Добро утро. Денес доручек: палачинки од леќа со малку домашна печеница, ајвар и едно парченце кашкавал Ужина: Појма немам ама некое овошје ќе биде или шака ореви Ручек: Сарма од зелка или месо и златна мешавина Вечера: Млеко Барем ваков е планот. Вчера си го исполнив планот за јадење плус вежбав. Вечерва не знам дали ќе има вежбање ептен сум уморна детево кашлаше ноќеска и имам куп алишта за пеглање.
Добар ден дечки, денес се измерив не издржав ииии конечно долго очекуваните 66.6кг, значи сум ослабела 2 кг од последното мерење, а цел до велигден ми беше 65кг ама има можност и за 64кг,според ова како оди работата. Мислам дека клучно е вежбањето, покрај распоредот на Клое секој ден вежбам и хиит кардио 20 мин и буквално се цедам,ми се собира околу 45 мин вежбање. Наредна недела сум со план да постам без масло. После 65кг одиме на следна цел 60кг. Денес Д: овес со јогурт,микс семиња и јатки и малку суво грозје. Р: посни сарми од лозов лист и мешана салата,или салата со парче месо. В: нема Наредно се мерам на Велигден Ајде ве поздравувам сите и убав ден
Леле аман, кажа жената дека не јади секојден само јх, демек топла вода измисливте јх не требало сите оброци да ти се па ај еден куп постови и обвинувања, срам да го фати човек што напишал. Демек од вчера е она не знае што треба што не треба.
Добар ден, тука сум и јас. Почнав со постење па вчера вака ми изгледаше менито. Имав јх ден Д: сок од портокал Р: Едно интегрално ѓеврече со домат и брокула В: 2 мали алвички Денес овошен ден, досега многу вода и 2 портокали, ќе јадам сега банана и јаткасти а вечер може марула со киселина и сол само. И многу пешачам секако сум сега на факултет во друг град мора да се оди пешки, а имам и вишок време и само надвор сум
Па не пишуваме ваљда во тема за ентериер за јх и слабеење, што знам. Општо прифатено правило е дека во пост кај нас се јаде стандард леб многу, муабетот му беше дека и без леб во пост може да си најаден и да не се поправиш во пост. Јас е дека не јаде жената јх секој ден, не реков дека јаде, ама ете во тема за диети и слабеење сме па за тоа збориме.
Скоро насилни ти се постовите и очигледно дека едвај си чекала некоја да напише дека јх јадела за време на пост да се истуриш. Може па секојден на леќа, грав, семки и салати ќе е. Нормално дека ќе јаде леб. Недела дена со јх не и прават проблем за да толку агресивно се поставиш.
А, зошто јаглехидрати скроз да се исфрлат? По мене тоа не е здраво, потребни се за организмот. Треба од се по нешто да е застапено во исхраната. Не мора толку да се гледа строго на јаглехидратите, не е никаква грешка ни ако се внесуваат. Ептен сум против тие диети што ги забрануваат целосно.
секако дека се потребни, само секогаш количината зависи од што ти е поентата. ако женска особа не сака да качи на килажа, не смее да е повеќе од грам и пол на кг. нормално и ова зависи од мн фактори. години, хормони, метаболизам, дијагнози, дали вежба, активности низ денот, колку спие...
Не само што јх мора да се јадат, мислам дека е најнормално СИТЕ да имаме денови каде што според можностите, ќе се поклопиме да јадеме јх и пржено цел ден (на пример), па уште да не можеме тоа да го "извежбаме". Тоа се вика живот. А крајно безобразно е некому да му цитирате мислења дека нема да има резултати ако јадел ѓеврек и макарони цел ден, што се нормални оброци количински, а и овошје пробала да вметне членката. Не се правите паметни пошто и онака 90% од вас јадете на раб на изгладнување со јаболко за доручек и кисело млеко за ручек, последни треба да коментирате за баланс.
Се’ шо е престрого или во краен случај се оди на забрани, е нездраво. Ако знам дека НЕ СМЕАМ да каснам бел леб или чоколадо, а притоа не ги потрошам калориите со вежбање, за инает ќе се прејадам кога тогаш и ќе си направам полошо. Умерено и од се’ по малце е клучот за здраво слабеење. Па и да сте утнале јако некој ден и сте јаделе многу, не е болка за умирање.
Со другар се "фативме" заедно да тераме режим. Но он ќе тера цело лето, јас повеќе од 4 макс 5 недели не можам да си дозволам јер слабеам екстремно брзо. Сега целта не е слабеење, јер имам 58 моментално, туку тонирање. Се немав загледано во огледало одамна и се шокирав кога се погледнав. Од мускулите што сум ги имала ни М. Тоа нагло слабеење пред татко ми да почине ме упропасти. Тогаш имав 53 кг. Ете за година дена вратив килажа ама не ми се допаѓа што висам. Исхраната е средена колку за одржување, ама тренинзите се секојдневно јога плус секој втор ден глутеус јер е ко испеглан, а јогата е ужасна за него. Храна денес- Д 2 варени јајца маслинки и зелка. Р 2 галети урда пилешко филе. В туна салата. Слаба ми е исхраната но во циклус ми се повраќа од храна, затоа е тапа. За ден два ќе ја ојачам.
Дефинитивно. И јас сум против режими со отфрлање на јх, се знае квалитетно избалансиран оброк како изгледа, имаш и протеини и јх и масти.
Уште кога пред некој месец почнавме една група на жени овде кажав дека скоро сите ние многу добро знаеме што треба а што не ама со тоа што најголем дел со години се навраќаме во темава значи не секогаш можеме и се водиме по тоа.Нити сме нутриционисти нити фитнес инструктори ни манекенки па да сме се по пропис.Инаку и не би биле овде.И токму затоа се вика темава поддршка . Иако убаво е некој вака повремено да не повлече за уши ама внимателно оти сме жени кој во пмс кој климактеричен( јас)и така Ај сега да реферирам -Кафиња 2 и мало парче милипрот -3 овесни мафини со јогурт -многу салата,малу сирење,сувомеснато и 2 чаши алкохол. Доста и испешачив. Утре ќе ги скриеме вагите?
Среда ден за мерење..и на исто сум..како беше @Espadrila важно не се дебелееме За денес Д овошна салата од банана и крушка У лешници малку Р туна паштета со 3 кришки ржан леб В салата
Добро утро 81кг рамно сум, 400гр само симнато, ама имав доста неизбалансирани оброци и без врска, еве и вчера изедов кришка бел леб со ручекот и две урми после тоа, вкупно -9кг и -17цм во обем на папок до сега од февруари, океј е, ништо преку ноќ нема, а и ајде демек поозбилно до свадба ќе биде сега, барем 75 да стигнам, да не пукнам во венчаницана За денес на мени: - палента и јогурт - цезар салата - детокс смути Убав деен
Еве да се извинам, агресивна сум била, ОК, мене не ми е проблем, ниту за вас слабеам ниту вие за мене слабеете. Се извинувам на Еспадрила и сите што сте се осетиле од мене навредено и нападнато. Утрински и тренинг денес ќе почека, малку ќе одморам, се осеќам изморено пошто вежбам комбинирани тренинзи секој ден по миниум 50мин и плус утринскиот, па така денес ќе намалам на калории. појадок-ванила шејк ужина-банана ручек-крем чорба од печурки вечера-лесен сендвич од пилешко, авокадо и зеленчук
Се мерив ,скоро исто.Некои 200 -300 гр.минус.А викендот бев и -500 гр.и др.помала беше бројката на вагата. Ама деновиве се од нога набрзина на работа меѓу мн.луѓе не можам овесната каша да ја извадам и толку.
Не, не, банана смрзната, ванила протеин, урми,, чиа, овес, лен, путер од кикирики и млеко, смучкано. Користам Мегле о.9%