Мислам дека имаш малку поголеми очекувања и затоа мислиш дека нешто е проблем со твојот организам. За здраво слабеење, за да биде долготрајно и организмот да има време да се навикне на новата ситуација, и 1,5-2 кг месечно е доволно. Ти овие 2 кг за 3 недели што ги пишуваш како малку и недоволно ти се уствари топ. Ама за да не ги вратиш брзо, мора да поминеш повеќе време од три недели на тој режим.
Знам дека тие две кила се топ и дека е знак на здраво слабеење. Јас и да сакам не можам повеќе од тоа да слабеам пошто имам некои 6 7 кила вишок. Јас сум револтирана оти тие резултатот од тие три недели пропаѓа во вода за два дена шо сум се опуштила и јадела малце поќе.
Баш дојдов да ставам линк за мотивација од инстаграм мајка и... гледам супер мотивација тука. Браво https://www.instagram.com/reel/CbGgEluOiJ0/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Лошо лошо ама ќе пишам.... Д 1 овесна палачинка и 1 кришка интегрален леб намачкани со хумус и урда У варена пченка Р салата ракија и тавче гравче В 1 кифла ,1 колаче,пак пченка...
Не знам колку имаш ти вишок и колку реално ти треба да симнеш, како изгледа твоето мени, ама едно ќе ти кажам, јас јадев и веќе мислев на следниот оброк што ќе јадам и колку ќе изедам да сум повеќе најадена. Е до толку бев јас. Гурман, гурман ипол, од секое јадење фешта правев, ретко купувавме дома мајонези и сувомеснато, ама кога имаше јас јадев многу и тоа на мене богами и се гледаше. Иста мака имав и јас пред точно 1 година. Здравите јадења се итекако вкусни, ако јадеш тоа што треба, не да гладуваш. Деновиве на инста се вртат многу примери како не треба да изгледа една диета, епа рачунај дека тоа е жива вистина, ни малку не е претерано, баш е така како што е прикажано. Утро! Утрински тренинг извежбан, после работа ќе се игра и ќе се вежба тотал боди, од денес малку појак тренинг, да го искористам овој месец максимално, да заокружам 1 година нов живот со 6ка на вагата напред по можност или барем со рамна 70ка. По тој повод и утринскиот доби нов изглед, чучњеви 50, склекови 45, стомачни 60, пленк 2мин (никако не можам да издржам повеќе од 2мин). појадок-проја од вчера остана половинче со овес, урда и спанаќ ужина-банана ручек-болоњезе од телешко и интегрални шпагети вечера-зелка салата и урда
Добар ден. Викендов немаше многу пазење околу исхрана ама имаше многу активност од аспект чистење (затоа и не можев баш да внимавам на исхрана). Според замор потрошив тоа што јадев, ама ќе видиме во Среда што и како се случило. @AngelOfArh и мене ми е ОК со таков притисок ама на систематски ептен паника кренаа мнгоу низок бил па ме најадоа. @christinnn сосема е нормално толку килограми да губиш на месечно ниво. Јас за два месеци од кога се мериме сум 3 кила во минус. И среќна сум за тоа, зашто цел живот се борам да одржам „нормална“ килажа. Се надевам дека ќе успеам да одржам килажа откако ќе ги симнам килограмите што ги зацртав. Мислам дека е и ок да си дозволиш „частење“ од време на време. На крајот од денот и малку мајонез нема да направи голема штета ако е од време на време, не е многу количински и слично. Битното е количината што се јаде исто колку што е битно и што се јаде. Е во однос на тоа што ти е вкусно или не ќе мора да експериментираш. Најди црн леб што ти е вкусен, не мора да го јадеш баш тој безвезниот. Ќе најдеш некој кој ти одговара. На крајот од денот ќе најдеш рецепт за мафини или пита што ти одговара па тоа ќе јадеш место леб за доручек. Или некоја каша со житарки може ќе ти се допадне или палачинки од леќа,просо, спелта, хељда и слично. Ќе најдеш намаз што ти одговара и така ќе тераш. Е сега зависи и од тежина. Некогаш имаме и нереални очекувања од себе си и од телото. И тоа е проблем (а е заради социјален притисок повеќе отколку што е заради здравје). Денес доручек овес со млеко, чиа, путер од лешник и суво грозје. Пред тоа смути и чај од цимет. Ужинка нес кафе и мандарини Ручек има супа од тиква и уште нешто ќе биде ама не ми е смислено Вечера чаша млеко
За сите што се моментално на диета. Евр ако е мојот резултат некому мотивација. Секој, ама секој може да одлабе. Ова е резултат за нецели 4 месеци. -23 кг.
Еве сум и денес, - овесна каша - јајца со урда и салата плус - детокс смути Браво, и јас сакам вака што вежбаш?
супер храна е тоа. Вежбав крос фит. и мноооогу трчав инпосле тренинг протеин пијам за да се обнови мускулот од тренингот.
-Две црни кривчиња лебче со јајце потпечени на грил тава и јогурт -Кафиња 2 ,едно тутки ,5-6 бадеми.. -Подварок со две овесни мафини.. Му се вратив на лебот пак
Ѓеврек Киви х2 Мандарина Кафе х2 Макарони со ќечап Тостирана тортиља со растителен кашкавал и краставица... Шта речи Ц ц ц Од Божиќ до Велигден на диета...а ефект... Слабо
Извини, ама ќе ти посолам памет. Како очекуваш да има резултати кога во еден ден си кркнала ѓеврек, макарони со кечап и тортиља?
Дека пости.. Дефинитивно постов не е за диета... Тука сум, се држам некако.. За денес Д овес со банана У јаболка и лешници Р ориз В супа ќе правам
Ех, тоа е само оправдување. Не се слабее од месото, јајцата и млечните. Каде е зеленчукот? Каде се мешунките? Каде се житариците?
Во се си во право. Така е. Секако вчерашниот ден не е слика за комплетно шо и како јадам, но ете јас вчера пишав и нормално тоа го прикажав- тоа што јадев, а вие тоа видовте. Вчера крш ми беше. Затоа и си го запишав менито- за да си го потенцирам, дека грешам. Сите забелешки ги примам Еве завчера посна сарма со печурки, со многу салата од марула, краставица, млад кромид, млад лук, ротквица. За денес е предвидено леќа на мени за ручек исто со многу салата. Појадок денес овошје, а за утре овошје со овесни, чиа, путер од кикиритки и остали семиња... Така си практикував и во време на пост, и пред тоа- со појадокот Ама некогаш ми се збоктисува пример секој ден исто, некој ден немам идеја, а некој ден немам време за убаво обмислен оброк. И така... Одиме понатаму...мора поОЗБИЛНО
Утро! Мислам дека тоа што сака @MissChievous е истото што и јас го зборам, гладувате цел ден и лупате само ЈХ. Ако постите не значи дека треба само на ЈХ да бидете, има протеини и во зеленчукот, јатките, мешунките. Чиа семе со билно млеко, овес со вода он сам пушта “млеко“, лепче полнозрнесто со некој намаз и зеленчук, хумус, авокадо, песто, намаз од маслинки, ајварче, пинџурче, путер од јатки... За ручек ставете печурки, наут, грав, леќа, грашок, голема салата, е само за здрави масти ќе бидете ограничени па земете малку јатки, да надополните. Вечера голема лесна салата со маслинки, семки и чиста работа. Не се слабее со сложени јх и без балансирани нутритиенти. Мислам се слабее, ама краткорочно и со јојо ефект, на долги стази само баланс пали. Јадам и јас, особено кога ќе си дојдам од работа така ме фаќа криза, еве вчера лапнав некоја бомбона од детево, не можев да се воздржам, ама после тие бомбони излегоа со саатипол тренинг. Утрински тренинг завршен, 50ки и 2мин пленк, успеав и склекови 50 да направам, овој утринскиот ми е од многу голема важност, многу ми дава енергија и сила. Денес ќе се вежба стомак и кардио денс х 3. Лепота! Ич нејќам стомак, ама тоа е, мора да се стопи оваа врекичка што остана, бар салцето испод, кожата ќе ја мислиме отпосле. појадок-хулк сендвич, со авокадо, јајце и спанаќ ручек-стекче со моцарела и зелка салата вечера-палачинки од урда и овес, ама слатки, не солени, со мед
Така си е во право си ама ете мора и такви денови да знаеш дека си погрешил и продолжуваш понатаму...
Секогаш продолжувајте, без разлика каков бил претходниот оброк. Ако тук-таму имаш такви денови со неизбалансирани оброци, ич да не им се секирате, нема ништо да ви сменат. Исто и обратно, ако од 7 дена во неделата, 6 дена јадеш сè и сешто, еден ден со избалансирани оброци ништо нема да ти смени. Битно е поголемиот дел од оброците какви ти се, ете нека е 80-20 како што повеќето се водат. Тоа ќе му дојде отприлика вака некако: ако имаш 3 главни оброци во денот, значи имаш 21 во неделата; значи 16 треба да ти се квалитетно избалансирани (80%), за цели 5 оброци имаш луфта да "забушаваш".
Да си жива и здрава, од збор до збор! И би додала само, секој оброк кој содржи многу јх, стопете го некако, пешачење, вежбање, играње, трчање, штодае.