Имам БИ 23/24, само 2, 3 кила за симињање така да си дозволувам "утки". @AngelOfArh Во бременост качив килажа до 105кила,сега по 12 месеци јас сум 60
Скроз! За појадок изела бисквити и млеко, а за ручек баш балансиран оброк, бравос што си дозволила нешто за желба.
Иначе сакам да кажам дека ве пратам неколку месеци уназад и мнолгу работи имам научено од вас. Ме мотивирате.
Исто 105 бев. Првите девет месеци паднав на 75, за година дена на дете 65 бев Хај! Доручкував галети пилешко филе и павлака. За ручек и вечера ќе имам варени јајца и салата. Газот извежбан со време јер сакам коа ќе заспие дете филм да гледам
Деновиве пошто сум болна и си јадев од се по малце, ја држев диетата но бидејки бев болна си правев и утки. И уште сум болна скапана. Изгубив имунитет бидејќи држев ун диета и пост без масло претходната недела но не јадев леб и не јадев редовно а и се раслеков малце и толку ми требаше. Се вагав денес откако испив вода и изедов сладолед и ми покажа 75.10 пресреќна сум саботата некаде имав 75.60 Вистина си јадев од се но количински не многу бидејќи не можев немав апетит. Но овие два три дена ми беа со малце повеќе благо. Од утре нема ветувам! Денес треба да ми е овошен ден но ќе јадам денес туна бидејќи нели од утре строги пости и до недела нема риба месо ништо. Утре ќе си го држам овошниот место денес. На вага сум скоро - 12кг но немам некоја си разлика.. Како може да немам кога некои луѓе 3 кила да изгубат се познава а не па 12. Не е дека нема разлика но очекував искрено да сум послаба на оваа килажа.
@LiliBoz @Серотин лута сум ви.. п.с.се зезам алал вера на се што сте пишелe..еве и јас на мои 40 години "се учам" како правилно да јадам и вежбам и се по ред ама не се откажувам, мора една 69ка да видам на вага..
Последни денови со пост, овие три дена сум на гевреци и патлиџани, печен карфиол, варен компир, леќа манџа, печен зеленчук, шпагети со сос од домати и печурки... ред немам. Последните два дена од постот ќе бидам само на леб и вода најверојатно, и од понеделник ќе почнам нормално слабеење. Значи месо и салати, без леб без тестенини. Ако можев 48 дена без сирење и кисело млеко, ќе можам и без леб и без шпагети.
Девојки јас ве читам кога имам време, денес и се мерев, за една недела сум симнала 1кг 200гр не се придржувам кон хроно режимот, си направив некој план кој мислам дека мене ми одговара и + вежбање и + многу ВОДА, и ете и тоа успева и тоа многу. Моментално сум 58кг, а целта ми беше 57 сигурно нема да се опуштам за празниците Секое мислење го почитувам, така да кој како мисли нека слабее, ете кај мене хроно исхраната даде одлични резултати без гладување и со многу свеж зеленчук. Бидете позитивни и давајте поддршка на членовите тука, секој си знае за себе како е најдобро
А ти па со сендвич со фета и пилешко за вечера слабееш…. Овие коментари вакви ме оттргнаа од темава, сори неможев да не искоментирам
Трети ден по ред како пешачам по просек 8км На вага не се качувам, има време. После Велигден турбо диета и пешачење ќе е. Уште се размрдувам. Појадок, варено јајце. Ручек, грав. Вечера, телешки стек
Добро утро, вагава е нехумана, 80.8, хорор филм, поарно да не кажувам, за срамота се -200гр Велигденов да не се претера само со јадење и ќе биде ок, ваљда до мај ќе видам 79.9кг штом не видов во април Вчера испочитував менито, со плус ужинка јатки и путер од јатки и какао (ново откритие ми е ова, ептен е вкусно) на оризова галета. Денес на мени; - сникерс овесна каша - супа, салата и ќе испечам зеленчук, не го можам пилешково ич, само гледам да го избегавам - детокс смути - Клои исто, веќе попушта воспалението
Епа провери ми го цел ден менито па ќе видиш зошто е сендвич со фета и пилешко. Разлика од млеко и бисквити до сендвич од цело зрно леб со пилешко и фета, од земја до небо, ама ај. Арно реков не коментирам, ама не можеш да се сопреш некогаш. Си пиша девојката дека нема потреба од слабеење туку 2-3 кила и да одржава, и пишав ОК, што и го мислам. Утро! Утрински тренинг завршен, 50 повторувања и 2мин пленк. Денес нозе и латино денс, коа ќе излезам у диско па коа ќе удрам да денсам тоа сите мувс ќе ги применам. Уште ли се искача у диско?! појадок-галети или лепче, мислам галети, со урда и патлиџан ужинка-немам земено ништо, може и само некое млечно кафе да биде ручек-мусака со телешко и салата вечера-салата со пилешко