Утро! Утринскиот тренинг извежбан, денес е рест деј од програмата, ама може да извежбам некое кардио, ќе видам, се зависи од тоа како ќе бидам расположена после работа, со тоа што денес имам и многу пешачење, точакот ми откажа љубов па ќе мора да се движам повеќе пешки. Вчера стомак 2 тренинга по 18 минути извежбав, топ ми дојде. појадок-галети со хумус и ќе видам некое зеленчуче ручек-тортиља со хумус, зелка, наут, пченка и туна вечера-спанаќ со ориз и јајце
Добро утро, Денес на мерење 200 грама плус од минатата недела. Ама мислам дека е вода. Сабајле едвај прстените си ги ставив. Пивото вчера непланирано ме зезна. И не вежбав. Маж викнал друштво за фудбал и немаше простор за вежбање. И каснав три пати благо неделава. И толку беше. ж Некогаш сум уморна од постојаната борба со сама себе. И со телото и со ПЦОС. Ми се смачува. Ама немам друга опција. Мора да терам. Некогаш сакам се да ми е во ред со хормони и јајници. Ама нема. Ни сам ја те среќе. Се со труд и пот си заработувам, па и нормален изглед на тело. Сега следнава недела мора да се удри форца. Односно да се пази. Сега за сега еден роденден детски во најава, ама се надевам ОК ќе поминам. Се мислам да почнам да правам напиток со цимет чисто за да си помогнам. Ама ќе видам. Денес доручек овес киснат од вечер со снегулки од кокос, чиа, брусница и малку млеко. За ужина носам јаболко со себе или raw bar ќе видам што ќе биде. Ручек ќе бидат бургери од телешко месо и печен компир и салата. Вечера се надевам млеко.
Здраво дечки, мене ме немаше согурно една недела ама оправдано, неколку денови бевме кај свекрва ми бидејќи кај нас во зградата се копаше и бушеше вклучително и во нашиот стан проблеми со водата, па после малото ми прими три вакцини и се расправавме со температури. И покрај се успешно си продолжив да се придржувам на режимот и од пред три дена почнав да вежбам чаленџ на Клои Тинг. Ми одговара бидејќи точно се знае кој ден што се вежба според распоред и трае по 30мин. Инаку чаленџот е 28 дена за слабеење. Ви препорачивам да се приклучите иако се работи за 30 мин ептен се захтевни вежбите и се правам утоп. Одете на нејзиниот веб сајт и има бесплатен распоред на повеќе чаленџи зависи за што сакате слабеење, тонирање, со тегови без тегови и слично chloeting.com вака и гласи веб сајтот. Во врска со јадењето си продолжив исто па еве за денес: Кафе и цеден портокал Д:банана,мешани јатки со суво овошје и јаболко,две коцки гранола од виталиа У:варено јајце и чаша јогурт Р: телешко варено и малку пропржено со кромидче, морковче и зачини со мешана салата и варено просо В: нема да има Во случај да ми се пријаде нешто благо измеѓу тоа ќе биде урми, смокви или две оризови галети намачкани со мед. Следно се мерам на 1ви април и се надевам барем кило, кило и пол да сум ослабната па ќе видиме. Убав ден на сите и се читкаме пак се надевам ослбени и стопени
Мене ме нема во темава, полагам цела недела, минатата ги спремав испитите и ни на крај памет не ми беше да пазам на исхрана или да вежбам. Фала ти @angelche16 шо си се сетила на мене. Те читам цело време, you go girl! Јас завршувам со обврските во петок и од понеделник, 4ти април уплаќам на фитнес!!! Значи 4ти април, не смеам да забушавам овај пат. Сфатив дека нејадење или здрава исхрана не ми вреди ич без вежбање. Да имав голем вишок ајде, ќе ги стопев и без активност. Ама, последните 5/6 кила, не се вадат само со здрава исхрана, мора и да се испотам. За мени не пишувам, цел ден можи да јадам супер и навечер додека учам можи да се случи да се најадам како слон и се’ да оди низ вода, така да оваа недела пиши пропало. Ви посакувам убав ден.
83.8 кила, 1.3 во минус од пред 2 недели (минатата среда прескокнав мерење пошто заборавив да купам батерија за вагата ). До следното мерење на БМИ таман ќе преминам од obese во overweight. Очекував да не сум многу во минус денес, пошто сум во ПМС и доста подуена, ама пријатно се изненадив. Јадев и 2 сладоледи неделава, ама се држам до зацртаниот просечен внес на калории и има резултати. Кон средина на април идам Македонија, таму ако не застранам од патот (со готвењето на мајка ми и дружби по кафани), нема кога. Ама си викам и физички поактивна ќе сум, пешачење, орбитрек, ова-она, па ќе избалансирам некако. Немам идеи за готвење веќе, секоја недела истите оброци се вртат. Е викендов ќе имам гости и планирам да правам пастрмајлии, со месеци ги мислам. Денес некоја салата со интегрални тестенини е во план, уште немам зацртано точен рецепт. Почнав малку да забушавам со пешачењето, мора пак да ставам ред и да правам по 6000+ чекори минимум. Работењето од дома ептен ме кочи во тој поглед, иако е само 2 дена неделно.
Еве сум и јас, само -200гр сум од претходна недела, рамни 82кг За денес на мени: - палента и јогурт - цезар салата - детокс смути - ужинки ќе видиме, вчера само мед си апнав Ништо од планот до 1ви април да сум 79.9 ај уште недела две и ќе биде
Јас незнам дали сум нешто во минус може едно 200 -300 гр.Ама таа е бројката уште...Вкупно околу 5 кг за 3 месеци скоро.Добро е со оглед на колку тешко слабеам. И јас ко @Joy_joy цел живот мака мачам вака со килограмите напред назад и гарант имам некој дисбаланс со хормони. Денес доручекот ќе е само јаболко оти др.што имав оставено во фиокава на работа (барчиња) магично изчезнало а не стасав да си направ од дома овес со јогурт.
Гуруто за слабеење и водичот, шо би рекла Нарциска, ме нема никаде и мудро молчам. Не се измерив денес. Ама се измерив вчера. + 1 кг. Мислам, нема потреба да се правам наивна ко француска собарица и да викам не знам како!!!!, а и секако е исто без везе да си редам оправдувања. Едноставно ПМС, со МС, постење и невнимавање. Не знам, следна недела е БМИ. Како ли ќе се мерам и реферирам тука брукички сум си . Ми се здосади овошјето наутро и удрив на тесто, со ручек дека посно удри отпојќе на леб... Мада вчера и денес, можда дека си се зашамарав откако се измерив, можда едноставно сето тоа околку ПМС и МС некако се стиши, барем маааалку поумерена бев и за нијанса поздрава храната. За до вчера е срамота да ги зборам буритата, посните буреци и благата... Денес турско кафе, банана, јаболко, шака печени лешници за ручек леќа и многу салата, за вечера ќе видиме.... ајмо женски...рече Еспадрила млитаво цуп цуп
Јас цело време знаев дека не е во ред тоа што го правам, буквално после секое изедено чиколадо се каев и си викав зошто го правам ова….јас цел живот имав тело какво што би посакала секоја девојка, да не звучам нескромно но така беше, имав убави гради, задник, текни прави нозе, струкче, јас не пробував гардероба во продавница, јас знаев дека се што ќе облечам убаво ќе ми стои. Јас бев опседната со шопинг, секоја недела си купував по нешто, уживав во тоа. Е кога ги ставив тие 15+ мене веќе не ме личеше во ништо, не личев на ништо, не ни помислував на шопинг, започнав да се кријам во широки кошули, туники, фустани…. веќе немав ни што да облечам, и така пред нова година влегов во еден бутик да си купам некој панталони, продавачката ме праша кој број да ми даде, јас и кажав незнам, бев завиткана во долга јакна која неможев да ја закопчам и одозгора долг шал за да ме покрие, ајде ми рече продавачката тргнија јакната да те видам, за тебе ХL ми вика…. Јас ќе се онесвестев, се застрамив, јас цел живот носев S или XS а сега XL мислам дека тој беше моментот кога си кажав стоп доста е, на што личам… и ете до сега сум -10тина килограми, вежбам и предобро се осеќам. Денес се мерев и сум -400гр ослабната од минатата недела, со оглед на тоа што цела недела не се придржував до режимот презадоволна сум.
Браво на сите што сте истрајни. Јас не сум мрднала, а и што ќе мрднам кога јадам како да нема утре. Ми се собраа нервози на работа и само храна ми се врти во глава. Ај ќе видиме, секоја среда почнувам од ново. Вчера на работа не знам како не ми пукна облеката, а и утре ќе биде слично. Одамна не ми се случило да ми е срам од тоа како изгледам, ама еве, се случува.
Јас денес не стигнав да се мерам, утре ќе сум во друг град па тек петок. Саботата имав 77.60 а другиот ден неделата и понеделникот 78. 50 кило плус немам појма како. А јадев вообичаено како за ун диета и се изнервирав. Ама добро треба да ми дојде мене многу ми доцни ете може 10 дена па можда и затоа се осеќам така. Денес имав овошен 49/90 во осум сабајле јадев еден портокал и чај, потоа кун 4 бадеми една шака и банана. Па бев на роденден и само торте каснав. Со тортата зафркнав малце ама ајде нема гајле зошто се придржувам. Баш ме интересира вагата во петок. Јас џабе сум минус скоро 10 кила кога физички не се примеќа толку. Не знам како да се разочарувам, ама продолжувам напред!
Имам огрооомеен проблем со прејадување. Конкретно прејадување благо и грицки. Значи јас колку и да сум најадена, ако пред мене има грицки или благо или знам дека некаде во некое шкавче има, јас не престанувам додека не изедам се. Ми се има случувано подоцна и да ми се лоши од толкава прејаденост.Ве молам за совети како да се одвикнам, знам дека најпрво не треба воопшто да купувам такви работи, но ако имате некои дополнителни совети споделете ги
Сѐ е до психата, треба сама да донесеш одлука дека нема да јадеш и тоа е тоа. Некупувањето е само почеток зашто ако си “слаба” и не се држиш до одлуката, во 1 по полноќ по пижами ќе одиш и ќе купиш и џабе е сѐ. Ние овде не можеме друг совет да ти дадеме ако ти не сакаш да ја промениш таа навика.
https://chloeting.com/program/2022/weight-loss-challenge Еве овие ги вежбам јас моментално има за секој ден распоред
Постов е таков, на леб тера, ама ајде ќе се издржи уште малку..и биди тука почесто и поозбилна да си те молам, почни да не караш повеќе Денес Д овес со јаболка У бадеми Р туна салата В незнам
Добро утро! денес на мени: - сникерс овесна каша - пилешко, печени моркови, салата - детокс смути - вчера пак црно чоколадо јадев, мед со 1/4 банана и 4-5 соленки со малата, ама ајде денеска построго аман, забушант тежок сум, посебно кога немам обврски па храна ми се врти во памет, мора да најдам плус занимација во денот, се надевам со вежбањето ќе се опораам да немам време да мислам на храна Нема да имам голема разлика во БМИ, немам многу ослабено месецов, ама ќе видиме здравје во среда Веќе ти го дадоа линкот, и јас тие ги вежбав а здравје од утре пак ќе си ги почнам, ама hourglass програмата, ми изгледа понеисцрпувачка, а на weight loss challenge ми се слоши претходно (ама вежбав позитивна на Ковид, тоа напраи проблем). Истегнувањето не го промашувај никако. Ајде среќно и пишувај ни мени и вежбите, повеќе ќе се мотивираш
јас првиот пат кога се разболев од корона мислев ајде ми помина ништо не ми за после 5 мин вежбање добијам толку силна такихардија едвај дишев па паузирав цел месец..зафркнато е и псоле прележување..