Не знам можеби членките ќе ме осудуваат но јас со ун диета денес 51 ден ослабев 10кг. И не е баш така строг мене ми е супер некако. Би ти ја препорачала ако ти одговара.
Не знаев кај да прашам па најдобро тука Нешто за моментално рамнење стомак можда апчиња за надуеност. Само ако сум на вода овошје и зеленчук немам надуен стомак а не јадам многу и не сум дебела а како трудна сум. 20 години имам, во Србија постои вакво нешто т.е. Флуенте, а кај нас?
Е денес вечерата се измеша се случи еден важен настан и мораше да има скара и частење така да компири денес немаше за вечера. Башка и јасно многу беше скарата ама беше важно. Скара салата и вино милина битно го најдов чарето и за месец и нешто минус 10кг па од една скара ајде нека е
Еспумисан, али не е дека можеш да пиеш епумисан како ќе ти текне. Испитајте желудник, бактерија види да не имаш чим се дуеш. Мајка ми имаше 45 кила а стомак ко топка после јадење, и најдоа хеликобактер пилори. Утро! Станата од 6 ама уште немам извежбано ништо, куцко ме разбуди во 6 да го дружам, замислете. Го изнесов кратко надвор, сега дремам на гарнитура. Ќе станам наскоро да си го извежбам утринскиот тренинг, а после ќе се чисти низ дома па редовен тренинг. Вчера немав време и енергија за тренинг и си легнав, денес ќе извежбам грб и раце и некој кардио тренинг плус. Појадок-шејк најверојатно, немам идеа Ручек-пилешко со зеленчук и компир динстани во тенџере ме печени Вечера-е денес ќе бидат палачинките, вчера беше остатокот од ручек од претходниот ден
Добро утро за денес на мени: - омлет со сирење и салата - интегрални тестенини со сос од зеленчук и доматно пире ќе биде, ми здосадија со печурки - детокс смути - за ужинки ќе видиме - вечер ќе се напијам и чаша бело вино, нека ми е простено од сега Здравоо, Ангелче ти ја препорача Ун, ако сакаш пробај ама немој да очекуваш резултати како нејзините бидејќи ти си само 5кг во плус, тие се дефинитивно најтешки за слабеење, последните 5 Не сакам да те демотивирам, туку само да имаш во предвид, да не се разочаруваш А и, ако ти се свиѓа фигурата, плус велиш се храниш здраво и вежбаш, не ја перцепирај толку вагата. Штом се свиѓаш како изгледаш во огледало, по чии стандарди си 5+? Јас сум конкретно 1.68 висока и моментално 82, ама сакам до 70 да стигнам, јас тогаш највеќе си се сакам, а имам другарка 1.75 висока, вели дека 68 и се многу. Секој е со своето, килажата и не е толку важнa, aко се храниш здраво и ти се свиѓа тоа што го гледаш во огледало. Ама ако бидеш позадоволна кога би ги симнала, пробај со Ун. Ако во случај не успееш, јас би ти препорачала нутрционист. Среќноо Прво испитај здравствени проблеми, желудник итн. Ако е се супер, види што те дува од исхрана, не може да е се освен овошје и зеленчук. Мене конкретно бело брашно, едно нешто да каснам со бело брашно стомакот одма ко трудна. Вклучувај, исклучувај намирници за да видиш што ти одговара а што не. Друга работа, нормално е стомакот да е рамен отсабајле и после со оброци да се подува пример, па и најслабите кога ќе се најадат им се дува малце, мм е пример, преслаб е ама жив пресмешен кога ќе се најаде, му се надувува стомакот Друго, пробај со помали оброци и почести. Немој да јадеш обилни оброци. Природно, за исфрлање вода, чај од магдонос, зелен чај. Јас не би суплементи ако само тоа ти е проблемот
И јас би рекла и нетолеранции да провери. Мене од лактоза и глутен исто ми се дешава и од млада рукола.
Денес поместив доручек ручек и енергија имам 0 осеќам дека вечерва ќе се прејадам. Д 2 парчиња хроно пита и неколку маслинки Р ќофтиња во сос и малу црно лебче В незнам
Знам дека еднаш даде рецепт за хроно пита ама не можам да ја најдам, може ли пак рецептот? Имам доста спанаќ и да го искористам.
Ова е по рецепт на андрејко.Заборавила вода да пише во рецептата.Околу 200мл пи рецептите на нет беше. Сега ја правев пола мера.Инаку бааѓи излезе .И со спанаќ и урда овој пат.И пак 3 пати јадам. Убава е.Ми заменува леб.Оти тонусот после изедени неколку векни не го можам веќе.И овие овесниве мафини се исто убави Наместо пченкарно може ржано или интегрално.Овие утре ќе ги правам.
Тенкју! Утро! Денес нема да има утрински тренинг ама затоа ќе има одма после кафево јак тренинг. Од синче имам некој опак вирус закачено, грло ме искина па решив еве вака да го избркам. На сонце сега голтам кафе и лимонада па одма ќе вежбам, дур не ме свикале, 2 дена се нешто ме мотаат и не стигам да извежбам па сега ќе оди се на куп. Само да подсоберам малку сонце сега и почнувам. Сама дома со дете цела недела имам време за вежбање колку ми душа сака, ослободена од готвење за машкиве, лепота. Појадок-киноа палачинки со спанаќ ќе се јадат со урда и фета Ужинка-банана Ручек-ќе јадам од вчера од супата пошто стварно не ми се готви Вечера-ете ќе си направам хроно проја Од утре нова програма, едвај чекам!
Добро утро Денес не знам како ќе биде со храна, нема да сме дома, ама отприлика ќе пишам: - банана и јаболко ќе земам, треба да тргаме - салата и стек ќе гледам да биде - детокс смутито ќе биде вечер секако, ќе бидам дома веќе Поради стомачниот не завежбав, ама од утре не ми бега Клои @AngelOfArh , видов од утре ти е програмата, ама уште еден профил на инста може ќе ти врши раб кога ќе немаш програм, _aussiefitness , има рецепти со мерени состојки и калории, па и на другите може ќе ви се најде
Ај сега кажи ти како ги правиш киноа палачинките и општо како ја спремате киноата . Леле утрово ко бумбар се разбудив во лицево.
Недела ден за одмор и за не вежбање. Д: овошна салата и кафе Р: појма немам оти ќе бидиме кај свекрва ми веројтно некое месо со компири и салата. В: нема Вчера после цедењето со Клои фил боди и горен дел Д: кафе и цеден лимон, овошна салата и јајце варено Р: парче крап со салата и две фелчиња пекарски компир колку за проба,чаша бело вино. Десерт беше торта ама каснав пола парче оти беше со повд за пензионорањето на татко ми и нејќев да одбијам а впрочен јас ја донесов тортата . В: бевме на гости, каснав две мали кифлиња парче саламче и кашкавалче. И нормално белото тесто бидејќи го одјадов после ме изгоре желудникот и појќе нема да се повтори да каснам нешто со бело брашно оти очигледно и ми смета. Понеделнички се читаме утре
Еј на тепка ги правев. Пола шоља кино накиснав од синоќа во вода, сабајлево ја исцедив и измив и во блендер со 1 јајце, сол, пециво, шоља спанаќ и малку овесни за густина. Откако се соединија печев на тавче за палачинки ко обични палачинки и јадам сега баш, превкусно е.
Ај и јас да се пријавам. Вчера денот крш со јадење, а богами и со активност. Пак некој вирус имам вчера бев лом малакасана и затната. Денес нешто поарна. Шетавме со дете и вчера и денес и малку трчав на кошарка у маало. Ако смогнам сила ќе вежбам вечер, ако не здравје. Доручек леб интегрален со паштета. Ручек риба и златна мешавина. Вечера се надевам млеко.
Деновиве многу ми се јаде...Ми се темни и ми се тресат рацете...за јадење... И почнувам пак со недозволена храна Д овес со јогурт и овошје.+ 1 дом мекица со сиренце. Измеѓу малку соленки ,3 залаци торта. Р 2 тортиљи премачкани со намаз од авокадо и малку сувомеснато. Касно ручав ќе пробам да не вечерам. Ама не ветувам.
Утро! Утринскиот тренинг извежбан, денес ме чека Тотал боди и еден денс од кај Ана од новата програма, ама со храната ќе каскам денес, немам ништо пошто доцна некако ми беше за пазарење и останав сама дома без маж ама не е страшно. Денес ќе се јаде шодае, ама пак во граници на нормала нели, денес ќе се испазари па ќе си одам од утре и со исхрана. Нема фрка.