Невести, не знам колку е навистина ефективно ама од една постара госпоѓа (комшика моја ) разбрав дека за слабеење многу помага јачменот. Значи не значи дека ќе мора да зобаме, ами да вариме чај од него Најубаво од вечер да се припрема, значи да се стави да врие, додека водата не добие окер нијанса.Потоа се остава десетина минути и се цеди, за другиот ден да биде ладен и спремен за консумирање. Значи треба да се пие три пати дневно по една чаша 200 дл, 15 мин пред јадење. Вкусот бил одвратен, ама стиснете заби, замижете и јуначки поднесете го подвигот. Најверојатно ќе се кандисам да пробам и јас, ми рекоа дека било доста ефективно
ми треба помош.ќе снимаме реклама кај дадо ми треба 3 кила помалку а имам време една недела ве молам кажете ми нешто диета нешто што било
Да ти кажам право, имало некоја манекенска диета, се слабее 5-6 кила за недела дена, ама не знам како е. Ја барав и јас за мене низ темиве, ја нема. Ако ја знае некој нека пише!
Побарав на гугл го најдов ова за манекенска диета Дозволена храна Јадете природно овошје и зелечнук бидејќи во себе имаат помалку хемикалии. Органската храна исто така има поголема хранлива вредност од неорганските производи. Во основа, диетата се заснова на цедено, сирово или варено овошје и зеленчук. Притоа одбегнувајте пченка, а компири јадете умерено. Секој ден јадете различно овошје и зеленчук бидејќи тоа значи дека ќе внесете доволно витамини што диетата ја прават полесна. Забранети продукти Еве листа на продукти кои треба да ги заборавите кога сте на оваа диета. За да сигурно го прочистите организмот држете се до списокот и немојте да згрешите. - млечни и животински производи - леб и тестенини - чоколадо - лешници и ореви - сосови - кисел зеленчук и конзервирано овошје - алкохол и цигари Појадок Разновидното овошје може да биде одлично за појадок. Тоа е хранливо брзо заситува и имаат доволно природен шеќер кој ќе ја обезбеди неопходната енергија наутро. Ручек и вечера За двата главни оброци важно е да имате на ум дека треба да бидат малку калорични, но исклучително хранливи. Одговорот лежи во чорбата од зеленчук. Таа ќе ви даде доволно енергија да го истуркате денот, а во исто време ќе ви внесете сите неопходни продукти. Чорбата можете да ја правите од спанаќ и брокула, потоа од зелка, тиквички, моркови и компири. Десерти и грицки Кога сте на диета секогаш имате напади на глад, па е многу важно да имате здрави грицки што ќе ви помогнат да ја надминете кризата. Овошните шејкови можат да бидат одличен десерт. Купете замрзнато овошје кое погодно за правење шејкови. Само додајте мраз и малку вода и изблендирајте. На вас е да ја пронајдете комбинацијата на овошје која ви се допаѓа. А за почеток можете да пробате микс од капини, боровинки, јагоди и банани. Пијалаци Свежо исцедените сокови се одлични за детоксикација на организмот. Тие ги содржат сите ензими кои се неопходни за добро здравје. Уште некој совет: Обидете се да јадете што повеќе добри продукти како што се краставици, јаболки, моркови, брокула, ѓумбир, кромид... Не заборавајте да пиете зелен чај. Тој е многу ефектен бидејќи го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Се користи повеќе од 4.000 години во кинеската медицина за лекување на многу болести, од главоболка до депресија.
вчера се мислев меѓу виршли и јајца, и само супа и салата во наредниве 7 дена, јајцата и виршлите победија! Aма виршлите не постојат веќе,така да, само супа и салата, супата со 2 лажици јогурт, зашто така ми е најубава инаку брат ми беше на работа надвор, и вечер си доаѓа, ќе донесе 467798 кила чоколади и слатки, така да вечер ќе ми требате многу
Јас си бев два дена на гости, и таму не постои зборот диета, нема трте-мрте, ама некако преживеав, се мерам утринава и немам накачено ниту кг. Тоа и беше поентата, да не се здебелам, нормално дека не можеше да се слабее таму. Единствено алкохолот е една голема минуска за мене, ама не бива побогу, со што да прославиме, со чај од нане ли? И така бидна што бидна, си одиме јово на ново. Добрата работа кај бавното симнување кг - е што бавно и се враќаат. Можете два дена да полудувате малку, без да накачите некој кг.
Мене ми е втор ден и многу убаво се чувствувам, само што утре одам на ОДМОР и се надевам дека таму ќе можам да ја продолжам диетава. Да ве прашам, дали некој пешачи за време на диетата и колку тоа му помага?
Јас пешачам ете баш сега се прибрав, секој ден, и ми помага. Пошто не сум за у сала тип, не можам да рипам нит тегови да дигам, ова ми е ептен погодено. Инаку мене ми рекоа лимон без шеќер од сабајле помагало. Сеа... Една жена што ја знам, има ефект, ослабена е и линии дури добила а немаше. А една друга постара госпоѓа па цел живот пие лимон кога ќе се разбуди и ко мечка е. Ама таа па си јаде ли јаде. :/
Да да знам и мене исто некако, плус не сакам мускули многу само така кардио. Иначе ова со лимонов за мене барем е многу точно. Јас од сабајле пијам топла вода со мед и лимон, негде прочитав дека тоа помагало и навистина многу ми помага. Плус со лененото семе, абе убавини. 3 пати на ден одам во веце
лимунот дефинитивно и мене ми помага ... често одам во вц од него ... утре свечено се мерам на вагата после неколку дена ... се надевам дека нема да ме разочара
Денеска за појадок овошје- крушки, сливи, кајсии. За ручек морав да јадам од ручекот, мајка ми инсистираше- пола чинија мусака. За вечера салата. Знам дека кажав дека само протеини, зеленчук и овошје ќе јадам, ама морав да и направам ќееф, беше на пат, па се врати и ручекот во недела е задолжителен. Утре може шејк или варена риба. Цврсто сум мотивирана и имам огромна волја и желба. Минатата недела беше таква, депресивна . Подоцна ќе одам да пешачам.
Пешачењето е најпаметната работа што може да се смисли за време на диета, ама не пешачење до комшии, туку салам пешачење Јас кога немам можност да отидам надвор, трчам во место дома, всушност бавно трчање, не знам како да го објаснам на некоја убава мелодија, така барем по пола саат, и секако дека е добро чувството. Се потиш, трошиш калории, се затегнуваш Јас денес немам ништо в уста ставено, освен кафето и едно мало коцкиче бајадера кај братучеда ми Сега се мислам да си купам интегрални грисинки, оти не ми се јаде, ама не може без ништо, а од салата ми се одјаде Предлог нешто за залашка?
Кате, можеш и такви грисини или овошје изеди повеќе, јогурт напиј се или супа свари си и јади и така нема многу калории Јас, пак, сабајле јаде праска и цреши, па бевме на св. Наум во Охрид и јадевме таму сендвичи, ама јас зедов само месо и салата и лепчето и од целиот сендвич изедов пола. После дома бевме собрани сите за ручек и ајде, мора да се јаде и јадев пиперки печени, салата од краставици и едно мало парче риба и тоа. До вечер не планирам да јадам, ако ми се пријаде ќе каснам патлиџан или краставица или пак јогурт ќе се напијам. Вода и зелен чај или лимонада ќе пијам 100%, сега ќе одам да вежбам.
Свечено испраќам уште 4 килограми. Тотал: 7. За не знам колку дена. Барем Цаци полека си заминува, не му се бендисав како домаќин. Тоа е, не можеш на секого да му погодиш. Инаку, вода, вода и пак вода, зелен чај половина литар дневно, утрински аеробик-тренинг со Синди Крафорд или евентуално Бето и дружината. За појадок овошје, за ручек С величина од досегашниот модел на исхрана, за вечера млечни производи со зеленчук (смоки со јогурт (зависност )). Чај од магдонос кога можам и Слим & фит Гранд кафе ми се новововедени во режимов. Столицата мислам дека почнува да ми се регулира, со оглед на секојдневното конзумирање на Баланс јогуртот (со истата намена за смирување на штрајкот на цревата). Се надевам овојпат долгорочно.
Колку калории се трошат со еден час пешачење? Отприлика? За вечера еден шејк кој си го направив сама. Ставив нискомаслено млеко, мала банана, не беше цела, 2 белки и цимет, изедов и мало парче пармезан и мало парче сирење. Сега ќе пијам зелен чај. Два литра вода секојдневно. Одам сега пак да шетам, пешачам, оваа ми испаѓа како бонус, кој е секако добродојден .
денес изедов две јајца малку бадеми испив една кокакола лајт и еден портокал цел ден ... истрчав 10км ... и утре се мерам утре ќе одам на одмор ... па ќе ја почнам диетата на ирена хД ... поздраф до сите и со среќаааааа
Денеска иако реков ке се придружувам констариот режим не испадна така.Направиви само стомачни,не моѓев повеќе да вежбам. Вртев хулахоп половина час.Јадев само лубеница,едно мало чоколатче и малце кикиритки.Се причувував мислејќи дека вечерва ке одам на јадење некаде со либето али ништо не испадна од тоа.Така да цела ден гладна сотанв,али нема сеа од нервоза да се изнајадам.Ке продолжам како цел ден со лубеница и така ке завршам.А од утре ветувам пак на старо вежбање,трчање,правилно хранење.итн итн