Д : капучино и 2 овесни палачинки со урда филувани У: кафе и шака јаткасти Р: - В: бакрдан, свинско динстано и јогурт
Утро! Утрински тренинг извежбан, денес раце/грб/гради со латино танци, ќе ми се фати отприлика 45мин пак вежбање. Од следна недела ќе се потрудам и да ги накачам повторувањата на утринскиот, веќе 40 ги правам со леснотија. Денес имам и некои 6-7 км пешачење да поминам, на 2 пати ама се важи. појадок-овошен јогурт со грчки, малини и боровинки, овес и чиа ужинка-банана ручек-салата со киноа, зеленчук и туна вечера-витаминска салата
Добро утро, Од сабајле ништо немам јадено имам преглед па тек после 10:30 ќе јадам. Си зедов печена киноа (имав упте замрзната) па тоа ќе јадам уз малку урда. Ручек: Риба, пире и салата Вечера: Се надевам млеко Синоќа вежбав тренинг од MadFit и баш убаво ми легна. Мислам дека во последно време тоa и BodyCoachTV некако најубаво ми легнуваат. Денес со точак на работа дојдов па и тоа ќе си го бројам. Едно 10 километри во двата правци ми е возење.
Пак јас ама ми помина времето за уредување. Ужинката се спои со доручекот и место ништо јадев парче сирењем три интегрални колачиња и една тортица од 7Days. На мерење притисок имав притисок 50 со 90 и препорака ми беше да се најадам нешто благо и нешто солено. Сама докторката ми купи се. А не дека имам некои симптоми освен што ми се спие денес. Ама мислев од умор ми е, не од низок притисок. Така што денов за викенд ден ќе го бројам.
Еве сум за денес, вчера ич да не се каже - чиа пудинг - риба и салата - детокс смути Вежбање денес, чистење двор и канцеларија и садење цвеќе
Пред ун после 45 дена, -7 кг уште 45 и се надевам на уште -4 или 5. Правам некои денови грешки и отстапки, не бидете како мене
Леле ова "дечки" како мотивационо ни делува нас повозрасните,посебно од вака паметни девојчиња Не ми се лутете мене Дрим ми е како ќерка на форумов Д 2 варени јајца и парче сирење Р свинско со 1 кривче црн леб и салата. В овесни палачинки со урда. Јас искрено никогаш вака упорна не сум била на здрав начин олку долго да терам.Денес ми рекоа да не сум слабеела веќе доволно ми било.
Да се редактирам .Ако си кажам полесно ќе ми е. Маж донесе еклери и кока кола.Безобразен знае дека тоа е мојата слабост.И плус као частел нешто. Е тоа е додадете +1 еклерче и чаша кока кола. Ама ене ги овесните мафини се печат за викендов..
Добро утроо вчера јадев плус галети две со мед и путер од кикирики, и две урми Денес на мени: - омлет и салата - интегрални тестенини, ќе видам до каков сос - детокс смути Бравооо, ептен се приметува разликата
Добро утро женски ептен сум денес расположена, мотивирана. Вчера имав втор воден ден од УН. Почнав со 87.10 а денес утрово сум 75.95 многу сум среќна Се надевам до средина на јуни уште тие минус 5 6 докај 70 71 нека е. Од кога ќе ми завршат тие 90 дена планирам уште 10тина да си одржам дека правев грешки во диетава не викам не. Потоа ќе одам на одржување. Денес 59/90 протеински Д: 2 портокали Р: некое месо со брокула печурки и марула обавезно и ете пола тонус нека е, бидејќи ете мора В: пола од ручекот Четвртокот испешачив 16,5 км петокот 6 а вчера игравме фудбал и за време на паузата чучневи правев
Денес турско кафе, посна пита со праз За ручек предвидено компир салата со сушен пипер За вечера салата Морам да почнам од ново да пишувам. Со постот некогаш таква безидејност имам за јеловникот... Тоа е ужас. Вчера на пример појадок ѓеврек со маслинка и ручек бел леб и ајвар. Ама многу. Тешко ми беше. Од ова прејадување доброто беше шо се извадов надвор и изодев 10.000 чекори. Уште малку остана. Не ми е тежок постот да го издржам, само ете така некогаш ми е криво од немање време и ограниченост шо ќе се набутам "здрава храна".
И јас денов го почнав со поздрава исхрана, па ајде да го напишам денешново мени. За доручек овес со банана и млеко јадев. За ручек планирам риба и пире, црн леб и можеби и зелена салата. Јас не вечерам со години, така да имам една ужина измеѓу доручек и ручек што е покалорична и замена ми е тоа за вечера. Најверојатно кафе и планирам овошна салата со јаткасти плодови. За брзо сега ова ќе каснам зошто овесот мене долго не ме држи, во 9 и нешто појадував еве веќе ми се пријадува.
Деновиве преку ден супер ,крш навечер. Мојот стар проблем. Д овесни снегулки со јогурт овошје и лајче мед. Р 1 јајце пржено со урда,1 парче колбас 1 кришка интегрален леб В: 1 домашна кифла ,мала чаша кока кола
Добро утро времево убива, волја за ништо да немаш уште од станување денес на мени: - детокс палачинки - тортилја и пилешко (или јајца, не го можам ич пилешково, премногу ми е за 3-4 пати неделно) и салата - детокс смути вчера си апнав ред црно чоколадо и две урми
Ќе звучам можда демотивирачки ама ова го размислував сега и морам да се истушам некаде. Јас сум човек шо лесно качува килограми. Ако ми требаат 3 недели строго придржување за да изгубам едвај 2 кила, доволни се два дена да јадам онака како што си сакам и како шо уживам да јадам, за да ги вратам назад. Јас сум огроомен гурман, обожавам нездрава храна и цел живот ќе ми е криво шо немам брз метаболизам. Е сега, почнав на фитнес, вежбам, јадам некој безвезен црн леб а плачам за селски бел, мачкам некој намаз а лиги ми течат по мајонез и свински врат и сфаќам дека цел живот треба да јадам здраво за да сум задоволна од килажата. А не ми се вкусни здравите јадења, љубител на храна како мене не ужива во здрава храна. И не можам против то. Можи треба да поработам на то да се прифатам таква каква шо сум. Подобро отколку да се форсирам на нешто на сила и да се вртам во круг. Уште од сега мислам на сите јадења за Велигден, болен чоек. Ќе терам колку можам здраво, еве и вежбам 5 пати во неделата, се надевам дека ќе се појават барем минимални резултати за да ме држат мотивирана. Инаку свршив работа.