Еве сум еве сум... Од минатата недела а всушност од предминатата на исто сум .+,- 300 ,400 гр.одам. Кај бми има мал пад од некни. Сега сум 23,94.(заокружувам на поголемата бројка) Тешко дека ќе слезам подолу освен ако не почнам повеќе физ.активност. И ќе се се вклучам во колективниот фластер.Иако цел живот сум со фластер јас.
Не ти прави алкохолот проблем, шеќерот ти прави. Алкохолот има сам по себе шеќер а ти го дозаблажи. Пиј чист алкохол, не мешан со сок, особено не со газиран, најлошо комбо.
Ова со калорискиот дефицит не треба да го слушнеш де општо знаење е. Затоа само со вежбање тешко се слабее на пример ако не се пази на храна (односно вежбаш и јадеш повеќе). И билдери качуваат маса зашто јадат повеќе од што трошат само што јадат протеини и вежбаат па качуваат мускули не сало. Само со диета без вежбање се слабее заради калорискиот дефицит. Без вежбање освен сало се топат и мускули. Со вежбање се билдаат мускули се топи само сало. Мускулот троши повеќе енергија од салото за да функционира (дури и во мирување) и така вежбање помага во одржување ефекти од слабеење односно диета. Кога се вежба се претвора сало или гликоген во гликоза за да се храни мускулот. И затоа и вежбање подобрува инсулинска резистенција (подобрува сензитивност на клетките на гликозата што кружи во крв). Од друга страна мозокот се храни само со гликоза и ако повеќе мислиш не на процес што ќе претвори гликоген во гликоза за да се храни мозокот и затоа си гладен или исцрпен при мисловна работа. И затоа ти треба повеќе храна кога работиш отколку кога одмараш. Односно порано ти се јаде на работа отколку дома (кога мозокот не е толку активен). @mareane во алкохолот особено тој еднаш ферменти раниот како виното сеуште има шеќер и прилично калории. Плус алкохолот влијае на зголемување на апетит па јадеш повеќе кога пиеш.
Ама звучиш. Се шо е минус, па макар и 100гр биле е мотивација. Прво, оти не си се здебелил а второ си намалил колку толку.
Моментално можеби е мотивација, ама ако се радувате на 200 грама значи дека утре 200 грама плус ќе ви бидат демотивирачки а искрено тежина варира во зависност кога се мериш, кој период од месецот е... Заокружете си на 1 кг или бар на пола кг да не звучи ко -ние сме 2 години и 27 месеци
Д: јаткасто овошје(лешник ,бадем индиски орев) Р варен ѓеврек и чаша јогурт В марула со тука и пченка Плус 2 кафиња,1 капучино
Грам по грам се собира. Ја слабеам по кило до кило и пол месечно дури и со рестриктивна диета од нутриционист. Цел живот е така. Ама откако почнавме со броењево сум три кила минус што не е малку.
Добро утро. БМИ у ку*ац. Пардон мај френч. Бар уште шест - седум кг треба да ослабам до лето за да бидам скроз фит, ама се нервирам зошто имам филинг дека нема да ја стигнам целта. Доручек: Чиа семе со лимон + јаткасти плодови Ручек: Варени домати со пиперки и јајце со тартар од лук, кисели краставички и сенф Вечера: Солзи. Се шалам. Вежби - 210/280 минути движење од кои 50 минути регуларен утрински мешан тренинг, комбо тежински вежби + кардио Поздрав, имајте убав ден.
Добро утро ќе го пишам мениво ама колку ќе го испочитувам, не знам стварно, имаме за славење, бебе ново во семејство - сникерс овесна каша - пилешко, салата, супа - детокс смути Ќе дадам утре отчет што се сум изела и сум пиела
Тоа де, ние теоретски се знаеме, ама во пракса... Сто пато сум кажала ама не сите сфаќаат, со гладување не се слабее и крај, ниту со јадење овошје за доручек. Доручекот треба да е избалансиран, здрав, побогат со протеини и јх за да те најаде, да те држи, ручекот и вечерата да се масти и протеини за да те “држи“ да не ти се стресе организмот па да набуташ што иде пред тебе за да се најадеш оти осеќаш страшен глад, а тоа е уствари пад на шеќерот зошто тој осцилира поради нередовно јадење, големи осцилации прави. И да кога ќе осетиме таков глад, не треба да јадеме благичко туку да се стрпиме и да внесеме некој протеин, да се изрегулира шеќерот фактички. Утро сега ! Утрински тренинг извежбан во 6, денес ќе денсаме мислам латино, ама ус тоа и ноџиња ќе се вежбаат. Многу е заразен денс предизвиков, буквално ми идеше вчера да земам да го извежбам денешниов тренинг. Во иднина и во среда ќе денсам, ама тренингот од недела, лесни 6ипол минути, ќе ги поминам 3 пати, место да одмарам. појадок-лепче интегрално, урда и патлиџан и краставица ужина-јагоди ручек-ориз со печурки, јајце и зелка салата вечера-пилешка салата со просо и зеленчук
Конечна ранг листа, со до сега реферираните , заклучно 06.04.2022 @Estranged 29.5 @Cka 29.4 @Vanilla15 28.8 @Espadrila 28.2 @andrejko82 28.2 @Ariel 24.9 @mareane 23.94 @Kasiopaja221 22.4
Бирајте салата за награда од мене. И кисела вода со лимон частам. Денес на мени: Доручек: Овес, чиа, путер од лешник, млеко и брусница киснати од вечер За ужинка манадрина/и. Ручек: Пилешко печено со компир, сладок компир и тиквица Вечера: Се надевам млеко Вечер ќе се вежба малку.
Јас од понеделникот до сега 2 кила разлика, ама тоа беше подуваност, вода и циклус, така да од 73 доле не мрднав. Не се занесувам многу, тоа е, јас од 98 стигнав до 73 за 1 година, ќе паднам и на 6ка напред сигурна сум. Најсреќна сум што новиот сет за вежбање ми стои бомбона и што од ХЛ влегов во М, што имам струк и не ми висат свадбарки, што стомакот не ми стои веќе на колена, што можам да облечам се што сакам без да се кријам.
Здраво женски ве читам! Браво на сите. Не сум многу активна колоквиумска факултет бла бла. Инаку денес си дојдов дома и пресреќна сум. Пред пола сат се мерев и најмалку до сега 76.75 и плус со циклус. Значи некаде 76 и нешто ќе бев да се вагав сабајле. Денес 58/90 овошен 2 портокали и кафе Ужина банана и негде околу 70 гр јаткасти плодови И во моментов марула салата вечерам, немав кога порано автобусот ми беше касно. Ми годи веќе сите од на факултет ми зборуваат дека сум ослабена се надевам дека до пред почеток на лето ќе стигнам 70. Утре имам 57/90 воден, се надевам ќе го издржам како претходниот, но ако во случај не можам ќе јадам марула