Јас само да ве поздравам. Викендот цел го утнав, славев роденден и простено ми е, сама си простив. Се мерев сабајлево, не сум здебелена и океј е. Во меѓувреме, одам на фитнес и правам над 8000 чекори на дневно ниво. Океј е. Утре сабајле ќе се мерам пак, тогаш ќе пишам тука. Имајте убав и успешен ден. И бидете послушни.
Утро! Утринските 50ки и 2мин пленк завршени, денес ќе се игра и ќе се вежба се што е пропуштено пошто има многу пропуштено. појадок-овес, чиа, овошје и грчки, топинг путер од лешници ужина-бананата од вчера што не ја изедов ручек-спанаќ и јајце вечера-палачинки со урда и овес
Добар ден, Доручек: четвртина шоља бунгур, две јајца варени, едно млако кромитче и кари зачин како салата направено Ужинка: неколку урми и неколку суви сливи Ручек: Турли тава Вечера: Се надевам млеко. Ќе има некој пијалок успат зашто морам да одам на гости денес.
Многу сум озбилна Симнав 6, вратив 4, ајде јово на ново диетување Ќе се стемни уште малку, јас никако да се наканам да пешачам. Мислам дека мене ми треба стап @mareane изгледа има испит граматика и денес, нешто ми ја нема Да дојдам да ти суфлирам ?
А бе кажав јас од Божиќ до Велигден на диета... На Велигден пауза па пак на ново Деца, вие не читајте Само ОЗБИЛНО, идеме даље. Денес појадок овошје, банана, јаболче Ручек Рижото со печурки и салата Вечера неам појма, некоја салата Утре мерење. Ќе биде интересно пост велигденското мерење
Си купив бели фармерки т.е. бев до зара после киксот со Бершка (кој чита у 40 знае за шо зборам) Денес само два пати јадев и мразам коа праам така. Ама бидна.
Каков тренинг изиграв... 45 мин, кардио, сум се испраксала ептен. Утре е рест деј ама ќе се вежба и утре. Мислев денес и денсовите и тренинзите утре да одмарам ама распоредив на 2 пати, ем да не цркнам денес ем утре да имам што да праам.
Денес на мени имав грав и шопска И малку со благо се огрешив. Грешив што го купив, ама уште малку и ќе го дојадам Пешачев саат ипол, 8км Вчера имав повеќе, ама и денес е ок. Повеќе среќа, утре. Мора почека да се размрдувам, дојде пролетта Меца треба да се размрда
Еве сум еве сум @malerozna Јас ко ќе почнам штрајк со глад ќе видите тогаш што е манекенка... Арно терав до вечерва ама имавме тркалезна маса и дебата (дома) уз алкохол и мезе... Д јаболко и пола интегрално ѓеврече Р чинија чорба и пола парче ржан леб. В се по нешто:парче мало проја сирење салата маслинки... Јас утре ќе го пријавам денешниот резултат не беше лош.
Јас ќе прескокнам утре мерење, ми цркнала батеријата и на оваа вага, а цела недела никако да стигнам да купам. Во петок ќе се измерам ако пак не заборавам, ако не - следна среда. Од добри вести, во петок купив од фришоп темно тоблероне од 360 грама. Секој ден јадам, и не сум ни до пола уште. Во моите "најдобри денови" такво можев во еден ден да изедам. Внесувам повеќе калории деновиве (најголем дел од алкохол ), ама и пешачам повеќе, па по пресметки се' уште сум во дефицит. Уште велигденскиве празници да ги истуркам, и се враќам на слабеење со полна пареа.
Добро утро, денеска нема мерење, додека стигнам до вага, испив и кафе и литро вода веќе Ќе се мерам утре, па ќе ви кажам Денес на мени: - палента и јогурт - цезар салата (ама најверојатно со јајца наместо пилешкото ) - детокс смути - Клои ден 3, газот и нозете ме болат од програмана, мислев сум јака на нозе, сега наутро гледам дека не сум била
Утро! Денес без утрински, ама вечер ќе се вежба ако е рест деј, ќе се извежба тренингот од денсот за недела и стомак и тотал боди по 1 тренинг. појадок-ванила шејк, многу јак вкус, ко сладолед растопен од ванила да јадеш е ужинка-урми со путер од кикирки пунети ручек-пилешка чорба вечера-сендвич со пилешко и фета
Добро утро. Се мерев денес ама прво пиев смути. Вагата иста како минатата недела ама ова ми беше очекувано уште имам циклус (прстените уште сабајле тешко ги ставам на рака). Наредната недела ако биде добар Велигденов може и ќе оди надолу вагата. Како и да е на едно кило до целта сум. Не е лошо. Денес доручек овес, млеко, чиа, суво грозје малку и малку путер од кикирики. Ручек тортелини ќе бидат немам време за друго. Имам пауза од 2 саати во која треба да стигнам дома да јадам и пак да се враќам на работа до 9 вечер.
Ја -3кг овојпат. Видов цифра на вагата што не сум ја видела од почеток на 2020та, позитивно изненадена . Иако за ова е одговорен стомачниот вирус што го прележав викендов, баш брза диета работава.
И јас сум скоро исто. Три недели вагата оди +,- 300 гр. Очекував барем пола кг. Нареднава ќе бидам и во плус мислам.