За Велигден бев добра, јагнешко и салати јадев. Вчера бев добра, се дури не ме фати криза, појдов до маркет и си купив благо Денес нема да сум добра, да видиме што ќе направам Прво кафе со шеќер Ај барем пешачам последниве денови, ако не друго
Слабичко ми е зошто го држам на кучешка храна само, не му давав до сега домашна храна, па не ја сака и искористи сега прилика
Тука сум..се мерев сабајлево дури цело 1 кг подолу други недели по 200 грама сега на тоа јадење (не дека претерав не, далеку од тоа) .. Се мислам за кето, @NarCis@ што да поравам сакам 6-7 кг побрзо да ги слизнам..ми е старв за после..што викаш? а вака со ова мојава диета тоа па тоа..ништо подрастично не ми се случи..а сакам да ослабам па после ќе с еодржавам...
Добар ден, Пост празнично разположение на ниво. По бутање се и сешто во Недела и Понеделник (најмногу благото ме зезна) денес пак на старо. Доручек: четвт шоља варен кафеав ориз, две јајца и малку ајвар Ужина: Протеински бар (мора полека да се средувам со намалување благо или криза ќе ме фати) Ручек: Веган паста (малку макарони или тортелини со доматен сос и блитва) Вечера млеко се надевам. Денес пак се враќам и на вежбање после пауза од 2 тренинга. Инаку викендов добив ептен комплименти од продавачка каде што пробував облека. Се критикувам јас себе си во еден фустан како што и обично знам да се критикувам и продавачката ми вика за ќотек си, облекуваш се 38 број и уште не ти чинело телото. За мене од ова поголем комплимент нема. Плус за Велигден носев фустан што го купив пред да останам бремена и не само што ме собра туку и убаво ми стоеше до таа мерка што првпат се осмелив да си ставам слика на социјални мрежи каде ми се гледа цело тело. Сега за да не нарушам цел труд пак на работа на труд во врска со диета и изглед на тело.
E ама за себе сме најјаки критичари, на други и пола кило им приметуваме. Јас моментално носам кошула М и широка ми е. Хеланки Л ми се широки многу и тоа, ми паѓаат, градници М земав веќе, тие ХЛ од прехлани ми се маички, Л ми се големи, морам М. Сменив малку од гардеробата, ама ќе треба да се замени уште доста пошто сум со пролетни и летни во дефицит. Денес е Д денот кога ќе знам точно пошто ќе мењам гардероба во плакар.
Здраво за многу години.Мислам дека некаде те читав дека премнгу ослабе и си задоволна од предизвикот на Ана.е сега јас го зедов dance challenge не ми е почнат планирам од утре.имам неколку прашања- 1) дали се придржуваше сосема на менито, без додатоци 2) како се справи со криза на храна 3) колку вежбаше оти видеата се по 10 мин само 4) за да не се разоарам за колку време има резултат? фала однапред
Здраво! Ако се придржуваш до менито строго, ама ептен строго без ниеден ден да смениш, ако вежбаш без скокање денови и ако не правиш излети со храната ќе ослабеш одма. Очекувај резултати по третата недела. Ама само ако се придржуваш до се што има во челинџот. Јас ги вежбам видеата по 3-4 пати, или пак по 2 пати и плус од Инста Фит програмата си вежбам. Искрено не знам колку имаш за слабеење, ама ако се малку со Денс челинџот ќе стигнеш брзо до резултати, ако се многу земи си ја и следнава летна, со таа јас најмногу ослабев лани. Ама пак ќе речам, биди упорна и не додавај никаков оброј, не пропуштај тренинзи.
Ех, кој нема, живи луѓе сме, нормално е. Ама си разграничуваш во глава што сакаш да постигнеш и идеш даље. Ако не сме имале немало да имаме вишак, нели. Јас пример вежбам а пред мене стои кугла пуна сникерс, ама после вежбање кога ќе видам во огледало како се стегнало стомачето или рацете колку ми се намалиле, нозете како ми се истенчиле, си викам па не е посилно од мене мајко му, не може да ме надјача.
баш така.не сум мрзлива за вежбање ич, туку седечка ми е работата ( 10 часа на ден ) и ми се чини дека само од што седам само на јадење мислам хахаха
Ако се пронаоѓаш во храната на кето, пробај. Јас имав одлични резултати, и иако вратив некое кило, конфекцискиот број мање-више ист е.
Ајмо јако Ја завршив со постот и сега малку на кето. Денес појадок во 12, така се погоди Цезар салата, за ручек пилешка супа со карфиол, за вечера некоја голема салата, за да ме заболи уста од зобање Ќе ве дружам, се надевам, барем два месеци. Имам 10 за симнување до идеална тежина.
фала ти, ќе разгледам сега во таа група што пишувате.. @EuHenIa ама си се уозбилила мотивација си ми...пишувај почесто овде...
Ама кога дојде ред да ми кажуваат постари жени дека сум тргнала озбилно нагоре, леле мајко. Се гледам на слика од вчера/ завчера ко погача сум во фацава. За вратов да не ти зборам.
Па не вежбам, ме убива тоа, мада убаво е времево веќе, ќе се потрудам барем да пешачам по еден час дневно.