откако направи операција, внимава што јаде плус и вежба. Претпоставувам дека човек по операцијата и не може многу да јаде - количински, ама...
После операција за кратење желудник на каква што беше ивона мораш многу повеќе да внимаваш на исхрана и да вежбаш.
Па не мислам дека треба да се разговара со психијатар ако си гурман или опседнат со храна или затоа што пример некој не можи да ја издржи до крај диетата, пак е тоа повеќе до карактерот, недоволно мотив, упорност... Со психијатар би требало да се разговара ако храната стани утеха после доживеана психичка траума или ако храната е единственото уживање и задоволство во животот. Тогаш веќе е алармантно.
Д :две плачинки од леќа со намаз од аволадо. Р: гравче со месо и 1 кришка црн леб. Не вечерам оти каснав 2 коцки чоколадо и 2 кафиња со по малу шеќер Осеќам дека или стагнирам или сум во плус.Се си мислам што деновиве почнав да јадам по малку црн леб уз ручек.А и вода пак не пијам.
Недела може е ден за одмор ама јас си извежбав убаво Малку забушавав, оваа недела 2 пирошки, едно парче пица и ситно благо ама се тешам дека само еден ден паузирав со вежбање и плус секој ден пешачам со бебе со количка Немам вага да се мерам ама секој ден се гледам во огледало хаха
Викендов претерав количински, не утнав од типот на храна ама бев гладна. И да дефинитивно посново е меч со две острици, морам да намалам на леб само манџа.. Денес Д овес со јаболка У јаболка Р леќа В салата
Само да ве поздравам ,ве читам редовно, само не пишувам,зашто немам некој режим на исхрана. Насабајле си пешачам, навечер вежбам на справа, ама викендов се пропуштив... Се изнашетавме и немав сила за вежбање. Се надевам дека нема да ги вратам килограмите што ги намалив, ама ќе се стрпам до среда за мерење.
Здраво 47/90 скробен Д: два портокали и кафе, моментално си пијам чај со цимет Р: ориз, малку црно лепче и салата обавезно. В: пола од ручек без лепче Инаку си пешачам секој ден, вчера околу 14000 чекори некаде, 10км после ќе одам пак. Треба да се натерам да вежбам ах
Добар ден и од мене. Вчера беше поарен ден од аспект на јадење. Ама и имав прилично активности па на крај (готвење за повеќе денови за да оставам јадења да има како помош некому, за нас ќе готвам во тек на недела, па перење и дигање на скијачки работи, па зимски кондури чистев и прередував итн итн) и извежбав малку на крајот од денот. Касно легнав и сега сум ненаспана и од тоа ми се јаде. Чудна работа, ама така е. Ќе издржам. Доручек: Варен овес со бруснива малку млеко и малку путер од кикирики Ужинка: Кафе, едно јаболно и две мали интегрални колачиња (ова морав се тресев за благо и по декларација сум изела 86 калории) Ручек: Некоја паста ќе биде ама уште немам смислено што точно ќе ставам (октопод или туна) и салата Вечера: Млеко Од физичка активност денес пеглање ќе биде (и тоа мора). @Justicija ако сметаш дека имаш нешто што ти смета во однесувањето кон храната тогаш добро е да посетиш стручно лице. Не психијатар туку психологог или психотерапевт кој се занимава со таква проблематика. Така најдобро ќе го видиш коренот на проблемот и ќе успееш да го решиш. Секако претходно треба да бидеш сигурна дека сите метаболички процеси ти се во ред (немаш проблеми со јајници, тироида, хипофиза и слично, не си на терапија која може да доведе до зголемен апетит и слично). @zhap4e ова што ти го кажуваш теснење желудник и слично е рецепт за брзо враќање на килажа ако килажата е качена заради решавање емоционални проблеми со храна. Ставање прстен на желудник ќе го прикрие основниот проблем на почеток, ама има многу луѓе кои потоа ја враќаат килажата зашто не го решиле основниот проблем што предизвикал таков однос кон храната. Не сите качуваат килажа заради метаболични состојби. Кај метаболичките состојби теснење желудник и нутриционисти може да помогнат, ама кај емоционалните проблеми нема да помогнат. Барем не на долг рок. Ако храната е утеха, ќе продолжи да биде утеха без оглед на големината на желудникот, а и некој со мал желудник може да јаде чоколади по цел ден, не мора да го полни со здрава храна.
Девојкии кај сте? Многу ми е чудно вака без вас, ајде малку мотивација едни на други! Ајде во среда мерење
Тука сме тука.До пред малку си готвев вечера.Почна да ме изморува мислењево и готвењево што за мене покрај сите останати. Д овес со јогурт пола банана,вишни и семки Р 1 палачинка од леќа со намаз од авокадо, 2 парчиња риба ослиќ(се дојадував) У 1 портокал 2 коцки чоколадо В хроно пита и јогурт.
Тука сум, тука..се спремам за среда мерење, јас сум ( сеуште ) во озбилните за слабеење За денес Д овес со јаболка У јаболка Р спанаќ со ориз В незнам