Треба телото дефинитивно да се одмори и да се регенерира. И после обична настинка а не пак после Ковид. Мене скроз ми се слоши, на едното око немав вид повеќе од 30минути. И после тоа деновите притисокот ми се спојуваше, 80/60, 85/65, 90/70 и ми беше стварно лошо и мачно. И сите ми рекоа да одморам месец, два месеци идеално, прележав во февруар, сега мислам ок е да почнам веќе. Ако осетам тежина кај Клои, ќе останат вежбите само на @AngelOfArh
Утро! Утрински извежбан тренинг, за малце ќе заборавев, имам некој лош тајминг не знам зошто, не можам да се организирам откако ќе се вратам од градинка, ако не извежбам одма кога ќе станам сабајле влагам у некоја трка после и нема опција. Од утре ќе биде подобро, ни пролонгираа работно време, сега сме од 8 до 4 па имам пола саат плус од сабајле. Не планирам да станувам покасно никако, не се откажувам од станувањето во 6 никако, ме полни со многу енергија на дневно ниво. Денес ќе се вежбаат нозе и бути, сеуште не ми работи програмата и вежбам по други програми од инста, топ ми е, ама ми фали Ана. Од понеделник ќе се данца. појадок-омлет тортиља со малку ајварче и сиренце ручек-спанаќ малку со 1 грчки јогурт и мислам ќе земам и јајца да сварам вечера-салата со семки и некој протеин ама не знам што
Не се приметува, оти не топиш маснотии, туку губиш мускулатура. Ако топиш маснотии во обем одма ќе се примети уште после првите 5-6кг. Режимот што си го одбрала е еден од најлошите, а имаш благодарен метаболизам, поради годините, и жалосно е што така се измачуваш. На твоја возраст ослабев 20 кила само со преполовување на порции, пешачење, многу вода и спиење. Квалитетот на сонот е клучен, кога си наспан, телото има потреба од помалку храна. Ти си го навикна телото на малку храна, кога ќе го прекинеш режимот и ќе се вратиш на старо, килограмите ќе се вратат. Секое едно парче плус што го јадеш, како тортата, ти се складира, оти гладуваш, а организмот е програмиран да чува резерви. Млада си, не си прави толкави рестрикции, само смени го начинот на исхрана и вежбај. Ама тој начин на исхрана да ти остане за навек, со тоа што да не се осеќаш дека си згрешила кога ќе отстапиш од него.
Башка што стварно нема потреба од овој режим, воопшто не изгледа дека има многу за слабеење, само со добар тренинг и исфрлање на јх и тесто ќе постигне повеќе од ова.
И јас исто ќе и кажев, се мислев само дали да пишам или не. На 15-16г ослабев 25кг за 6мес. Ептен ми се убрза метаболизмот, вежбање секој ден, исфрлив нездрава храна и за брзо се стопив, ептен ослабев. И иако јадев повеќе од тоа, сум немала такви денови овошни, водни, јадев ја се и сешто само избегавав покалорична храна, ми падна многу коса и на телото модрици ми се појавуваа. А на факс за многу брзо све вратив од тоа слабеење тогаш зошто малку повеќе се опуштив и немав време толку за вежбање, прва година ми беше доста стресна и не знаев кај се наоѓам од полагања и сите нови случувања, па и корона фати и карантини. За пола година све што ослабев си вратив нагло на истиот брз начин како кога ослабев на 16г. А пред тоа пазев 2г и одлично се одржував. Малку што излегов од рутина на "здрав живот" толку беше... Лекција што ја научив од се тоа е да не сакам веќе толку брзо да ослабам, туку да стане се една навика и постепено да идам со се. Како сега, многу поспоро слабеам, но и намерно. Не сакам пак да ми падне пола коса, не сакам одеднаш шок на организмот да му направам и пак некогаш да вратам се што ќе ослабам ако малку излезам од таа рутина. Гледам да јадам што поздраво, но не се оптеретувам толку. Се движам што повеќе и гледам да јадам поздраво 70% од времето, но имам и 30% во неделата покалорична храна и мислам дека вака повеќе ми одговара на долгорочен план. Бидејќи сме слични години со @angelche16 затоа си земав за право да споделам искуство.
Се што е промена на начин на живот е поспоро, но со подолготрајни резултати. Брзо надолу брзо нагоре. И тоа нема да се смени. Денес се мерев пак и ОК сум. Тие 200 грама вода отидоа. Доручек: цело зрно овес, брусница млеко, путер од кикирики, цимет Ужина: пуканки (донесе една колешка па сите јадевме) Ручек: спањаќ манџа Вечера се надевам млеко Вчера вежбав, ама може и денес пак ќе видиме. За утре печам проја со праз, спанаќ и сирење па тоа ќе ми биде доручек.
Мене од таа ун диета ми падна скроз имунитетот и многу работи ми се заебааа ама тоа е. Љубопитноста ја убила мачката. Тоа ми беше единствена диета класична која сакав да ја пробам и никогаш повеќе. Подобро нешто од балансирана исхрана и вежбање нема и нема ни да има. Ама секој одлучува за своето тело.
@СуперДевојка Се согласувам со тебе. Работата е што сакаме одма и веднаш резултати зашто со години чмеме и се дебелиме, (еве јас ќе се земам пример, да не се пронајде некој друг во постов,) Значи цела година уназад си јадев и уживав во нездрава храна, плус газот не го помрднував. Мислев сум заслужила такво опуштање, зашто имав гестациски дијабет, и буквално гладував со месеци,за да не му наштетам на бебчето. Тотално погрешно. Додека се свестив и почнав со диета , сакав магично преку ноќ да ги снема килограмите. Гладував за да дојдам до нормалната тежина ама сега продолжив со избалансирана храна, пешачење,вежбање и ја оддржувам килажата а сита сум. Не напаѓам никого дека прави нешто погрешно, сепак секој си знае за себе.
Ниту си се здебелила преку ноќ, ниту ќе ослабиш преку ноќ. Секоја диета е со јојо ефект, се враќаш на старо, се враќаат и кг. Јас во тинејџерските денови, живеев на пица и кока кола. Пиев по 3-4 литри дневно наместо вода. Имав 85 кг и на мојата висина од 165цм беа многу. Решението го најдов пред сѐ во психата моја, одлучив веќе нема така и тоа е. Вртам нов лист. Буквално преку ноќ баталив и пици, и хамбургери и кока коли и благо. Стварала кока колата зависност. Жими мајка стварала. Сами во умов си ствараме сѐ. Со здрава храна, вежбање во теретана и многуууу вода, дојдов до рекордни 59кг за мене. Со стомачни со сѐ. Имаше периоди кога ми доаѓало преку глава од готвење здраво и ќе се опуштам, но еве 10 години се држам со килажа. Варирам 5-6 кг плус минус што за мене е нормално. Искрено, последниве 3 години најмнигу забушавам зашто премногу ми е тешка физички работава и сум многу исцрпена за здрав живот, но не се предавам. Гардероба носам С-М, ме збира во исти алишта со години., ја задржувам формата, кога поиспакнати мускули кога не дотолку, ама јас си сум задоволна. Затоа сум голем противник на диети “ослаби 5кг за 3 дена”, не постои такво нешто зашто после тие 3 дена ќе вратиш 10кг и тоа не ти го решава проблемот. Да, тешко е нонстоп да готвиш здраво, тешко е да броиш калории, но впрочем што е лесно во животот?!
Tи си мојот нов мотив. Овој дел каде што пиша дека десет години ја држиш килажата под контрола, буквално ми дава надеж дека е можно човек да се задржи до здравите навики. Браво.
Д :2 мали парчиња хроно пита и чаша јогурт Р 1 парче стек и компири варени ,салата. В 2 танки црни лепчиња со намаз од авокадо и тоа касно вечерва.За мене само легнување рано.
Добро утро! Вчера ручекот го заменив со јајца варени и марула и испадна да е неубава марулата, горчеше па останав гладна и си апнав ѓеврек 1/4 буквално со малку ајвар. Денес на мени: - чиа пудинг - риба и салата - детокс смути - многу чај од нане ќе е, ми дојде мене ред за стомачен вирус после малава, на нозе не можам да стојам
Утро! Утринскиот извежбан, денес ќе се вежба грб и раце. Многу убаво ми дојде синоќа 3 различни тренинга извежбав, од едниот 10минути 1 повторување, вториот 8мин 2 повторувања и третиот 5 минути 3 повторувања, вака така ми се фатија 40мин вежбање. Уште некој ден до кардиото, уф едвај чекам. појадок-овес со јогурт и чиа, вишни, путер од лешници и малку мед ужинка-путер од кикирики со галета ручек-цезар вечера-палачинки од леќа со ајвар и фета
Добро утро дечки! Денес се мерев и како што претпоставував скоро 2 кг сум ги изгубила, Моментална тежина ми е 68.4 задоволително ама мислам дека ќе имав подобар резултат ако почнев порано со Клои. Како и да е си продолжувам со исто темпо. Денес: Кафе и цеден лимон Д: смути од овес,баланс,аронија,банана,мешани семиња и кикирики лупени како за декорација. Пак кафе оти некако се осеќам поспано. Р: Телешкото од вчера ми остана и салата мешана сезонска. Ужина веројатно некоја мандарина,урма,какао без шеќер. Вечера како и обично нема да има. Вчера ми беше актив рест деј па затоа си извежбав пилатес хиит.Сакам само недела да ми биди баш рест деј, евентуално растегнување. Тоа е тоа луѓе за денес. Ви посакувам убав викенд
Добро утро. Денес доручек проја (околу 320 калории ми испадна дека сум изела според пресметки) со малку ајвар и неколку маслинки. И сега сум најадена па може ужинка и да скокнам. Ручек: Ториља со печурки, праз и малку кашкавал. Уз тоа салата Вечер сум на роденден па торта ќе морам да каснам. Се надевам нема друго да се прејадам. Ќе видам нешо малку да повежбам во теков на денов или вечер ама ништо не е сигурно. По мои пресметки за едно 5 недели ќе сум на тежината што ја зацртав (имам уште 1,5 кила да симнам). По 300 грама неделно просек и таман ќе сум.
Добро утро, ве читам сите и благодарам на советите. Инаку не ми е све од храна јас се здебелив наеднаш. Ми открија и хормонални проблеми, ниту ми доаѓа редовно, задршка на вода, тироидна и бев потполно разочарана и не знаев каде да се обратам за помош. И случајно на фб ми излезе групата за ун диета па реков да пробам зошто да не. Инаку ми годи, супер се чувствувам. Еве денес се мерев конечно најмалата бројка на вага, 76.95 ајде има уште 2 месеци до лето и се надевам барем уште тие 6 ќе ги скинам. Вчера не бев во мојот град и малце јадењето ми дојде неорганизирано. Портокал сабајлето во 8 после ручек кун 4 малку свинско со кромид без леб без сакати. Вечера не ни имав касно си дојдов. Денес ќе јадам 2 портокали, па за ручек компири со нешто салта зелена и за вечера пола од ручекот.
Бар поради хормоналните проблеми треба да го смениш начинот на исхрана. А не со ун диета, да не си направиш поголем проблем со хормоните долгорочно.
Д овес со јогурт и овошје У парче торта(роденденска,морав),малку варена пченица ,чај.. Ручекот вака го поминав со ужините. В:пилешки дроб,малку сирење ,парче хроно пита.Овај пат пола мера направив и пак имам неколку дена.Ми заменува леб најчесто.
Тука прв пат пишувам. Значи, веган бев 6 години во текот на најбитните години за развојот на телото. Многу сум задоволна од резултатите, тогаш 10+ кила симнав во рок од 2 месеци. Е сеа, 2 години паузирам од веганство, оти искрено ми се смачи. Само што прекинав тогаш и оп ете 5 кила качив. Има ли некој друг брз начин на симнување? Комплетно сум задоволна од фигурата и не сакам да ја изгубам, али само тие 5 кг многу ми сметаат, а свесна сум дека не се многу, само во памет се оптеретувам Вежбам и јадам здраво секој ден ама едноставно не сум задоволна колку бавно губам тежина. Сакам нешто кое ќе го забрза процесот. Некој ептен строг план на исхрана? Не знам.. дајте идеи.