Се напив 2 чаши вино помешано со сок и мислам цела се раздув. Ау што ми требаше. А одамна приметувам дека ми прави проблем.Значи покрај белото брашно морам и алкохол на 0 да сведам. Ќе бидам среќна ако не сум во плус утре.
Тоа шо јас сум за стап и се пореметив со постот, не значи дека и вие треба така. Значи јас сум ви во стилот поп Слушајте ме шо зборам, не ме гледајте шо правам Утре е ден за мерење кг, но и рачунање БМИ, да Ванилке. Едит, поминало полноќ, значи денес е ден за мерење! И јас ќе се измерам. Нема да има ништо добро од тоа, ама орото ќе го терам. А и вие... Со пресеков ќе видиме кој до каде е, и шо треба да преземе. ОЗБИЛНО!!! САМО ЗА ОЗБИЛНИ!! @malerozna и она ко мене како да се губи... Но изгледа стапот треба да го земе @Cka со постот, пост нема пишано тука @mareane... Утешение грешним. Утре е нов ден, па ќе се оправиме. За сите вас шо си терате дисциплинирано БРАВО, е вие сте како шо треба ОЗБИЛНИ. ОК, женски значи мерење, пишење, па ќе спремам ранг листа... У меџувремену... фластер на уста и движење.... Да си зададеме некој челинџ на минимум чекори и максимум калории ?? Шо викате?? Или ај тоа после мерење, кога ќе анализираме. Ајде добра ноќ. Едит 2...Јао као некој организатор на евент, на групава.. Како сум изнапишала... Арно кажа Нарциска... Не ми се лутете, мора организација и ред
Малерозна е на долг годишен одмор, а на одмор се греши За мене ќе нема утешение ко ќе се вратам на темата, само стап Можам свечено да ти го предадам деновиве
Добро утро јас денес сум во друг град и нема да се мерам, а и вчера добив по 2 недели доцнење така да се чувствувам многу подуена. Денес 56/90 јх ден Д: банана (ако стигнам) Р: мислам едно ѓеврече и марула В: домашно посно здраво благо со овес јаткасти плодови мед... А успат со тоа може и една чаша млекце, ќе видиме.
еве ме, 29.4 БМИ, у среде пости. што да пишам бе друшке, јадам тестенини, срам ми е да пишам. Со мелена сол и кечап. По втор пат со болно дете и немам ни време ни живци да мислам на јадење. Ама барем благо не јадам. После постите одиме со месо и салати само.
Добро утро!!! Денес се мерев и само за стап сум , со постов дефинитивно нешто многу погрешив...се гладна и пак оп плус на мерење БМИ 28,2 Денес Д лепче со хумус ама 1 кришка У јаболка Р туна салата В ништо И ќе мерам пак вода колку пијам...
Добро утроо во минус сум само 600гр од претходна недела, 81.4кг, нешто слабо ми оди, а BMI ми е 28.8 ама моментално сум во циклус и меркиве не ги земам за многу релевантни, зошто знае и 2кг во плус да сум кога имам циклус продолжуваме напред, небитно Денес на мени: - палента и јогурт - цезар салата - детокс смути @JoyJoy знам дека е добро, а немам вежбано солидни 3 години, тоа е откако останав бремена, па бебе, ново се, па имав конизација, многу работи се изнадешаваа. Ама сега е веќе ок, и малата не е веќе мала па имам време и за вежбање конечно. Претходно супер се држев со метформин 3х500, ама во бременост ми ги прекинаа и качив 31кг, бидејќи не смеев ни да се движам тогаш, и еве уште се борам со тие килограми уствари, од бременоста што ги качив, ама уште 11 килограми не се ништо, после одржавање пак ќе си терам со вежбање и здрава исхрана во главно Првиот пат кога ми препишаа метформин 3х500, и јас ослабев од ништо, само од нив, од 95кг на 68кг за 3 месеци, ама друго се 17год
Утро! Пијам лимон и ѓумбир со топла вода и кафе, доручек дури за саат време, рано ми е. Чудо, дома можам и во 12 да доручкувам, на работа во 9ипол стомакот ми вие. Исто време станувам. После ова иде утрински тренинг, денес од вежбање сум фри ама ќе пешачам со дете и куче малку пред попладневна дремка на дете. Појадок-ванила шејк Ручек-пилешка супа Вечера-сендвич со пилешко Ужина нема денес зошто нема тренинг, немам како да потрошам баш 200кал, со пешачење ништо не праам.
Држте се жени. Битно не се дебелееме)) Периодов не вежбав, пешачев само. И тоа чат-пат. Колената почнаа да ми отекуваат и толку од мојата Клои Тинг фивер. Калориски не претерував ама, не бев па и во дефицит за да слабеам. Стресен и напорен период ми беше па и желбата да го терам режимот ми падна. На два пати у хотел бев по пар денови и ме отруја со јх. Во иднина ќе штиклирам забелешки за храна. Пишувам за да се мотивирам и полека да се вратам на моето low carb и intermittent fasting, па и да почнам па да вежбам, да се мерам... килажа иста со последно мерење дур бев на режимот. Да се потапкам по рамо. Денес на течности ќе сум - вода, кафе, чај, лимон... ептем сум без енергија. Ко умрена сум. Исцедена.
Добро утро, Денес не се мерев. Немав кога и како. Имам гости дома, маж не е дома, детево трчавме за школо и ја трчав на работа. Мерење заборавив. По облека нит сум здебелна нит сум ослабена. Ќе се мерам наредна недела, тоа е. Доручек: Варен јачмен со брусница, кокос и малку млеко Ужина: Нес кафе и мандарина Ручек: тоа што требаше вчера. Вчера јадев прасечко месо ни донесоа. Вечера: се надевам млеко Вчера баш убаво извежбав, денес полна со енергија сум. @AngelOfArh на работа повеќе трошиш енергија. Мозокот ти е вклучен турбо. Затоа. Само од мнгоу мислење за жал не се троши соодветната енергија за слабеење. М
Се мерев, 65 на рамно. Здебелена сум, јадев на велико минатата недела. Амаа, од понеделникот почнав одново, плус и во теретана, плус и пешачење и се надевам наредна среда ќе се израдувам со едно кило минус. Доручек- топла вода со лимон и ѓумбир, турско кафе, пола ред чоколадо, банана и неколку лажици овошен јогурт. Ручек- манџа зелка со свинско плус салата од зелка, цвекло и морков Вечера- парче црн леб, намаз, пилешка салама и чаша јогурт. То би било то.
Утро Јас одамна ве напуштив, ја постигнав целта, вкупно - 7кг, БМИ 22,4. Немам веќе режим, дупло ги намалев порциите, најкасно до 6 јадам, пешачам секојдневно и вежбам на справа(со прескокање ) Ви посакувам на сите лесно слабеење и мотивација на ниво
И јас забораив да се мерам, ама спласнав од пмсот, ќе се мерам следна недела, нема да е релевантно денес. Новиот програм ми дава повеќе можности и немам сега кризи што да јадам. Види ако внесуваш помалку калории и само од базален метаболизам се слабее, тоа е всушност дефицит на калории нели. Базалниот метаболизам троши 1500 калории дневно, отприлика, затоа доколку ти внесуваш 1200 всушност ќе слабееш, е додај на тоа и најмала физичка активност што ни ти однела 300кал, за 10 дена си минус 1 кило, ова го слушав на едно интервју на тв, не ми е претпоставка.
83.5 кила, БМИ 29.5. Ова ми е претпоследно мерење пред одмор, значи следниве 2-3 недели добро ќе биде и ако одржавам тежина, не мора да слабеам. @Espadrila , пиши таму и подвлечи со црвено, следен месец на ако пријавам повисоко БМИ, стапот за мене.
Ја се мерев сабајле -300 грама од викендот. А споредено со прошла среда изгледа некои -700 грама ќе му дојде. Не пазев многу деновиве, излегував и јадев покалорична храна така да и за ова сум задоволна. Гледам да одам што повеќе пешки и да сум во движење.
Ах и јас имам точно уште -7 за симнување до мојата "идеална" тежина се надевм и јас вака за брзо ќе се пофалам затоа еден подебел салотејп на уста ми фали