Ја според тоа што имам гледано ендоморф сум ама па многу брзо имам ослабено, а и мускули за 6 месеци имав направено со скоро секојдневно редовно и посветено вежбање, стомачни имав што се познаваа... Така да некако и не се ослонувам на тие 3 вида тело и баш за секој дека се исто важи. До некаде секое тело и организам своја приказна. Тоа е исто како кога викаме толку луѓе, а направиле 12 хороскопски знаци и ги сместиле во 12 карактери.
Добро утро Јас неделава бидејќи постам а ја држам ун диетава малце ми се помеша се и јадев количински малку од се, но без леб освен шпагети во јх ден. Уште денес ќе го допостам денов бидејќи диета и пост баш не ми одат заедно многу имав вртоглавица. Денес 67/90 Д: банана Р: риба, зелка салата и едно парче црно лепче В: риба и салата само Бидејќи утре одам на факултет денес се вагав и сум најмалце до сега 75.55 следно влагање ќе биде петок. Си пешачам многу деновиве 17, 18 км вчера цел ден на рибарење друштво музика природа
И јас да ви се придружам од утре. После долга врска на 31 сум сингл осеќам дека изминатиов период се наполнив со душевни и телесни токсини и сакам регулар да се вратам на она што си бев. Од утре ќе почнам со протеинска исхрана и се надевам дека ќе се придржувам на фактот дека сакам да симнам околу 10тина кг.
Утро! Од четвртокот наваму каша попара, немам вежбано сем утрински тренинг, ама затоа моторче, пешачење и работа до макс секој ден. Денес ми е план да ги изденсам сите видеа што ги имам пропуштено плус денешното, по 2 пати, па да извежбам 2 левела тотал боди, значи денес треба да се остаам од вежбање ама мора да се потроши тоа што изедов викендов, не многу количински ами небалансирано, тесто и благо исто така, сокче понекое... Утрински денес 50 повторувања и 2мин пленк завршени. појадок-баунти шејк ужина-банана ручек-болоњезе со интегрални тестенини и пармезан вечера-салата и урда
Утро. Вчера вечерта Ајс ејџ на тв и 300 гр чоколадо со дете Денес Д сендвич од галети со пилешко и салата. Р риба и салата В туна салата. Тренинг денес јога, пошо вчера вежбав и гаС
Инаку се мерев на 11тиот месец, имам симнато за 11м 28 кила со тоа што одев горе доле 2-3 кила последниве 3м ама сега мислам дека се стабилизирав и ќе одиме доле уште некое кило до новата програма. Да го немам стомакот уште само, само тоа ми е вишокот во целата приказна, здравје за 1м правам 1 година и тогаш ќе споделам фотки.
Еве сум и јас, денес на мени; - овесна каша - урда со јајца и салата - детокс смути - ужинки ќе видиме - Клои е исто на мени, hourglass program Јас прв пат слушам за ова што зборувавте Де некој нека ми поткаже, нека ме поучи хаха Круша градба имам, така и се дебелеам, во колкови и газот (стомакот не го рачунам бидејќи имам само после царскиот, долен дел на стомак, предтоа никогаш сум немала, дури и најтешка кога бев) Брзо се дебелеам, два дена да јадам безвезе одма 2кг оп, ама да бидам искрена кога се придржувам скроз (лани летото, 3 недели, -7кг ) и брзо слабеам. Колку игра улога ова со градбиве? Што треба да форсирам освен исхрана и ете вежби ситни (30-40мин вежбам со Клои) ?
Лелее првапт ви ги слушам овие типовиве на тело. Ако долги години се бориме со тело и тежина знаеме што пали, а што не кај нас. Ама гладување никако не може да е здраво на долг рок. Никогаш и никаде не било здраво гладување. Нејсе не знам како морф сум нит ме интересира. Имам ПЦОС и со тоа малку нарушен метаболизам претежно на шеќери. Ама без јаглехидтраи не можам да функционирам и најдобро функционирам на диета со сложени јаглехидрати и протеини (всушност како што се препорачува во многу диети за ПЦОС). Од градба на тело има песочен часовник тело. Секаде ставам рамномерно и секаде губам рамномерно. Без вежбање не губам ништо без разлика колку малку храна внесувам. Цел живот е така. Денес појадок: Овес, млеко, путер од лешник, чиа и сува брусница. Ужинка: Еден протеински бар Ручек: Подварок со месо Вечера: Се надевам млеко Викендов и два дена пред тоа беше малку чудно од аспект на храна имаше прилично собиранки и тоа е тоа. Неделава ќе биде придржување до фиксно мени.
Само цезар салата, па и литро јогурт, воопшто не ти е океј, немаш ни за нормална работа на телото, никако не исполнуваш ни 1 200 калории... Ќе дојдеш до точка кога телото веќе ќе знае дека го изгладнуваш, па наместо да троши, ќе складира храна.. или пак, сега ќе слабееш, ама помалку од цезар салата и литро јогурт што ќе јадеш понатаму за сеуште да слабееш? Бидејќи телото ќе се навикне на овој дефицит и ќе му треба нов, зарем после ќе живееш на пола цезар салата и 0.5 јогурт? Не ме сфаќај погрешно, не сум јас некој експерт, ама се борам со кг и јас одамна па затоа ти споделувам само искуство. Гладувањето нема ништо добро да ти донесе. На ова мени, барем доручек ти фали (овесна каша, јајца, палента итн).
@mareane @Ariel @zhap4e Ајмо цурице, се враќаме на диетата и дружбата. Доста негативни постови, ајде нешто позитивно. Појадок кромид и 2 јајца, пржени на путер, плус лажица грик јогурт. Ручек сјебан, хот дог со плескавица Само хот дог бе, се шалам. Вечера, смоки. Коко попс. Уште сум гладна. И тадаааам. Прв пат годинава 17 000 чекори. Саатот вика 750 калории сум согорела. Както и да е, утре пак ќе се шета. Ако можам да одам Бонус линк https://www.instagram.com/reel/Cb7M6P4Apmv/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Она кога си на диета, ама те фатат жив како гмечиш чоколадо
Ако се вратите вие ветувам ќе изгубам уште 2 кг. И @ALISA0000 ја повикувам. Викендов не бев умна Денеска троа поарна Овес со јогурт овошје и лајче мед. Туна со малку макарони 200 мл овошен јогурт И доста кафе ама и чај и вода. Граматички исправна сум?
Добро утроо вчера супер поминав, денес на мени: - омлет со сирење и салата - грашок или леќа манџа и салата - детокс смути - ужинки ќе видиме (јатки, овошје, оризови галети) - втор ден на мени Клои, од вчера не можам да одам ама ок, парацетамол, магнезиум, што да земам?
П:Био мусли + неколку топченца темно чоколадо У:Нема да има Р: Планирам да направам мафини со сирење. В:Нешто лесно ќе биде. Планирам да симнам неколку кила. Боди индекс 23/ 24 варира.
Леле два три дена човек да го нема и оп и тука каша попара..нови ликови.. добродојдовте Утре мерење @Espadrila ? запознај ги малдиве овде за редот а ете стапот кај @malerozna е сега ја видов и неа.. Оваа недела без зејтин..значи три ден иста храна Д овес со урми У јаболка Р леќа В или малку леќа или некое оревче со пченица