Јас денес вака 3/90 јх ден Д: банана и чај Р: 100гр интегрални шпагети со печурки и марула В: 3-4 лажици овес, какао, малку млеко, цимет и 2 бразилски оревчиња исецкани. Како декорација јаготки и аронија и коцка црно чоколадо. (не сакав да се трујам со шеќеришта претходната недела ваму таму касни ова она.. ) сега планирам дур учам уште еден чај да си пијам. Инаку 10 км испешачени претходниве три дена.
Д :2 јајца парче сирење и пола кривче ржан леб(еден германски го јадам 1 месец ми се чини) У 1локумче ,кафе и рака бадеми. Р -В: 2 бурита (со мексикана тортелина и пилешко)
Појадок чиа семе и протеин. Ручек, пола сендвич и супа. Вечера, троа пилешко непланирано беше ова, плус каснав малку благо 14000 чекори. Уште некој ден и почнувам со вежбање. Денес не се огрешив многу, добра сум. Обично од сабајле сум ок, а вечер слон можам да изедам. Утре слично мени
4/91 Добар ден, денес ми е конечно овошен ден малку настрана од глупостите од претходната недела од трилечиња, сладоледи бурек алкохол итн.. Одиме сега само стриктно по диетава.
Деновиве ми се крш со исхрана, само искачање и јадење глупости надвор што не треба да ги јадам. Ама па многу се движам и шетам, се тешам... Ни плус, ни минус сум бар тоа добро ама имав план месецов да сум во минус уште некое кг... Ќе се потрудам утре да припазам на храна, не може више вака.
Вешто ја одбегнував темата, ама ме фати мерак да се заозбилам. За мотивација ве испрочитав и излајкав 15 страни наназад . Имаше доста дружби со дијаспората претходните денови, ама си отидоа и може да олабавиме малку од јадење. Јас слабеам со многу салати, па конечно дојде периодот кога зеленчукот има вкус и понормални цени. Од каде го зема?
@Ariel од НОД, предобар беше. Имаат штанд во Ист Гејт, јас го земав од кај Центар за странски јазици. Преубави работи имаат. Еден бар со портокал, гранола и црно чоколадо Денес: појадок јајца и салата , потоа кето бајадерата ја дојадов, па цезар салата за ручек и толку. Маж пак донесе Моцарт кугли, овојпат три варијанти, како да ми беа малку оние што ми прават хаос у глава деновиве
И денес сум добра цура Ручек, супа со брокула плус една кифла Вечера, салата. Ама ме фати криза за благо, го изедов чиа семето што требаше утре за појадок да го јадам 10 000 чекори Ајде утре поумна ќе бидам
Денов крш. Цел ден на јајца и салати се држев и вечерва ужас:пита ,салата со павлака ,фанта. И одма сум балон подуена.Не ми иде ум.Ама стрвна сум на домашно месено бе.
Здравоо, јас дојдов само денешниот грев да си го кажам, ќе бидам на мекици па ќе јадам нешто плус од детокс програмата, салата и месо најверојатно и ако поделам половина мекица, благо ќе гледам да избегавам. Алкохоли и сокови не пијам, тука нема да грешам Од утре пак на детокс, и во среда ви пишам со мерење Поздраав
Рано се разбудив, гладна, гладна... се напив кафе и сега ждерам чиа семе Откритие на деценијата ми е да знаев дека ќе ми е толку вкусно со благ протеин, ќе јадев уште одамна. А не сакав ни да го пробам порано. Ништо ајде, никад није касно. Ручек, ќе видам на работа нешто. Се надевам нема да е кифла За вечера, имам марула салата и туна, оф едвај чекам. Планирам 10 000 чекори и денес, ќе видиме што ќе донесе денов
Што да пишам што да пустам. Полека полека се враќам на лошите навики. Вчера тесто навечер денеска пола кг кока кола. Џабе и овесните мафини и гулашот без леб... Почнав и пак се да дојадувам,да не се фрлиЈер оскудација Секогаш вака правам : 5 во минус после 6 во плус.На добар пат сум истото да го репризирам по стоти пат.
И јас денес криза имав, нервоза ме фати нешто со работа, па и ПМС, аждаја не ми беше рамна . Среќа скоро 11000 чекори сум направила, не знам само како, од дома не излегов. Ајде, утре ќе биде подобро.
Одиме понеделнички со нови сили, доста беше ждерење викендов. Од утре уплаќам месечна за на фитнес и се надевам овај пат со резултати!