Јас мислам дека ти си мезоморф. Каде ти се лепат мастите? Доколку е околу пределот на стомакот и воедно ставаш мускулна маса и сало тоа е дефинитивно дефиниција за мезоморфна градба. Но, доколку е околу пределот на колковите и рацете тогаш најверојатно станува збор за ендоморфна градба. Знам дека многумина од вас мислат дека типизацијата според градбата на телото, начинот на исхрана и дневниот внес на калории немаат уддел и сите имаме горе - долу слични потреби за исхрана, но не е баш така. Еве јас уште тинејџерка кога бев тестирав и буквално ако не бев под 1200 калории дневно не губев ниту килограми ниту во обем. Зошто буквално се` ми е пробано на долги стази.
Не сме до толку неоткриени мошти па да не знаат како нутриционистите да ни направат исхрана. Со нив барем имав неколку предмети исти и не знаете све. Точно, секое тело е различно. Затоа се прават индивидуални исхрани и тренинзи. Ама до толку дека "никој подобро не ве знае...". Точно, најдобро се знаете, ама подобро да смислите режим од нутриционист, сори нот сори, сем ако имате завршено тоа, а не гуглано два саати на нет. Јес да Ана иако се сложувам со тебе, не знам зашо се објаснуваш, кој колку сака нека гладува и нека мисли нема друг начин. Се знае резултатот што е од тоа. Батали кој шо сака нека прај, сеедно. Сеа па сите ќе ги просветлуваме. Ма немој. Посебно па за без пари, па ич уста не отварам.
Дали тогаш ти прошло низ памет, дека да имаш поголеми колкови на пример е нормална состојба на твоето тело, и колку и да се трудиш нема да го ослабеш? Пошто тоа е вистината, колку и да пецка во срцето. Можеш да градиш мускул, да намалиш во обем, минимално да ги намалиш мастите кај што спомна, ама секогаш ќе го имаш тој облик. Тоа е проблемот во целава тема, што сите имате нереални очекувања за своето тело, с и т е. И после пишувате глупости како ова: Ова е З А Б Л У Д А. Да бидеш цело време гладен не е нормално функционирање. Жени сте, имате хормони, дали некогаш сте застанале да размислите дека треба правилна исхрана за балансирање на тие хормони (не зборам кога имаш хормонски дисбаланз, туку општо)? Дали сте прочитале дека на жените најбитно им е да внесуваат здрави масти за хормоните? Дали сте прочитале дека нема шанси да слабееш (барем не на долг план) ако немаш хормонски баланс кој се постигнува преку балансирана исхрана? Дали знаете колку лошо влијае тоа малце јадење на вашето здравје? Дали ве воопшто интересира вашето здравје? Срамота е и опасно е да пишувате вакви глупости и дезинформации затоа што ЗДРАВЈЕ е во прашање.
Ендоморф сум, 100%. Да, со гладување лесно губам килограми, на мои 25 години со преполовување на порции ослабев 20 кила и повеќе, за после кога се вратив на обична исхрана и поминав две бремености да ми се удри од глава. Сега гладувањето прави повеќе да добивам на тежина и да ми се лепи и вода, буквално. Со просечен дневен внес од 1800 калории, со правилен баланс на макронутриенти, стигнав од 78 на 70 кг, со скоро секојдневна физичка активност. Најдобро за ендоморфи е пешачење, power walking, минимум 10000 чекори дневно на рамна површина. Ама знам дека џабе се објаснувам, и јас бев таква пред 15 години. Лесно е кога имаш 20 и нешто, потешко е кога си 40+, особено кога си жена.
Само да кажам дека сум држела секакви диети, меѓу кои ун и кето, сум гладувала, и да, сум слабеела, ама килограмите се враќале брзо. Со кето ослабев, не велам не, и мислам дека е супер диета за симнување на поголем број кг. Ама сепак тоа треба да биде привремено. После толку години, две бремености и успорен метаболизам, конечно јадам сѐ, а не се дебелеам. Не пазам на калории, ама мислам дека сум над 1200 сигурно, внесувам сѐ од протеини, јх, масти, дури и нездрава храна ограничено. Конечно здрав однос со храната, а без последици по здравјето. И физичкото, и менталното. Инаку ова со градбите не го знаев, ама како што читав, јас сум ендоморф.
Kaде ти се складира тежината претежно кога се поправаш? Иначе, најчесто сме мешавина сите меѓу ендо и мезо што имаме проблем со кг.
Девојки ајде предлог некој инстаграм профил со вежбички… наредните недели ќе имам повеќе време па ќе можам да вежба и од дома
Лилика ти си витка како стап. Ектоморфна си, згодна, затоа иш од темава. Остај 'дебелите' да си се тешиме.
многу си грешка Одорке, ја сум мезо. Далеку од екто сум Долги год мислев дека сум ендо ради мускулната маса у батаците ама се испостави дека не сум била ни тоа Кад смо веч ту. Тренинг њама денес. Одмор. Д: сендвич од две галети, урда, пилешко филе и марула. Р: Стек и зелена салата. В: Јајца
Не. Баш напротив. Имав мака со години да ослабам, особено после второто дете. Бавен метаболизам ми беше најголемиот проблем. И порано ако палеше помалку храна и трчање наваму-натаму, сега баш немаше никаков ефект. Не ми е решен проблемот скроз, морам да вежбам многу повеќе, и свесна сум ако се опуштам премногу со храна, дека пак ќе се таложат масти на истите места, ама мислам дека сум многу подобро од пред некоја година. Еве последниов месец ич не вежбам, и малку сум опадната во тонусот, ама не сум поправена. Облеката комотно ме собира, а јадам сѐ.
Вчера не пишав ама дефинитивно утнав. Може не внесов многу калории ама се нездраво. Ама и организмов ми се навикна на помалу храна па за првпат вчера не можев да изедам ресторанска порција(лазањи).Пола остана... Денес испешачив досега 16000 чекори. Д варен ѓеврек и јогурт У баклавче мало Р и В ќе биде допрва месо и салата. Ова за градбиве прв пат слушам ама штом се дебелам во стомак спојлери гради рамена ваљда рековте ендоморф. Слабеам со калориски дефицит само и првпат без ригорозни диети со ваши совети за правилен внес на храна и колку можам пешачам оти со вежбите дома зезнав колено.
Штоо? Добро ако имаш 200-300 кг можда би преживеала два месеци на вода, да, без разлика дали ти е салото во стомак или газот(бидејќи и тоа не е точно дека ако на некој сѐ му иде во колкови полесно таложи масти-само визуелна илузија е). И дека природно "можеш" да преживуваш со 500 калории на ден бидејќи немаш потреба од толку храна, дефинитивно неточно. Инаку никогаш нема да знаете колку калории внесувате, тоа е факт. И да мислите дека внесувате 1000, можеби се 1500, или мислите дека сте внеле 2500 а уствари се 2000. Точно никогаш не може да се определи со апликација на телефон. Убаво е следење колку да се знае отприлика, ама нема потреба толку оптоварување со бројкиве. Мене моментално ми е најголема цел да престанам да се понашам како да не сум видела храна кога ќе видам било што лиснато, месено и благо. Значи страшно е колку сум зависна од работиве.Морам да ве читам тука за да се мотивирам, може треба да почнам да пишувам за да водам евиденција.
Наталожените масти се складираат како резерва ама у пракса не се резерва како храна и не можат да бидат у буквална смисла ради различниот метаболизам кој го имаат мастите и јаглехидратите.
Напнавте со ваков морф и таков морф. Да, точно, сите се делат на тие три типа тела. Ама типот на телото не ви е као готово, тоа ви е животот. Да беше така немаше да постојат тренери и нутриционисти. А тие шо не сакаат да плаќаат или сами да истражуваат и да вложат труд да направат некоја промена, до нив си е и никој не треба да ги осудува. "Ама јас сум таков, и не можам да ослабам" - е само правдање и движење по линија на помал отпор. Ендоморф као прва работа има забавен метаболизам, и треба да се бустне. Целта на тренинзи и исхрана кај ендоморф е да се максимизира трошењето на калории и да се подобрат метаболичките процеси преку интензивни тренинг техники. Во исто време да се држи високо протеински режим на исхрана со контролирани јаглехидрати и масти. Ако се нема резултати после ова, или има телото некој здравствен проблем или не се држите за планот. Ендоморфот има огромен потенцијал за градење на мускулна маса. Мезоморф има најголем потенцијал за брза градба на мускулна маса. Ектоморф има најтежок пат до мускулна хипертрофија.
Здраво, јас сум мезо. Здраво мезооо За една недела (нецела) стомачните ѕирнаа профи. Д: јајца зелка галети. Р: печена риба марука рукола. В туна салата галети.