@Ansimansi, така е. Само се полне организмот со штетни материи и може да се закачи некој чир на желудацот. @Розичке, мислам дека лудо имаше ослабено многу со помош на протеинска диета. Пробај
Јас денес не сум јадена, а од 6 сум на нозе Сега ќе си печам прсти, или ќе најдам некое друго месо низ дома, месо ми се јаде не знам зошто. И месо ќе јадам денес цел ден. И од водата се слабее, една девојчица што ја знам две недели беше на вода. Заврши две недели во болница. Па после едвај се среди со нутриционист или што знам што. Е такој.
Е, види, полесно ќе ти биде ако зацрташ прво 2кг, на пример. Па потоа уште 2кг итн итн. Затоа што побрзо ќе ти мине времето, додека се освестиш, сигурно ќе имаш веќе 6кг ослабено. А вака ако чекаш 12кг наеднаш, тогаш ќе ти треба повеќе време а и ќе те фатат живците. Едит : Официјално се имам поправено некаде 2-3кг, го обвинувам стресот за тоа. Тоа е многу за една недела, ако продолжам со темпово месечно по 8кг ќе се поправам. Морам да се земам пак на себе, и ќе се земам. Само да си појадам од буречево па ќе се дружиме на темава.
Lady Rose, Нема невозможно драга Тоа го знаеш и сама Прво немој да се оптеретуваш со бројки Мојот совет ти е да ја фатиш UN диетата. Имам пријателка која мнооогу се здебели и токму со таа диета се врати назад да биде со килажа што одговара на нејзината. Јас сум моментално на таа диета и супер ми е. Поголем зависник од милка и брза храна од мене немаше мислам а сега мислам само каква салатичка да си направам. Ако ја истераш правилно оваа диета верувај си завршила работа за цел живот. Го менува начинот на исхрана Со среќа П.С. Диетата ја имаш на форумов
Гадес симна 3 кила. Доручкувам овошје, вчера и 2 кифли ете, ручам најнормално, за вечера најчесто ништо, поретко по нешто ситно како парче сирење, и леб не јадам. По 2 литра вода на ден, пешачам секој ден, мешето аш, нозете послаби станаа, уште малце и готово.
Дечки ај малку помош. На ова сајтов swole.me, си израчунав за 1000 калории што треба да внесам, арно ама тоа мерките не ги разбирам баш. 1 cups Whole Milk- 1 шоља ЦЕЛО млеко 4 oz Salmon- 4 оз појма неам што значи, и каде по ѓаволите да барам баш лосос 4 oz Whole Grain Pasta- пак незнам 4 оз што значи, а и јадењево не можам да сфатам што е И после секој оброк пишува дека можам да јадам плус сиров зеленчук. А, и во појадок ми пишува 2 јајца, а јас варени јајца јадам само на Велигден. Има ли некоја соодветна замена?!
whole не значи цело oz ти мерка за тежина, ние литри си користиме за течности и кг за цврсти супстанци а whole grain pasta ти се макарони, шпагети...секакви тестенини ама интегрални едит: гугл вика дека 1кг ти е 35oz а твоиве 4oz би му дошле 100 грама
250 мл млеко 113 гр лосос...го имаш во секој маркет, или рибарница, па дури го има и во конзерва како туната 113гр интегрална паста ова ти е во еден оброк и не се води строго по тоа....во 1 просечно јајце имаш околу 80 кал па овој број замени го со друго нешто....јас би ти советувала овошје....2јајца имаат приближно 160 кал....и со овие калории можеш слободно да изедеш 1 банана и 1 чаша млеко, или околу 800гр лубеница...
Мелани не е исто 2 јајца и една банана Во бананата има шеќери, во јајцето нема, јајцето пак има белковини итн...и е сосема ралична храна, различна група, а заклучивме дека комбинирањето е најбитно. Не е се во калориите Не велам дека светот ќе се сруши ако изеде една банана, да не претеруваме....ама си бараше она соодветна замена
@ n.a.t.t.y Whole milk ти е полномасно млеко, од 3.5 до 3.7% масленост, кое има од 150 до 160 калории За разлика од него имаш low-fat milk од 1% или 2% масленост, кое има од 80 до 100 и нешто калории. За oz во милилитри да си пресметаш еве ти страничка http://www.convertunits.com/from/oz/to/ml секогаш барај на гугл преку пребарувачот.. едноставно напиши: oz to ml. На таа страната инаку секој пат кога го внесуваш тоа 1000 калории три или пет оброци ти дава различни варијанти, па ако едната не ти се свиѓа пробај повторно. Лососот можеш да го замениш едноставно со туна. Варено јајце ако несакаш, јади сирење... оди погледни ја УН диетата на првата страница, што со што се заменува имаш добар опис таму и ќе ти е јасно. Освен што ќе се водиш по калории, така ќе внесеш баш тие состојки што ти ги предвидел за цел тој ден комплетното мени пресметувачот.
^ Фала ви на двете Мада не знам дали ќе успеам се по овој редослед да изедам... Сега ќе појадувам, банана и лубеница наместо јајца, а мајка ми веќе прави ручек шпагети Ќе одам сега ќе појадувам, после пола саат ќе одам да пешачам и дури накај 4 ќе ги јадам шпагетите...ладни Сега видов дека сте допишале уште нешто... Алиса, не го пишав целиот план што ми искочи, само тоа што не ми беше јасно, а во појадок ми пишуваше една банана и две јајца. Сега ме збунивте, не чини тоа?! Едит- рачунав пак за да ми излезе друго, и вика 0.5 оз бадеми и 1 чаша јогурт. 0.5=15 мл(иако бадемите се рачунаат во грамови нели, ама нема врска)... Па 15-20 грама бадеми глушец не можат да најдат!
Ти изеди си ја бананата една, ама јајцата не ги заменувај со дурга банана туку ете со сирење како што кажа жапче. Тој што ја правел диетата имал во предвид дека со банана ќе внесеш едни состојки, со јајца други. Ваљда он знае најдобро како да комбинира. И затоа како замена за јајца побарај нешто што е многу слично по состав Јогуртот најдадува. Бадемите изгледа се ставени така како допуна, не да те најадат
Си ја кснав бананата и не јадам ништо до ручек, во последно време многу помалку имам желба за јадење така да и ова ме прејаде. Да ми спласне бананава ќе одам да пешачам, барем едно пола саат... па после ќе ручам... Иако не знам КАКО ќе издржам да ги јадам шпагетите така суви, без сосот од мелено месо. Цела куќа ми мириса, ми иде да земам да се удавам во тенџерето
Ej, Нати, ако само тоа ти го дал за доручек.. тогаш мора да си внела за 5 оброци не за три. Така да рачунај си имаш меѓуоброк не ти е ова доручек чист, ко што сме навикнати да се натапкаш па терај до ручек. Значи имаш доручек, имаш ручек и вечера имаш и две ужинки измеѓу Место сосот од мелено сос од домати чисто со босилек и лук направи си.
Да,да, за 5 оброци рачунав, меѓуоброкот ми е млеко, ама јас млеко не пијам така чисто, строго со Несквик, така да тоа не иде, ќе го сменам со јогурт. Уствари не идам по планов, џабе ќе се замарам, веќе ми е цел ден изреметен, не можам да усогласам се. За ручек ми вика овес, тоа не јадам, а тестенините ми ги пишува како оброк после физичка активност, а јас сега ќе пешачам, така да ништо од планов Ќе седнам после, ќе си направам сама со помош на нетов планови за јадење, мене како ми одговараат зошто според ова тешко ќе оди. Смеам на шпагетите да им додадам само малку Томатело?! Уште ова и веќе не прашувам ништо, ја оптеретив темава
Ја имам пробано диетата, не ми одговара бидејќи мислам дека сабајле треба повеќе да се јаде отколку навечер, а во неа сабајле има само овошје, плус се јаде само три пати на ден што мислам дека го успорува метаболизмот. Сега го правам следново: од сабајле овесни снегулки со јогурт и ленено семе, чаша топла вода со мед и лимон и зелен чај. Три порции овошје на ден. За ручек нешто варено и лесно. За вечера салата и супа. Нема јадење после седум. Нема благо, тесто, деликатеси и слично. Ќе видиме дали ќе успеам.
нати...ако нешто не ти штима во диет планот...одвој малку време и состави си план сама...за почеток еднонеделен...чисто да не се замараш со тоа ,,па што да јадам денес, што утре,, Читкај, барај нешто што тебе ти одговара и води се по тоа. алиса, знам дека не е исто јајце и овошје, ама ете, мене ми остана навика од ун диетата, наутро да конзумирам овошје па така да, на сите им го советувам она што мене стварно ми помогна . Секој е различен да...ама свежа храна на никој неможе да му наштети, а посебно треба сега да го искористиме периодов кога има скоро се. И шекерите од овошјето не се штетни воопшто, и што повеке го конзумираме, повеке се намалува желбата за некое колаче плус. незнам...можеби гешам.....ама мене овошјето и зеленчукот ми се застапени секојдневно во големи количини еве веке 4 месеци, и јас сум преполовена...целулитот драстично се намали (дури дечко ми ме искара зашто сум фрлала пари на антицелулитни креми, кога немам ...што знае.. машко )
Јас да ви кажам откако почнав да го пијам Slim&Fit кафето на Grand навистина полмалку внесувам храна во желудникот. Прв пат во животов не можам да изедам цела мала пица. Мене голема ми беше малку, а сега мала ми е многу. Значи кафенцево навистина делува и згора на се вкусничко е, не е лошо!
Јас од денес како што си ветив, почнувам построго. До вчера значи си држев некој режим, ама од денес во мојата исхрана ќе има само овошје, зеленчук и протеини и белковини,значи месо и млечни производи. Значи до сега јадев овошје, сега се двоумам дали да продолжам со зеленчук, колку да се прочистам од вчера или да земам нешто месо или да си направам протеински шејк. Вака барем 2 недели, мислам дека од 3-5 кг ќе сметнам. Сега одам да пешачам. Девојки да ве прашам, може ли месото да го јадам за вечера? На пример стек на скара, ќе одиме на вечера, и скиснато ми е стално со шопска да се дружам, па дали има разлика ако сега или вечер јадам месо. Инаку јас си легнувам накај 4 саат, потоа и во диско ќе одам. Ако одеме по таа логика станав во 15 и 30, вечерата и ручек ќе ми излезе . Нема врска оваа, само ме интересира дали е грев да јадам вечер месо?