Утро. Доручек пак ќе спојам со ручек очигледно, поради куп обврски Денов ќе е јајца и пилешко, ради смокоте синоќа кои грам протеин немаат Ќе мора некој изолат да си земам, вака не се гради мускулна маса.
Aјде сеа за Велигден ќе удриме на јајца и ќе праиме мускул, белки ние, жолчки куцики и готово. Има некои смоки нови на Витаминка од леќа наводно имале протеини. Јас го користам протеинот на ДМ, многу ми е убав, млечниот, најпиток ми е, не е ич благ.
Добро утро, Денес доручек варен овес со брусница, млеко, путер од кикирики и цимет. Ужинка не знам може и само кафе со млеко да биде. Ручек што ќе одбере дете. Вечера се надевам млеко. Купив млеко од бадем за утре и задутре за овесот сабајле што ќе го јадам. Се надевам ќе успеам да се придржувам до некаков режим. Вежбање тешко дека ќе има деновиве нема да сме дома одиме кај баба и дедо на гости и таму немам како и каде да вежбам. Се надевам нема после Велигден се да биде на старо како пред да почнам да слабеам. @LiliBoz, @Серотин алал вера и блазе си ви што така брзо симнувате килограми. Во бременост се здебелив 20 кила, 6 години потоа уште имам 6 кила вишок. Во меѓувреме и на режим од нутриционист што не го прекршив ниту еднаш бев (дури на апрв роденден на детето не ни лизнав шлаг од торта е до толку внимавав само вода цел роденден пиев додека други се гоштеваа со се и сешто) и за два месеци намалив 1,5 кило. Сега сум решена а терам со ваков мој режим дур не ми зе збоктиса. Сега за сега за три месеци три кила. Уште едно барем па да бидам ОК.
Се мерев предвелигденски и вагата покажа 64.8кг. Се вртам околу овие бројки, држ не даj. Ај баш ќе видам после празниците дали ќе качам килажа. Планирам да си продолжам со вежбање, едино недела и понеделник ако се опуштам, се надевам нема да направам штета голема. Денес на мени: Доручек- горко турско, топла вода со лимон и смути ( малку млеко, лажица путер од кикири, аронија, банана) Ручек- парче црн леб, посна манџа со грашок и компир и салата Вечера- интегрални макарони со кечап и маслинки Кога сме кај протеините, прескап ми е за купување, 3000 денари да ги фрлам на прашок душата ќе ме боли. Има некоја поевтина варијанта, нешто било што? Вие каков протеин користите? Заминав на фитнес јас, ви посакувам убав ден.
На сајтек нутришн изолатот. И пред десет години и сеа строго само тој го користам. На попуст беше три и нешо за две и пол кг... Многу или не, јеби га, не внесувам доволно протеин и реално ова ми е поефтина варијанта со оглед која цена е стекот.
П : Био мусли од цело зрно и овесни снегулки со млеко. Р :100 тина грама шпагети и пилешко. В: На роденден сум,ќе каснам нешто покалорично ..се надевам дека нема да претерам.
Д јаболко Р 1 интегрална тортиља со што ми се најде низ фриз В парче проја и јогурт Ова од вчера останало неиспратено. Денес Д :Варено ѓеврече У малку слатко од капинки Р туна и црно лепче В нема да има мислам
Неделава ќе биде добро ако се одржи килажата, за одење во минус не очекувам ништо. Какви јадења планирале да спремаат дома за Велигден, тешко дека ќе избегнам да не јадам од тоа. Следна среда ќе скокнам мерење, да не се разочарувам. Ајде уште овој празник да го истерам недиеталски , па после сериозна ќе сум.
Добро утро Вчера извежбав и денешниот тренинг за да бидам слободна, околу 50тина минути се на се, ама супер ми е со оваа програма, погодена ептен Вчера избегав од пилешкото на ручек и јадев супа, салата, едно јајце и кифличка што правев а ја остаи ќере, не испочитував баш, ама мислам калорискиот внес е ок, ваљда За денес; - чиа пудинг или некое овошје само ќе е, не знам кај ќе сме - риба планирам за ручек и салата/печен зеленчук - детокс смути ако успеам, ако не со чај ќе минам Од сега ме фаќа страв за наредно мерење во среда Ќе гледам да не претерувам во понеделник барем
П: Био мусли+овесни снегулки+банана и млеко Р: Планирам купечка француска супа, парче тонус и зеленчук В: Некое смути.
Здраво девојки! Дали некоја до сега ја држела УН диетата? Јас еднаш ја држев околу 30 дена и ослабнав 4кг сега сакам пак да ја почнам имам за симнување 7-8 кг. Какви се вашите впечатоци и искуства? Дали исто вежбавте? исто така забележав дека на нозете имам доста стрии за кои ме фаќа премногу срам како ќе одам на плажа дали со вежбање ако се затегне кожата стриите би се намалиле, секако знам нема целосно да исчезнат...
Се држиме некако. Уште денес и утре лесни оброци, се пости. Амааа затоа недела и понеделник ќе биди убитачно. Денес на мени: Доручек- две кафиња и една банана Ручек- чинија леќа, парче црн леб, малку домата со печурки и салата. И една ванилица. За вечера не знам, пак нешто лесно.
Пијте газирана вода ако се осеќате прејадено. Така побрзо се вари храната и слабеете. Мене барем и тој трик ми помогна.