Јас лично кога сум прејадена, да би испила нешто газирано макар само газирана вода, би повратила одма, уште толку ке се надувам. А инаку, иако нема врска со слабеење или дебелеење, не се препорачува пиењето на вода одма после јадење или во склоп на јадење - не е ништо страшно, може киселина да имате.
Добар ден. Диетава во полу миривање. Доручеците ми се овес со бадемово млеко и банана или јаболко. Ручецоте ОК. Вчера макарони со мнооогу зеленчук без масло, денес спањаќ. Ама измеѓу локум и семки од тиква. Утре ќе биде весело месев милиброд денес.
Јас дојдов разлаз да ви кажам, диета до среда да не чујам! Шала на страна, се трудам ама тешко оди, ама па од друга страна вежбам редовно и пешачам уште поредовно по 10к+ чекори. Еве чекам.... чекав кифлички да се испечат да извежбам и ми текна дека горат и така... Еве сега меѓу два денса да ви пишам. Не знам колку точно ама денес сум во дефицит само од месење тесто, тортата сабајлечки не ја рачунам у работа, гратис ми е пешачењето. Убави празнични денови жени, да довежбам па ме чека козињак да го доправам и да се бањам со црвено јајце, ќе пропуштам она дебело од бело, црвено.
Од страв да не отидам во плус овие денови , деновиве повеќе вежбав од предвиденото. Се ме боли... Што се не зготви денес среќа постам па гледам само ама од утре Ајде убав празник па во среда на мерење ќе видиме кој колку јадел
Жени... имало периоди ни празник ни делник... се сум била на режим. Е нечеш сад. Нит се спремам за ИБФФ нит сум профи спортист или манекенка. Од понеделник назад. Сеа за сеа ЛА БА ВО јер сум обичен чоек со 58 кг и 170 цм. Ама ич не ми е гајле.
На сиов овој хаос со пазарењево заборавив тонус или од тој германскиот ржан да си земам. Па утрово си јадев бел леб со ајвар. Ама ручав риба на скара и домашен хумус. Деновиве ќе биде тешко да се оддолее на тестото.И на алкохол... Ама тоа е ...
Земи си смрзната, само во цедилче со врела вода помини ја од бољер и толку, спремна е за јадење. Избегавам конзерви. Пченката сама по себе не е неутрална, има јх, се додава во салата за јх да ти надополни.
Христос Воскресе за многу години! Денес и утре баталете режими и програми. Велигден е најголемиот празник во христијанството заедно со Божиќ. А од вторник веќе да, се враќаме на старо дури и мислам како детоксикација еден ден цел на вода па овошен пак, малце да изедначиме ако не друго Ајде сега уживајте без грижа на совест, сме се дебелеење месеци и години а не два дена.
Дојде понеделник!!!! Се јадеше шо се јадеше, не се вежбаше шо не се вежбаше... назаД на ред сеа. Д: нема! уште сум фул од вчера. Р: стек и мимоза. В: мимоза.
Завршија постите, почнува ново слабеење со месо и салати. За празниците не се прејадов не смеев после 48 дена нејадење мрсно, да јадам месо или јајца одма, па вчера изедов едно залче месо, две печурки и две кифлички за ручек, а за вечера еден Таратур со кифличка. И после толку време еден ред чоколадо. Денеска едно јајце и пола лепче бел леб, сум немала интегрален оти тој беше мрсен, и сега видов рокот дека поминал. За ручек малку месо и салата. За вечера не знам уште. Планирам да чистам и тоа да ми биде вежбање, и да дадам цвеќе надвор. Да се надеваме дека сега со протеини и салата ќе ослабам побрзо. И вага да си купам.
Утро! Утрински тренинг извежбан, 50ки со 2мин пленк, никако да качам на 2ипол мин пленк, немам ја толку време да дремам на 4 насабајле Озбилно, не ми е мачно да стојам, нервозно и досадно ми е, пробувам да си гледам сториња од инста дур дремам на 4 и успевам до 2мин да издржам Вчера не се вежбаше пошто касно си дојдовме, ама денес ќе се извежба и за вчера и за денес, а ќе се сними и денсот за предизвикот и ќе се извежба едно 3-4 пати сигурно. На тема јадење, од саботата сум на статус јх, бутам јх, јадам тесто, ама осеќам колку немам веќе толку место во желудник. Касни четврт јајце, четврт на куцко, касни пола кифличка, пола на куцко, касни парче печеница, парче на куцко, само благото со никој не го делам појадок-тост со спанаќ, јајце, патлиџан и пармезан ручек-пилешко со пармезан и патлиџан печено во фолија и една марулка салатка вечера-палачинки од овес, урда и протеин, со мед и грчки јогурт
Празниците идат и си одат, НО килограмите остануваат затоа сега ќе продолжиме ОЗБИЛНО Викендот што помина можеше да биде многу декадентен, но беше пристојно. Мислам и паметот секако ми кажуваше ем заради килограмите и витата ми става, ем заради испостениот организам да не го шлогирам. Денес пост празнично не ми е испланиран денот што ќе се јаде. Сметам умерена ќе сум. Но, го започнав со физичка активност, ако не друго. Извадив велосипедот и на работа со него. Нека е добро времето, така и ќе продолжам. Е сега учениците ќе почнат утре со школо, па тука со нив попладнете ќе ми е зафатено (прв ден после мнооогу денови дома....), но можно е и пешачење да удрам или уште една тура точак. И секако пак ќе кажам, златаната формула е баланс во храна и во физичка активност. А бе се си знајме теорија, ела во пракса да те видам