Се мерев сабајлево и изненадувачки не сум качила ништо, исто покажува вагата . Изгледа помогна вежбањето. Од денес продолжувам диетално.
Јас од страв се мерев сабајлево . Добро е, тука сум исто. Ама не претерав со храна а и пешачев. Д јајце. Р чкембе чорба со 1 кришка ржен леб . В некоја салата со додаток јајца.(мора да се дојадат)
Денов го завршив со салата марула и јајца, па малку шунка и кашкавал и на крај пола чашка јогурт. Утре сабајле омлет со сирење и салата ќе правам за на работа, а за останатото ќе видиме. На роденден сум, ако издржам без торта ќе биде добро
Добро утро, демек од вчера ќе почнам диетално ништо... Д банана, Р ориз чист и домат е В излеговме друштво па сите јадеа и ај да не се двојам и јас со нив клуб сендвич и сладолед... Добро вчера и возев точак повеќе време. Ама денес и утре ќе бидам на овошје и зеленчук место јх ден ќе држам овошен и после уште еден овошен. Инаку не сум мерена ќе видам утре или петок сабајле, ако сум до кај пола кило здебелена се трпит, ќе стопиме.
мораш да издржиш..во кето нели нема шеќер а торта па најмлку ти треба силна си ти.. Ај добро утро!!! Од денес поозбилно а деновиве ќе проучам дали можам со кето да почнам или на ова старово темпо..ама и вежбање повеќе...забушавав периодов со вежбање.. Д чиа со брусница У јаболка Р полнети пиперки В салата
@andrejko82 благодарам на поддршка. Нема торта, ќе издржам Денес за појадок омлет со пиперче, патлиџанче и малку сирење плус марула салата. Ќе ручам тоа што ќе даде мајка , а за вечера ќе видиме. Сега за сега ептен имам елан, до кога ќе ме држи, видеќемо. Гуру @NarCis@ да каже што од јатки и семки смеам. Сончоглед печен, кикирики?
Добро утро, јас денес не се мерам од страв, дури следна недела сосе бми Кифлички и благо претерав, на друго ич немам мерак вака, баш тоа највеќе што дебелее Продолжуваме озбилно од денес Денес на мени; - палента и јогурт - марула со јајца ќе е - детокс смути - Клои исто
Утро! Извежбани 50ки утрински и 2мин пленк, денес место рест деј ќе вежбам пошто понеделникот не вежбав, ама ќе вежбам стомак и тотал боди малку. појадок-ванила шејк ужина-урми со путер од кикирки ручек-супа вечера-нешто со јајца, или салата или сендвич ќе видам, не знам искрено немам некоја идеа а по програма е сендвич со пилешко
Добар ден, Денес на мерење 100 грама помалку од минатата недела ама тоа не го рачунам како битен резултат. Денес доручек овес со бадемово млеко, путер од лешник и брусница Ужинка нес кафе и едно јајце ќе биде Ручек пица од тортиља со малку кашкавал и повеќе зеленчук (ќе видиме што ќе испадне би требало во тавче за палачинки да може да се направи) Вечера се надевам млеко. Синоќа вежбав и денес сум пополетна. Денес се мислам некои кратки вежби да правам чисто во деновите кога не вежбам поинтензивно.
Ручек пилешка супа ( од вчера) и пилешка салата, со печурки, краставички и павлака, за роденден спремна. Тоа и ќе вечерам, само без супата
И јас почнав од денес "озбилно "и тоа со еклер за доручек Р: 2 јајца 2 ,ќебапчиња ,1 краставица и мало парче црн леб. В:марула со 1 јајце. Не мора да намалам ама барем некое време да ја одржам тежинава.Иако би сакала уште 2-3 килограми минус ама тешко со ваков режим.А за порестриктивен немам сила и воља. Ќе пишувам и ќе се мерам за да одржам самоконтрола.
Утро! Утрински завршен, умирам за јадење веќе подолго време, многу ми се јаде, само на тоа мислам. Ако не сум трудна онда опасно ќе биде. Морам да удрам форца на вежбање. појадок-лепче со урда и патлиџан ужина нема ручек-салата со киноа, туна, јајце и зеленчук вечера-салата
Добро утроо од понеделник ќе фатам друга програма оваа веќе ми досади, па денес ќе комбинирам искрено од различни денови - сникерс овесна каша - манџа грашок и салата - детокс смути - Клои - ужинка јатки или нешто овошје Една недела сум пред циклус, се надевам ќе се контролирам, и нема многу да стагнирам
Добар ден Денес доручек овес, чиа, млеко, брусница и путер од кикиритки. Ужина јајце (да се дојадат Велигденскиве јајца). Ручек пилешко со њоки и често и марула салата. Вечерва во план е вежбање.
Добар ден добри луѓе. Првиот предизвик од 28 дена го завршов со ослабени 5кг. Сега почнувам со друг исто трае еден месец и е на Клои ама некако ми се гледа поинтензивен,вежбите се претежно кардио и ужасно многу се поти. На последното мерење бев 64.7 кг. Наредно ќе се мерам за две недели значи средина на мај можеби ден два порано. Морам на 11 јуни за венчавката со крштевка да сум 60 ако не и 59кг. Денес: Нескафе со кокосово млеко и цеден портокал. Д: чаша јогурт и две варени јајца Р: лефтоверс од вчера,пола стек со ориз и салата. У: јаболко,урми,кафе турско В: нема
Д: галети и зелена салата со тартар сос. Р: јајца со пиперки овчо сирење краставица галети В: зелена салата
Доручек- омлет и марула салата Ручек - Зелката со свинско не бидна, ама бидна со кобасици Плус на тоа и марула салата Исто и за вечера Ќе се мерам во понеделник. Иначе, колку да си кажам, глад не осеќам, или нешто не правам како што треба или....незнам. Треба да почнам да пијам Неуробион, за нервиве, ми е страв дека ќе ми е.ат матер со апетит. Кето моми ве молам да ми кажете ако грешавам некаде. Од физичка активност, се нервирам на дуги стази.
Во кето ако си гладна, нешто не правиш ко шо треба. А штом не си гладна, таман си Слободно можеш и ужини да вметнеш, на пр. една шака јаткасто или малку јагоди, малини, боровинки... Јас ич не пазев на количина на храна, ми беше битно да бидам сита после ручек, и на крај 14кг ги симнав за 5 месеци.
Фала гуру Пиши некое мени, мислам на што и како за д/р/в Само немој тоа манго/ авокадо, нешто македонско те молам