Тогаш значи погрешно се храниш или имаш некој проблем со хормони. Нема друго. Под 1200 калории дневно, телото се вклучува во survival mode и секој грам вишок што ќе го внесеш го складира. Затоа мислиш дека не слабееш ако не си под 1200 калории. И плус, сакаш одма резултати, и пак да се вратиш на старо. Не може така. Ќе следиш режим на балансирана исхрана и ќе вежбаш, ако сакаш да одржуваш линија. Тоа треба да е за цел живот, не за два месеци.
Пристап кон слабеење е. Демек ако не јадеш огромен дел од денот телото повеќе ќе ти троши. Повторно е тезата дека треба да го изгладнеш организмот. Дозволено е на пример да јадеш 10 саати дневно, а да не јадеш 14 или поекстремно само 8 саати имаш прозорец за јадење. Ама сите студии укажуваат е дека е побитно што јадеш и колку вкупно калории венсуваш и дали си во калориски дефицит кој не е преголем за да слабееш.
Да, сфаќам што е фората со фастинг ама мит е дека така е поефикасно слабеење. Баш е полошо да набуташ 1500 калории во 8 саати отколку во 12 на пример. Не ради слабеење или дебелеење него да можеш да внесеш нискокалорични оброци, да си најаден а да не си прејаден, а пак после да не припаднеш у несвест.
Па нема логика дека слабееш само ако си под 1200 калории дневно, сите стручњаци тврдат дека мора балансирана исхрана со соодветна калориска вредност според дневните потреби на еден организам, за да функционира како што треба. Ако си под 1200 дневно, го успоруваш метаболизмот, губиш мускулна маса наместо масти (макар што со екстремна редукција на калории се губат и масни наслаги ако е во континуитет долг период). 1200-1500 калории се трошат за базален метаболизам, односно за да функционира организмот како што треба. Ако внесуваш помалку од она што го троши базалниот метаболизам, телото се успорува во секоја смисла, не може да функционира правилно, како што реков влегува во survival mode и складира сѐ што може да складира за да преживее, дури и водата. Ти си го успорила твојот метаболизам, и затоа телото те зеза и не слабееш ако не си под 1200 калории дневно. Или исхраната или хормоните се причина.
Како прво килажава ја одржувам една година, и не губам на мускулна маса, напротив. имам затегнати нозе, раце и грб - а на стомакот имам уште малку за симнување. и не сум од вчера, знам како ми функционира телото и што пали и што не. и да, има логика. се тоа што го кажа е теорија - АМА телото не е компјутер па кај сите да е исто. крвна слика ми е сјајна. И НЕ телото НЕ ме зеза.
Пак многу паметување... Д овес со јогурт мед и овошје Р - В : 1 јајце, печурки,парче стек и малку црн леб... Плус 3 кафиња, 2 шери бонбони.
Ајмо цурице, ајмо дечаци. 15 ти е, малерозна пак се врати дома, по којзнае кој пат. Годишен одмор завршен, може да се диетува од денес па натаму. Почнувам полека, да не ми е ептен голем шок Појадок, јогурт и едно варено јајце. За понатаму ќе видам што како. Важно нема да има леб, благо и газирано. А ни пиво Повеќе ќе се шета пеш, по малку и ќе се вежба Само да не ми спласне еуфоријата
Ајде полека и озбилно само..тука сме, два напред три позади..ама тоа е.. За денес Д хумус со лепче ржано У јаболка Р спанаќ В салата
Само отварам урма, пола лажиче путер и преклопувам, ништо не правам друго. Зимам од свежите на Бако, не оние вакумираните, не без семки, туку со семки на Бако, најубави ми се, вадам семка, ставам путер и затварам. Толку! Утро! Од утринскиот тренинг денес ништо, во страшен хаос и трчање сум, не стигнав ни да извежбам вчера од што имав обврски, ама па затоа во газенцето моторче имав и вчера а ќе биде и денес изгледа. Ќе извежбам денес ваљда, ако не здравје, секако трошам поприлично деновиве од активност само. појадок-чиа и овес со многу редок јогурт, ја утнав, и многу овошје, путер од лешници и малку медче ужина-протеинско пудингче ручек-салата со туна, просо и зеленчук вечера-витаминска салата со јајце
Добро утро Денес за доручек јадев купечки чиа пудинг зашто маж ми го купил уште вчера. Убав беше ама не ме засити многу па каснав и едно кифличе со тиква (домашно). Ужина: Ореви или овошје ќе видам како ќе се чувствувам Ручек: Домашни бургери Вечера: Не знам уште
Моментална тежина 60 килограми цел 55кг . Вчера П: Мусли со јогурт У: Неколку индиски оревчиња Р :Скара со салата В :Неколку индиски оревчиња Денеска П:Тоситирани 2 парчиња тонус и банана. Р:ваљда пак малце мевце и салата В:Нема да има.
Многу слабо јадам. Иако ми заврши циклусот си остана нејадењето. Фуд дисордер на најјако! Денес два саати во природа, јадена само еднаш (риба и зелена салата) и извежбав тренинг за цело тело (јога) плус 7 вежби глутеус. Се поткрева полека газот, мускулите ја памтат теретаната али прерано е. Не ми се свиѓа што слабеам а е од нејадењето. Не се качувам на вага пошто немам потреба од неа ..
Јас се согласувам со Уана Би Мама. Ебеш ти стручњаци, диететичари, тренери и нутриционисти кога знаеш дека имаш ендоморфна градба која претежно ги лепи мастите на колкови. Буквално пет месеци на вода би преживеале без последици за разлика од 80% на форумов, зошто нашите тела немаат толкава потреба од храна и се научени да чуваат резерви ради генетски фактор. Ние буквално нормално може да функционираме и со под 500 калории дневно, само што секако цело сме време гладни. И не, не е заради тоа што имаме нарушен метаболизам, хормонален дисбаланс или нешто трето. (Бар не сеуште, за мене пишувам). Едноставно телата ни функционираат на тој начин. Слабееме само кога сме во калориски дефицит, гладување и со fasting. Совет за крај - не се водете толку by the book, следете како ви е во пракса. Јас сум месецов со 6 од напред, задоволна.
Здраво Јас сум веќе 5 ти ден на диета. Имам 80 кг а треба да намалам 20 ,значи идеални за моја висина се 60 кг. Не јадам леб(освен тонус), благо,сокови никакви не пијам. Имам апликација за внесување на калории myfitnesspal, наместив на 1200 калории дневно и сосем ми е доволно,не осеќам глад. Сега вечерав проја со сирење и спанаќ, 2 поголеми парчиња и испадна баш калорично на апликацијата што ме зачуди. Околу 500 калории за две парчиња проја со сирење. Што мислите за тоа,дали и вие јадете проја кога сте на диета? Рецептот одеше 1 чаша брашно две чаши проја..
И јас сум ендоморф, и не слабеам со фастинг и гладување, така кога слабеев, ги враќав за кратко килограмите, а после втората бременост колку повеќе гладував, толку повеќе се дебелеев. Балансирана исхрана и физичка активност е клучот за правилно слабеење и одржување тежина, небитно дали си ендо, мезо или ектоморф. Последиците од гладувањето ќе си дојдат, порано или подоцна. Ама тогаш ќе биде потешко да се стабилизира организмот. Ние жените не сме така едноставни како мажите во поглед на начин на исхрана и одржување килажа. Лесно е да збориш кога имаш 20-30 години, последиците ќе дојдат подоцна.