не, не е грев. Месото е протеин, и ич не е штетно да се јаде навечер. Уживај. Инаку јас денес, речено сторено, месо јадам цел ден. Не знам што ми е што му се навртив. Какво се месо не внесов И две кришки леб. Како и нескафе, и пред сите оброци две бисквитчиња. Ми рекоа ослабена сум, и гајле ми е колку споро јас овој режим ќе го терам. Со многу малку леб, скоро ич благо, и без газирано и многу мрсни работи. Е така.
Не добив подршка од колешките на работа за диетава ама сепак не ме демотивираа ! Си терам јас по планот, па не се многу бре 3-4 кг да симнам,нели? Плус имам цел месец на располагање! Иначе јадев смоки сабајлето едно пакетче (колку калории има ако може некој да ми каже и смејам појадокот да си го заменам со смоки?) Потоа јадев пола парче интегрален леб со мн малку кашкавал (четвртинка од големо тенко парче) И цел ден бев во движење (имав доста работа) и пешачев 3км за двесет минути! (е мнооогу,се утепав од пешачење ) Сега јадев диња и ќе се напијам кафе без шеќер и компот од вишни! Вечер ќе седнеме со дечко ми на мезе и вино па тоа ќе ми дојде некако како вечера па не знам што ќе треба да си порачам за да не биде узалуд гладот што го трпев преку цел ден (ако има некој идеја нека ми каже што е понекалорично за да си мезам вечер)! Одам сега да скокам на јаже малце!
Бело, а 3 пати дневно спрема напатствие се водиш? Јас еднаш наутро и тоа во млака до топла вода, никако вриечка. Вкусот му е едноставно совршен.
@Natty, Под THIS IS A WORKOUT DAY има Customize food choise и има да избереш што сакаш а што не Pozz.
Jас денес јадев т.е пиев кафе од овоа слим-фит јадев 3 мали полнети пиперки и мала полнета тиквичка (една голема сечена на 3 дена, ко 3 мали) и сега пак пијам слим-фит, и за вечера не знам, нешто лесно, ќе видиме, сигурно 2 варени јајца и јогурт а од утре мислам оваа недела само супа со салата, цела недела, ама дали ќе можам! за да се испразнам лесно да се осеќам, и отидов кај љубави
Еве ме и мене. Досега вежбав аеробик, 1 час и жива вода се сторив. Сега малку одмарам, па ќе се туширам. Инаку, тепајте ме! Ништо од овошниот ден некни Тој ден јас правев ручек дома ( компири варени и соја), па каснав малку од мајсторлукот мој. Денес јадев турлитава само со зеленчук, без месо, 1 праска и многу вода. Благо 2 дена немам каснато и не ми се јаде. Стомаков, нормално, ми е подуен, сега и ПМС, ама си осеќам дека сум подослабена. Ви држам среќа и вам Феминки!
Се врарив од пешачење, добро ми дојде. Ќе јадам месо вечерва изгледа , а сега еден зелен чај ќе пијам, туку девојки дали знаете точно како се правеше протеински шејк? Знам дека се става белки, млеко, мед, но не бев сигурна за циметот и бананта? Знае некој?
Mи ги снемува спојлерчињата Почнува да се гледа на мене, па редно беше Се навикнав на нејадење, доволни ми се само едно кафе од слимот (тато ми купи, и незнам зошто, ама од едно повеќе не можам додуша не сум кафепијач, можда затоа логично ) една порција салата домат, пиперки и краставица, една или две пиперки полнети со сиренце, зелени, некад смоки за залажување, два литри зелен чај, и евентуално парченце торта или редче чоколадо Леб заборавив како изгледа, залак немам в уста ставено. Не ме карајте, тоа ми го бара организмот Ама се познава, прееска ко си ги облеков најубавите фармерки, ги облеков без мака и не ми претекоа од по страните љубовните држачи А баш вчера ќе си плачев оти џабе диетата, ама подуена бев од онаа женска беља, пред очи не ми се гледаше и мислев оти сум си иста Зумбувањето и пешачењето ми станаа омилен дел од денот Продолжувам, што убаво било вака
Леле ме убивте со кафенцево.. ми ја враќате старата желба за три во едно кафе, а си се откажав од неа неколку дена не мислам на храна побогу него на кафенце три во едно.. не можам веќе турско, ти се плукнам у двете шугави калории кога душата ми ја згрозува и јас ќе си земам утре и ќе си шлокам кафенце, место оброк.. така да си знаете!
Hello девојки,јас повторно тука.Не ве дружев последнава недела бев на гости.Иначе за предходнава недела да си се искажам малце зафркнав,со јадењето не толку си јадев поручек,ручек по малце.Овошје како и досега.Али не вежбав ништо,не ми беше згодно таму да се раскокам јас со моите вежби.Но од утре ке надохнадам за се.Уште денеска по режимот од изминатата недела и од утре почнувам по старо. Иначе денеска,сабајле јадев едно мало домашно сендвиче со саламче,доматче,домашен кашкавал.Тоа крај 11 сатот.Ручав негде крај 5ипол еден тањир супа и малце мевце.Цела ден беф во движење.Сега за залажувам малце со газираниов сок,али неможам да го оставам
браво за сите вас, јас од никој не добив подршка за диетава (ни од семејството, ни останати роднини, ни па другарки) т.е да почнам поздрав начин на живот пробав вчера ама не бива, после ручекот јадев благо, не издржав ке пробам во понеделник пак да го применам режимот на Ирена, па ке ве известам што ке испадне
Ја газиран сок немам пиено можда 2 месеци, не дека многу пиев претходно, ама многу ме дуеше и скроз го откажав, ако ме фати мерак една голтка и напиена сум ко да сум испила од пола литро, а и никогаш не сум можела да испијам цела чаша газиран сок, а да не се осеќам подуено. Газираниоит сок го дуе стомакот исто ко и чипсовите . Жабо не се откажувај од 3 во 1 , мене тоа ми е најомилено, турско не можам да смислам, ма и ко бев на такозвана диета-недиета оти не се придржував стрикно, некогаш ко што ми одговараше си ги јадев, ама по правилото и стално си пиев нескафе и пак си се слабе. Сеа можам да кажам дека метаболизмов ми е многу брз, водата го забрзува многу, една недела доволно е по 2литри да се пие и да се примети ефектот. После станување, мочкам и ако испијам една чаша вода, сок или нескафе (си пијам обавезно нешто од ова) одма трчам во веце на какање што е доказ за брз метаболизам и плус после секое нескафе кога и да се напијам трчам во веце на какање Spoiler чиниш ништо не си покакал, се бришеш исто ко вода да бришеш тоа дека ми е чист организмот или ? .
Хелоу цури Јас денес истерав еден протеински ден,печено јагнешко со зелка салата за ручек а после некако не ми се јадеше па само со вода продолжив. Се надевам дека до полноќ нема да ме степа криза за пуканки или сончоглед Инаку утре сте сите кај мене на роденден,па аааајде едно парче торта нема лошо да ви дојде нели
Кате не претерувај со зелениот чај, два литри е премногу. Тој е здрав се’ додека не се претера. Две чаши дневно се повеќе од доволно, другото замени го со вода.
Ливинг, два литри мислев на вода и две шолји, некогаш три зелен чај, не сум допишала ко што треба, ги пребројував продуктите што ги внесувам за да ги напишам точно, затоа утка сум направила Вода, си чувам во шише од два литри, и додека си легнам, мора да се испие в соба кај мене само тоа од страна на пиење/јадење има, друго не смее Мајка ми пред недела дена ме скара и таа да го намалам чајот на 1 шолја дневно, па сега го пијам тие две шолји цел ден
Јас мислам редно време е да снимат една реклама за нездрава храна како оние од животот е мојот филм - Не, благодарам Но прибидејќи сеуште нема, темава како и фемина се одлична супституција И те како помага оваа морална поддршка во кризни моменти, демотивација за вежбање, како и споделување на грижа на совест И од утре официјално, диетата на Ирена, давам збор пред фемина и пред себе Не иде вака, не иде, денес-утре, денес-утре, морам да се земам на себе, зашто ако продолжам, одам у плус и тоа како.
Екстраординари ја имаш мојата поддршка, а за реклама што се секирате, може да направиме ние и видео реклама со слики, ех каква инспирација добив, очекувајте утре нешто од мене. Ај чао сега. И ОСТАНЕТЕ МОТИВИРАНИ .
Не сум добро упатена во диети ама смислив одредено планче на јадења за да ограничам негде 800 - 1000 калории дневно. За ручек .. 1/шопска , 2/мнооогу овошјеее , 3/100 г тестенини и сирење, 4/туна + салата, 5/bake rolls + јогурт, 6/сладолед , 7/вода ( месечева диета) . За доручек и вечера ( не после 7 часот ) .. овошје , бадеми , супа , јогурт.. Што мислите? ? Сакам 2 3 кила да симнам за 10 дена... аххх лето лето
Ам кога две кога три, зависи како ми се пие. И туривам топла вода, ама не зовриена. Во ладна си викам да не не се раствори убаво и го поливам со топла па го оставам да се олади.