Aбе не купувај направи си, 100гр индиски ореви, 4-5 урми без семки, литро вода, накисни се наеднаш преку ноќ и следниот ден изблендирај и процеди, толку. За вкус можеш да додадеш ванила.
Озбилно не давај пари за билно млеко, ептен е лесно. На дете му правам од кокос, најмногу го сака, овесот најмалку трае јер се разлигавува.
Јас сум пробала бадемово да направам, ама нешто баш не ми испадна, што знам, ко со раски ноз него, ваљда не ми беше добар блендерот
Вчера супер издржав, синојка така ми се пријаде ама си легнав .. За денес Д овес со банана У јајце варено Р тиквица полнета со ориз В салата или кисело млеко
Добро утро народе Утрински тренинг на гладно хиит и стомачни Д: јогурт со мешано овошје,лажица путер од кикорики,лажица корнфлекс,семиња и јатки. У: варено јајце и може едно јаболко. Р: пилешка чорба В:нема да има. Апдејт: почнаа да ми се точни алиштата од пред бременоста . Мерење за една недела
Мора да се процеди, а после пулпата користи си ја за колачи. Нема да ги смели скроз бадемите ниеден блендер, дури ни Хуром.
Чија пудингов, врв, со јагоди, боровинки, млеко од индиски орев и путер од кикирики. Ја бољи никад у живот не сум јадела. За ручек ќе смислувам нешто, за вечера имам кето бајадера
Добро утро. Денес доручек пита од црвена леќа и просо. Ептен е вкусна најдов случајно рецепт на инста. Ручек бургери и компир печен Вечера млеко. Вчера бевме излезени па вечерата беше вино и нешто мезе. Како пукна пролет така се потешко е на диета да бидам. Луѓето сакаат излегување, седенки и слично. Сакам и јас. Ама седенки и диета не одат заедно. Не знам што ќе правам со седенки и сладоледи во паркови и на плажи.
Најди си здрави замени. Наместо грицки и сладолед - овошје (банани и јаболко најлесно), или некој апетисан (во мали количини), сончоглед, семки од тиква... Наместо сокови и алкохол - смутиња и ладни чаеви без шеќер, или ако веќе ти се пие газирани тогаш барем без калории, цеден портокал, лимонада... Во ресторан - се е океј горе доле ако внимаваше на количината... И на крај краеви, ништо страшно ако изедеш еден сладолед.
Па реално тука се гледа издржливоста и карактерот, волјата да ја постигнеш целта. Ќе си одиш најадена за да не паѓаш во искушение од глад, ќе консумираш здрави намирници од понуденото. На нездравото ќе кажеш не фала и толку.
Е ова што го вели Џој и мене ме зеза . Вчера што арно се држев до вечерта на седенка.. Д: смути , У: варено ѓеврече(оти ручњкот ни е после 6) Р: леќа со месо и кришка леб Е вечерта грицки мало колаче сок.... И се раздув цела... Денеска сум на роденден пак.
@Ajronmen, @СуперДевојка се ова ми е јасно ама не ми е баш најлесно изводливо кога сум излезена. Како ќе јадам апетисани ако на даската нема апетисани? Даската е со сирења и сувомеснати и субо овошје (таа што најчесто се нарачува) Или како ќе јадам овошје во слаткарница? Или како да одам најадена во ресторан и да нарачам смути кога сите пијат вино. Затоа и пишав излегување со друштво и диета не одат заедно. Барем не во мое друштво. Се контролирам колку што можам ама со оглед дека дома не вечерам (само млеко пијам зашто касно јадам ручек) се што ќе ставам во уста после ручек ми е вишок. Цел живот сум со ПЦОС и се борам со ветерници. Јасно ми е се веќе, ама и смачено ми е. Имам уште едно кило до мојата цел (до сега изгубив 3,5) и таман ќе сум по мои стандарди. Твиги нема да бидам сигурно, ама веќе сфатив дека поставување нереални цели ич не ми оди во прилог. Така што само да се достегнам малку и уште едно кило инадолу и ќе бидам задоволна. Еве викендов сум на три детски родендени. На едниот не морам и ништо да јадам во кино ќе биде, ама на другите два каде што ќе трчам од еден на друг не можам ништо да побарам. Вода кисела на едниот, кафе на другиот ама за храна ќе мора да биде нешто што таму ќе го има. Нема веројатно 6 саати гладна да седам или да си отворам сендвиче од дома или апетисани од кеса. Не сум таков тип на човек. @mareane некогаш се случува и живот. Тоа е тоа. Ќе се држиме колку што можеме другото ќе го прифатиме така како што е.
Вчера бев добра до 5пм. Бев на вечера, каснав пола пица Денес пак смуди и кафе на мени. 2 јаболки, 1 банана и протеин. Засега литар вода испив Вечерва планирам супа да правам, утре тоа ќе се јаде. И варени јајца Чекори, 5500, засега. Полека се размрдувам
Е нема везе де. Внимавај на количината. Јади и од даската и од слаткарата. Ниту месо е проблем, ниту нешто благо. Проблем е секој ден ако јадеш премрсно и благо. Наместо три топки сладолед јади една. Сигурно нема да се здебелиш од една топка. Вино или без разлика каков алкохол е, не мораш да испиеш пола литар, пиј една чаша и ќе ти помине меракот. Не е до тоа да се лишиш од некоја храна. Туку да се научиш да се контролираш колку ќе ја јадеш (пиеш).
Мислам дека она што Ајронмен да го каже е БАЛАНС! 1 чаша вино со 2 води, боцни од даската, касни сладолед ама тоа истроши го или утре намали на кал внес. Калкулации, ама да научиш да живееш со тоа. Чаша млеко не е вечера, небитно што не ти бара организам повеќе, организирај оброци, за да можеш да јадеш се што треба и како што треба. Идеален внес и изнес на калории, само тоа работи.
Кокосот е едино што не го киснам, се друго киснам, 100гр кокос во трошки таков, околу 300мл врела вода да се изблендира и додавам вода до 1л вкупна течност, процедувам и чекам да се олади, оти оладено избива маснотијата на површина и ја собирам па ја користам за мачкање кожа, колачи правење и слично, а течноста ја користам како млеко. Е правам и од свеж кокос ако наидам на добар кокос и тој го сецкам на парченца, прво блендирам да се смеле па додавам врела вода по иста постапка, само што од 1 кокос правам на 3-4 пати и добивам 2-3-4 литра млеко, во зависност колкаво е. Од свеж кокос е малку помлечно да речам, од трошки е побистро.