@AngelOfArh честитки, знам колку беше очекувано и посакувано Моето денешно мени: Д: мала шопска и две пржени јајца Р: стек ( само стек) од седмица со кечап и мајонез , плус марула салата Нема да вечерам Денес ми беше стресен ден, со нагони за плачење и мнооооогу нервоза. Рацете до сега не можев да ги смирам. Ако денес не се фатам за чоколадото, нема да се фатам наскоро. Се осеќам убаво кога правам нешто за себе.
Леле што убава вест . Каква диета какво мерење после ваква вест . @AngelOfArh честитки од срце и со лесно Јас утрово се мерив и видов убава бројка.Конечно малку пак тргнала вагата надолу. Ама денес е Бајрам бе. Д смути Р 1 парче баклава и пола шеќерпаре В овесни мафини ќе бидат.
Честитки @AngelOfArh Утре ден за БМИ, а? Се немам качено на вага 3 недели, страв ми е што ќе каже утре. Минатата недела нит пазев, нит броев калории. Сега се враќам во нормала, со тазе дијагноза инсулинска резистенција и шеќер троа над нормалното. Ќе мора да се пази повеќе, може ќе се натерам и кето да истерам некој месец, иако ми е најстрашна диета што можам да ја замислам. Не памтам на темава ли беше, ама гледав негде по форумов рецепт за колачи без шеќер. Ако знае некоја, праќајте навака пошто кризитам. И то. Се читаме утре со апдејт.
Денес бев добра, само малку каснав благо Појадок, банана. Ручек, кромид и јајца плус салата. Вечера, оризови колачи со авокадо хумус. Пак сум гладна, ама нема. Касно јадев, не ми е јасно зашо така Денес требаше да пешачам, ама ме врти колено ни апој не помогнаа, па си лежам цел ден
Покрај овесните мафини јадев и таратур,маслинки,кашкавал малку. И испив тон сок. Не е рано бре за БМИ?
Добро утро, денес сум скарана со вага, ден пред циклус, во плус сум, 81.4кг, БМИ 28.8, ништо сменето, апсолутно ништо цел месец.. Ништо од планот за мај 79.9 , веќе не планирам ништо На волку стрес во моментов, добро е што немам изедено цел фрижидер со се и сешто, се тешам некако Менито останува исто, детокс програм, тоа е тоа од мене за денес, се читаме следна среда Де датумов за БМИ да го смениме, се на циклус ме фаќа
Јас во јануари планирав да ослабам 22 кила до април. Ама ми се деси... живот Не се преоптеретувај. Денот го почнувам со кафе. Имам некои обврски, па планирам да си земам смуди од банана и јаволко Ќе им ставам и малку протеин, да се згусне Понатака, ќе видиме што ќе се јаде.
200 гр само сум намалила од минатото мерење, немој да бидат повеќе!!! Ќе продолжам со здрава исхрана пошто сум фул мотивирана ама па пребавно оди.
Утро! 83 кила округло сабајлево, БМИ 29.4. Значи заклучок од месец април: Може не сум ослабена, ама бар не сум здебелена. Добро е, мислев 100 кила сум качила дека не броев калории дур бев во Мк, ама умна сум била. Нарачав статичен точак пред некој ден, скроз impulse purchase. Ќе фаќа и тој прашина како орбитрекот во другата дома, ама ај, надежта последна умира.
Добро утро и од мене. Денес не се мерев ама вчера бев 300 грама во минус од минатата недела. Одиме понатаму. Денес доручек овес, млеко, чиа, брусница и путер од лешник Ужина некое rawbar или слично. Што ќе најдам во канцеларија тоа ќе биде. Ручек ќе биде сарма од лозов лист. Вечера не знам може и да излеземе со другари па тоа може се да поремети ама и како испадне испадне.
Да си фатам редот, нов месец, нова надеж за ОЗБИЛНА диета..се мсилев што да фатам, па побрзо, па вака онака, и на крај денес добив се спласнав и решив да си терам поозбилно со мерење калории, исти доручек , за ручек манџа без леб или месо и така..и плус вежѓбање поинтензивно, 4 пати неделно.. Ајде за денес Д овесна каша со банана У јајце Р зелка манџа В кисело млеко со сусам Измеѓу се ова 2,5л вода со лимон , ѓумбир и цимет ( @Estranged пробај со водава за шеќер и плус чај од маслинка).. @AngelOfArh девојче со лесно
Имам околу 600 гр.помалу од минативе 2 недели кога стагнирав.. БМИ 23,5. За 4 месеци скоро 6 кг. Задоволна сум со оглед на слабата физ.активност и спориов метаболизам. Ама искрено ми здосади од мислење што да јадам а и од овес,јајца,црно брашно...
Тенкју, ќе пробам. Јас ако стигнам до ова БМИ 3 дена ќе славам, со жива музика, со сите салтанати. Месецов ми е роденден, ќе се запнам да видам 7ка напред на вага до тогаш.
Вчера бев ептен во дефицит, мислам дека на кафе живеев. Денес веќе сум гладна, сабајле неколку јаготки па две јајца на око и марула/ домат салата. Ручек ќе видиме што од мевце има останато дома. Вечерата ми е најмачна зошто пред ТВ ми е најубаво да јадам За утре си нарачав чија пудинг со млеко од индиски ореви и јагоди и боровинки. Тоа ќе појадувам. Малку одмор од јајца
ааа ептен е добар, јас од Ист гејт си купувам, мераци е..ама може и дома да се направи само млеко од ореви да купам