ОК е. Еве вчера рапорт од даската: едно четврт парче фокача, едно парче од багетче тостирано и одозгора лажичка намаз од сирење и пиперки, еден бадем, четири-пет листа рукола, две парчиња пршут, едно парче италијанска салама и една смоква виткана со пршут. И една чаша бело вино. Не е дека изедов цела даска туку зедов од се што имаше по малку. Толку и имаше. За сите по малку. Мене ми беше поентата дека ако секоја недела еднаш неделно ова го правам многу ќе ми дојде. А периодов таков ми е. Многу искачанки и родендени во план. Кажав живеам со ПЦОС цел живот. Метаболизмот на шеќери ми е малку офф. Цел живот балансирам храна. Проблемот ми е што за да останам бремена почнав со метформин . Од тоа метаболизмот уште повеќе ми се разремети (со метформинот ослабев многу ама тоа според лекарите ич не беше добар знак, па ми титрираа дози и се додека не останав бремена. Во бременост го прекинав и во рок од недела дена качив 5 кила. Тие ги влечам од бременост до сега). Не сакам пак да пијам метформин без потреба зашто страда црн дроб од него, а втора бременост нема да има. И решена сум да ги намалам тие 5 кила пролетва. Уште околу 1 кило ми остана. Толку. Не повеќе. И откако по грдни маки добив дете немам намера на искачанки со детето да бидам чудакот што јаде специјална храна или не зема од се кога другите јадат зашто детето си прашува што и како и нема потреба да биде оптеретено со моите проблеми.
И да јадеш еднаш неделно даска за вечера не е проблем, следниот ден испешачи ја даската. Проблем е ако е секоја вечер или секоја втора вечер даска, а при тоа немаш никаква физичка активност. Супер си тераш, не си ти за секирање ајде.
Ова што си го изела не е толку страшно ако другите оброци ти биле избалансирани и здрави. Не се преоптеретувај со тоа 1кило, 1 кило не може да е проблем. Тоа е ништо. Не знам дали вежбаш ама да вежбаш, да се стегнеш малку тоа 1 кило ќе го заборавиш.
Добра сум денес, добра. Со пола сендвич се огрешив, можев и без него, ама ај. 14 000 чекори Се потрудив денес, се надевам и наредните денови ќе сум добра цура
Имам едно прашање. За да измерам калории во ориз како е поточно? Ете нека е на пример 100гр ориз ги редам со кромидче да се потпржнат па после додавам вода. Е сега дали се мерат калории кога е неварен таков каков што е, или се мери варен нормално тежи многу повеќе од претходно. По мое мислење треба да е како што го редам бидејќи му додавам вода отпосле, а таа нема калории. Грешам или?
Јас вака почнав Ако знам дека вечер имам повод кај што ќе се огрешам преку денот ептен внимавам на калориски внес. Што би реколе еден пријател за по гости( и кафани) не сум на диета Д 2 овесни мафини и таратур У шака бадеми 1 рафаело бомбиче В парче пица чаша кока кола пола парче торта.
2/91 скробен Д: банана Р: ориз со кромидче сецкано и печурки, а како салата домат и луто пиперче В: исто на пола + еден гриз баклава за проба, ама вистина само гриз.
За појадок, малку супа со брокули плус чиа семе со млеко и протеин За ручек, си зедов супа, се надевам ќе преживеам цел ден на "вода" Ќе биде долг денот
Вчера се мерев, попладнето 66 На стресот што го имав, арна бев ( заспав уште во Уште 6кг до посакуваната цел П. ми беше чија пудингот, ручек кобасици и јајца и домат салата, измеѓу едно парченце ид бајадерата. В. немав. Денес: 3 јагоди и неколку бадеми, кон 11 планирам јајце на око и патлиџан, за ручек батаци и салата, за вечера ќе видиме. Ме држи ентузијазмот, тоа е добро
Добро утро. Фала ви на сите на совети и поддршка. Одиме понатаму. За доручек денес палачинки од 1 банана, 1 јајце и четвртина cup овесни снегулки и малку боровнки. Премачкани со малку намаз од павлака. Ужинка не знам што ќе биде. Ручек ќе е ориз и пилешко со салата. Вечера се надевам млеко ако не одиме на Виноскоп. Вчера битно извежбав тоа што планирав.
Здраво денес ја почнувам ун диетата. Целта ми е - 10, идеално би било - 15. Се надевам ќе издржам, иде лето мора да се слабее. 1/90 протеински Појадок: две јаболки Ручек: стек, марула и тонус Вечера: половина од ручекот Се надевам ова е добро. Ако некаде грешам корегирајте ме.
Сакам да почнам да вежбам. Почнав со нешто ама мислам беше понапредно и не ми одеше. Дали може да ми предложите некои видеа, како вие почнавте итн. Инаку си пешачам долго време и можам многу да пешачам но немам вежбано. Предлози?
На Youtube барај Begginer workout. Еве еден линк од серија на такви body coach tv beginner - YouTube. Дечково е супер за секое ниво. Има и пократки видеа за почеток. Пробај со 10 минутни видеа па полека зголемувај ако ти е пренапорно на почеток подолго да вежбаш. Исто можеш и MadFit исто на Youtube. И таму има и begginer ниво.
Мене во кафана и не ми е толку тешко. Јадам многу салата и гледам да се најадам со салатата. И пијам две ракии, кога сум само на саката третата веќе ме фаќа, па избегавам. И на крај, и да седам цел ден, 500-600 калории ќе ме фатат. Е проблем е во бар, најголеми порок ми се пиво и кикирики. Тоа сѐ е висококалорично, нема спас. Затоа подобро ми е да се држам до кафани . И БМИ не стигнав да пријавам, 24.6. Може не сум ослабена, ама не сум ни здебелена . Сакам БМИ како на @mareane
Друштво, после алл инклузив 5 дена, јас пола кило сум ослабела. Не знам како. Од утре почнува нив живот, нека е со среќа, новата јас ќе се усериози.