Е којзнае зошто Оти последните 2 месеци со шеќер го пијам. 3-4 кафиња на ден, се собира бааѓи шеќер Со толку шеќер, не огладнувам, јадам помалку и целата храна ми се складира како масти. Во маѓепсан круг сум
Пиј го со засладувач, стевија....таму кај тебе сигурно има милијарда варијанти Кафе за мене е маст хев, нема шанса да го откажам, еднина дрога ми е у животов осим вино, нормално, ама тоа не можам да го пијам кога ќе посакам @NarCis@ алкохол у кетово е ноу, ноу нели?
Јес, јес е Треба да се внимава и на менталното здравје за време на диета Суви вина смееш и жестоки пијалоци: вотка, текила, виски, џин. Не смееш благи ликери, пиво, и коктели ако пиеш треба точно да знаеш што има во нив. Само пази, алкохол во кето, побрзо фаќа. Со појачано дејство е. Ова сериозно.
@NarCis@ па како до сега не си кажала вакво нешто. Цел живот барам диета со алкохол . Уште поубаво ако фаќа побрзо .
Си купив нес, јбг 150 калории го пиши, а јас две зедов. Појадок, две кифли Ручек, јајца и млад кромид плус лепче. Вечера ќе видиме. Неделава по негово ќе терам. Мене нај ми одговара диетата со варени јајца. Малку готвиш, брзо се јаде, милина Алкос секако не пијам. Може треба да почнам
@NarCis@ јас сум ти по нискобуџетни алкохоли Ракијка и винце, домашно. Еми сеа суво/ мокро вино незнам, ама секое лизга со сиренце и кашкавалче. Живео кето
Јас цело време кажувам, ама вие ми се запнавте за овошјето Економична е диетава, во поглед на алкохол Место со 3 пијачки да те фати, тебе со една ти викаат такси Пази со винцето, да не е благуњаво, оти отиде кетозата За ракија не знам, баш ме заинтригира и сега изгуглав. Вика може, ама да нема додадени шеќери и останати засладувачи.
Викендов успеав да го истерам некако подобро. Со смутиња, мусли, овесни снегулки, немав некои утки. Ни 1 мај не ми расипа работа. Добро е, се враќам во нормала.
Јас и сум скарана на вагата, не мрда од 65 кг никако. Изгледа расипана е, да и сменам батерии. А вака на огледало промени има, стомакот го осеќам порамен, половината подефинирана, нозете најминимално ослабени. Или можи само си умислувам. На еден месец на фитнес искрено мислев поголеми промени ќе видам. Али фатија празници, неработни денови полно, едвај и да фатив некој ритам со исхрана и вежбање. Го погодив месецот кога да почнам да вежбам. Сега мај одиме појако, нема празници- нема прејадување. Плус нема нерсботни денови и теретана под клуч. Денес на мени: топла вода со лимон, турско, една банана испасирана со малини и ореви. Ручек- сарми од лозов лист со мелено месо, парче црн леб и некоја салата можда или таратур. За вечера искрено неам појма, ќе видиме.
Здравоо еве сум и јас, на детокс програм после јадењето свашта, може ќе успеам една недела, може повеќе, ќе видиме. - овошно зелено смути - чај и овошка - шарена салата и крем супа - суров десерт - шарена салата +киноа со зеленчук Менито е воглавном ова, само рецепти имам различни за секој ден, имињата се тие за сите. Моментално сум пред циклус сеуште, мислам дека сум во плус, ќе видиме утре. Убав ден девојкии
БМИ 23,4,ни кило немам качено. Чудно е со оглед на тоа што веќе 5 дена јадам како да немам видено јадење. Физичка активност по 8000чекори дневно, плус вежбање..
Д:Овес со јогурт мед и овошје У:1 цимет ролна Р : Свинско печено малку помфрит и многу зелена салата В некоја смока и малку таратур . Денеска многу ми се јаде и мислам надминав калории. И плус ради времево не можам ни да попешачам.
Добро утро. По неколку ден апауза се враќам на рапорт. Викендов не беше баш диетален. Кога сум на одмор дефинитивно не пазам на диета. Се мерев вчера вечер и испадна дека и покрај непазење имам 300 грама помалку од минатата недела. И ај сеа. Дефинитвно убав сон и одмор поволно делуваат на хормони. Барем кај мене. Денес доручек варен јачмен со млеко, брунисница и кокос. Ужинка кикирики и едно чоколатце (частеше колешка не можев да одбијам) Ручек не ми е смислен уште, а вечера е во план да биде млеко. Денес е ден за вежбање, ама ако успеам да одзатнам нос ќе вежбам. На едното уво дури и не слушам од ѓто сум затната.
Еве сум и јас, менито е во главно истото, така да нема да ви пишувам секој ден, само среда веќе. - зелено смути - ужинка - шарена салата - ужинка - шарена салата (и киноа или зеленчук печен)
Вчера не толку здрава исхрана ама многу пешачев и добро извежбав, сабајлево вагата у минус ја видов. Првпат се приметив сама вчера дека сум ослабена на шопинг. Купив помал број облека од пред некое време, а и во огледалата се приметив, плус се ми стои подобро. Не сум уште таму кај што сакам да сум ама за разлика од пред година дена голем напредок имам.
Ајде добар ден, денов и не ми почна баш како што треба. Малку под стрес плус ќе добијам денес утре и дечкото вчера вечер частеше сладолед и то кои будали во 03:30 сабајле.. Многу ми се јадеше дека вчера држев овошен. Мислев ќе почнам како што треба таман изедов портокал сега ми донесе бурек топол топол милина.. Кој да му одолее. И ништо ајде нека биде како што ќе биде денеска од утре почнувам пак со УН ама од ново. Денес требаше да сум 83ти ден, при крај, но сакам да почнам од ново подобро ќе се чувствувам. Вчера се вагав ама после вода кафе и банана и бев 74.20 значи некаде помалку од 74 сум. Утре одиме од почеток а денес реков ајде нека биде како што ќе биде. Се разочарав денес од самата себе но мислам дека ова ќе ми дојде подобро за да почнам посилно и постегнато од утре. Инаку во врска со облека и јас забележувам дека веќе ми чинат тие парчиња облека што ги носев, па и си купувам помали сега.
Мислам дека не е баш најдобро 2 круга УН едно по друго, се успорува метаболизам така. Јас ќе се држам до исхраната, ама нема да вежбам бар едно месец дена, два, освен докторот ако не каже поинаку, јер бејби намбр 2 ис каминг ту таун дис јеар фор крисмас тајм....
@AngelOfArh колку убава вест . Два пати препорочитав да се уверам дека не сум сфатила погрешно . Јас само читам и лајкувам во темава.