За повеќе време да, не планирам да се вратам на стара исхрана секако, ама свадбиштево почеток јуни ми е, првата недела баш Се надевам ќе стигнам до 75ка барем ако не до 70/1, тоа ми е ок килажа веќе
Немам некој напредок оваа недела со вагата, минимално, некој грам у минус ама ај да не биде ситничирам толку, па ќе речам стагнирам. Колоквиумска ми беше и 3 дена немам вежбано, одма се осеќа. Кај мене се е до физичката активност, ако седам и учам тие денови одма се дебелеам брзо, ви спомнав и дека така се здебелив во прва година факс уствари. Само редовно вежбање и движење си треба кај мене. Вечер ќе надоместам со убав воркаут, а и од сабајле еве се трудам денеска да имам еден ден со сите здрави оброци. Ама се забележувам во огледало дека имам напредок, така да ќе биде полека, не се брзам.
Добар ден. Денес на вага 500 грама минус (ова мислам дека ми е за две недели не се мерев претходната). Ама и денес прв ден од циклус па наредна недела или ќе биде исто на вага или помалку. Зависи дали до тогаш ќе ми заврши циклус или уште ќе ми трае и ќе бидат уште потечена. И покрај ова се утегнав со тесна сукња и кошула внатре и супер ми стои. Пред некое време сукњата едвај ја копчев. Така што задоволна сум си од себе. Како и да е да си пишам храна. Вчера ручекот испадна пилешко месо со тиквица и морков и индиски зачини и интегрален ориз. Доручек денес варено цело зрно овес со брусница и млеко. Ужинка: Два интегрални бисквити и кафе Ручек: Денес ќе биде сармата немам време за готвење Вечера: Се надевам ќе останам на млеко За сите коментари сум ОК и кон мене да се упатени се додека не се злонамерни. А дека секој има право на мислење и споделување искуства има. Сите сме тука со различна цел, од исти причини. Сите сакаме да ослабеме. Е сега некој сака повеќе да ослабе, некој само неколку килца. Некој е за драстична транзформаија, друг да се стегне, едно бројче да намали и слично. Битно да се поддржуваме и советуваме. Никој од нас го нема светиот грал за тело какво што замислува. Затоа сме овде. И кај сите различни нешта ќе дадат резултат. Лично јас ќе се тегавев пак и ќе си сотанев со вишокот што ми сметаше ако ја немаше групава. Тука гледам дека кај некои оди споро, кај некои побрзо и дека се тоа е ОК. Фала ви за тоа. Конкретни резултати и совети нема да коментирам.
Одамна не сум пишала тука, денес се мерев, многу сум блиску до целта, денес баш видов напред 5ка на вага, од минатата среда -600 гр. Не сум веќе на хроно, си правам оброци какви што мислам дека ми одговараат, бел леб и благо не јадам, а и после 20h нема јадење, вежбање 3 пати неделно. Презадоволна сум од резултатот, само упорност и упорност девојки, не се откажувајте
-Куван ѓеврек и јогурт -Зелка манџа со месо,салата и пола црно лепче -2 овесни мафини ,чај Пола чаша вино.
63/90 Протеински Банана Печурки свежи (400 гр) брокула рајс кејкс едно и супа Печурки во солило (200 гр) еден домат еден морков и рајс кејкс уште едно Дека се на зеленчук и без леб ме фати како глад и не е добро да кркорат цревата зедов уште витанова, ем ме заблажи ем убо ми дојде. Инаку минимум 10км пешачење дневно. Последно се вагав саботата ќе се вагам утре сабајле баш, таман дома се вратив имам вага тука.
Уф вчера вечер таков глад ме фати..незнам што ми бидна па една кришка леб со малиџано каснав.. Денес Д овес со банана У јаболка Р туна салата В супа ќе правам со зеленчук И морам и вода и вежбање повеќе а не вежбам помалку вода внесувам и одма како подувана се чуствувам..
Вчера ми поремети притисок висок се, ни активност имав ни исхрана како што треба, буквално ништо не испочитував За денес: - сникерс овесна каша - пилешко, салата, супа - детокс смути Аман да се доведам на ред веќе, лета време
Утро! Утрински тренинг завршен, 50ки со 2мин пленк, оу јеа. Вчера се одморив убаво ептен, ама ептен, од 10 легнав до 6 сабајле куфер, нигде ме немаше. Денес ќе се вежба нозе и денсче, се надевам дека ќе успеам убав тренинг да направам пошто денес имам многу многу работа, во сабота славиме роденден и имам многу работа, премногу, а рокот ми се скрати пошто планиравме во недела да биде.Значи ќе имам турбо денови што следат. појадок-црно лепче, урда и патлиџанче ужина-урми со путер од кикирики полнети, понесов 4 па ќе поделам со колешки ручек-ориз со батаче тавче вечера-цезар без сос и без кубети
Јас доцнам еден ден со мерење, ама вчера газ преку глава цел ден и не стигнав да се качам на вага. 82.3 сум, нешто повеќе од 1кг во минус од претходното мерење и 9кг (и 5цм обем на струк) во минус вкупно за овие 2 месеци. Се приметува веќе по облека, па и на лице. Во наредни 2-3 месеци да стигнам до 75 ќе сум презадоволна.
Добро утро. @Vanilla15 секако ќе бидеш најубава во венчаницата. Нека не ти е тоа оптеретување. Се трудиш, слабееш добро е. Вчера вечер вечерата се згреши. Јадев чипс и пиев вино ама бондинг со маж е побитно од диета. Барем мене ми е побитно да се релаксирам и уживам во моабетење со маж од време на време отколку да бидам оптоварена со јадење. Плус прв ден од циклус се се простува. Денес доручек: Печена овесна каша со малку урда плус Ужинка: Кафе и мандарини Ручек: Отстатоци од претходни ручеци (пилешко со зеленчук, полнети пиперки итн, итн). Вечера: млеко (нема лабаво веќе) За вежбање денес не знам нешто прилично обилен ми е циклусов овој пат и не ми е ни движење пријатно сега за сега. Стигнаа и резултати од крвни анализа. Шеќерот ми бил точно на долна граница тогаш кога ми зеле крв. Секогап ми е таков гладна или јадена долу се држи. До кога ќе видиме.
Добро утро Скробен ден Д: 2 портокали Р: ориз со морковче и некоја салата бидејќи постам без масло В: на пола исто Се изнервирав сабајлево саботата ми кажа 75.95 а денес 76.05 искрено очекував барем 200 300 гр минус, то плус 100 а не јадам надвор од режимов освен еден сладолед пред да почнам да постам... Стагнирам ексик никако да тргне надолу... А секој ден пешачам 10 плус км.. Леб искрено ич. Толку нискокалорични намирници јадам што се чудам како не слабеам побрзо. Е сега првата цел ми беше 75кг што искрено можам да речам и дека ми се оствари затоа што тежев пред 2 и нешто месеци 87 ужасно... Но некако не изгледам како многу да сум ослабела. Сега следна цел нека е 70, ајде нека стигнеме и до тие минус 5 6
Ако јадеш многу нискокалорични намирници и не стигаш до вкупен внес од 1200 калории дневно, нема да слабееш. 1200 е минимум за базален метаболизам (значи толку троши тело кога само мирува). Ако си под тие калории телото ќе вклучи заштитни механизми за да преживее. Биолошки е програмирано да не се јаде само себе. Еве за вчера груба математика: 2 портокали имаат отприлика 160 калории ако се големи, ако не околу 140. Ориз неварен цела шоља има околу 670 калории. Варен ориз ако го мериш има околи 200 калории во шоља. 100 грама морков има 34 калории. Знали треба да изедеш прилично ориз со морков за да стигнеш до 1200 калории дневно. Гледај да не си под 1200 калории зашто нема да слабееш ако си под тоа. Ако не вежбаш нема да приметиш многу разлика зашто не билдаш мускули и не го стегаш телото. Со вежбање побрзо се тенчиш иако нема така брзо да оди вагата надолу (има слики за споредба на големина на кило или две кила сало и мускул).
Фала ти Џојке, сите така викаат ама јас сакам да си се допаднам сама на себе кога ќе се видам во огледало... не е само за свадбата, туку и понатаму да ми се допаѓа како игледам ама ете тој датум ми е исто важен, сакам да се сакам себе си дента Ако ме сфаќате што сакам да кажам, не дека не се сакам општо де , ама да бидам задоволна дента од себе си, во врска со тоа како изгледам Се трудам, може не доволно, не знам, ама сите имаме мислам оброк понастрана од предвидениот некогаш, живи души сме