Понеделнички, продолжувам со диетата. Резултати немам, ама таква ми е среќата мене. Појадок, чиа семе со протеин и млеко. Ручек, шопска салата плус авокадо. Вечера, туна со марула
Вчера ми беше протеински 5/91 Д: банана Р: две мали ребренца и шопска ама без сирење В: пилешко и патлиџан Барем не јадам други глупости лебови благо и газирано. Денес скробен 6/91 Д: банана Р: ориз и шопска ама без сирење В: ориз и патлиџан Од физичка активност си пешачам играм одбојка со друштво, но ќе почнам во теретана кога ќе завршам со се сите испити.
Понеделнички, да се вратиме на навиките..викенд-поарно да го нема 30 мин Клои Д овесна каша со јагоди У јаболка и галета до путер од кикирики Р спанаќ со кисело млеко В кисело млеко со сусам
Добро утро, добар ден, Викендов пројде што пројде со родендени и славја. Денес доручек пита од црвена леќа и просо. Ужинка: кафе и две raw bar Ручек: Јуфки потпечени со урда и јајца Вечера: Печени јаболки се во план.
Денес немав јајца а ме мрзеше да одам до продавница, па ја дојадов салатата од вчера што ми остана со варено пилешко. За ручек ќе си купев нешто, ама не бидна и јадев марула, патлиџанче и малку пиперка со додаток јајце и сланина што боцнав од кај колешка. Сега знам дека вечер прегладна ќе бидам ама очекувам да не јадам после 19. Си купив бадеми и лешницо 200г, ќе ги јадам неделава ко ќе ме фати лудило. Се осеќам полесно и поубаво. Утре пак си нарачав чија пудинг едвај чекам. Ќе си носам и за вечера нешто ситно ама тоа ручек ќе ми биде.
Забегав јас знам ама ќе пишувам Д парче пита со праз и сирење У 2 овесни палачинки Р -В бурито од интегрална тортиља со пилешко и зеленчук. Неделава ќе сум плус килограм најмалу.
Епа ручав како што напишав ама мама запна да вечераме заедно хамбургер, барем не ставив кечап и мајонез. И само пола лепче, демек ајде да не е цело ама џабе. Ама ако бројам по калории мислам дека е океј. Ете колку би имал калории? Нека има и над 600, пак за ручек оризот ете да е 350 и банана сабајле таман 1000 и нешто нека се. Ах си се тешам
Понеделнички се враќам во форма. Извежбав и цел ден исхрана без грешки. Деновиве морам да терам вака строго, да се опраам за последните денови што избегав од рутина.
Ах душиче тоа И јас вака се тешев порано, почни убаво некој ден па заеби, ај од ова да каснам малку ај од она, и со години вечит диеталец Инаку и јас моментално сум на УН, и како никогаш досега издржав машки четири дена без ниедна грешка мачно е, ама нема откажување
Хаха мене ми е втора рунда затоа се чувствувам како поопуштена, 90 дена пред тоа и ми стана досадно ама морам. Почнав со 87 а завчера имав 73.80 ете не барам многу уште 5 6 кила и тука некаде се држам и јас. Поради тироидната наеднаш се здебелив, како крава станав а од никогаш не бев многу дебела. Важно ајде битно сме почнале нема откажување никако! Подобро со грешки отколку да се откажеме и наеднаш да се вратиме на јадење.
Среќен втор круг значи 14 килограми си ослабела, е па океј е, ајде ќе ги тргнеш и другите. Сори што те искарав, ама ај реков да дадам поттик, знам како е Значи после прв круг не треба пауза, си продолжуваш нареден круг така?
Не не, не го земам тоа во смисла на карање само ете некогаш жив човек ќе ти се сосака, само умерено се разбира. Искрено требаше пауза ама не направив со оглед на тоа што сакам да доослабам, колку ќе успеам толку, и потоа нормално да се одржувам да не дозволам како порано. Да знаев искрено дека е се до калориите одамна ќе имав стопирано, сега кога гледам ми се крева косата во колку мали нешта има премногу калории, а јас такви 2, 3 паковчиња на пример.. И други луѓе кои биле на диета ми кажуваат дека треба да се јаде се ама умерено и со пазење, колку се држиме строго поверојатно е дека не ќе можеме да издржиме па удри брате.. Затоа полека ама сигурно ќе успееме.
Во право си до збор за се што кажа. Ама јас сум чудна малку, ако на пример каснам нешто надвор од дозволеното, ја прекинувам скроз диетата, макар и залче да сум каснала само, сакам да е без грешки, и затоа само се вртев во круг, ама ми се смачи, и овојпат мислам дека сум на вистинскиот пат и си велам дека ќе издржам да не јадам ништо од недозволеното, како и овие четири дена, кои ми се рекорд во неправење грешка Мислам дека после првиот круг требаше да си направиш крвна слика, не би требало да има проблем, ама така препорачуваат.
Не се секирај чудо големо и да касниш, што има врска. Јад првата рунда искрено и не ја држев така стррого, можеби 70% како што треба но тука беа и тие 30% каде што знаев да се напијам нешто или да си поткаснам. Да не дојде шок наеднаш на организмот, а и подобро по полека отколку наеднаш. Сестра ми ослабе преку 28 кила за помалце од 8 месеци ама ништо не јадеше, буквално ништо и се онесвестуваше.. Затоа подобро полека и побавно отколку наеднаш и со здравствени проблеми, и менструација зафркна и се.. Почна полека да јадит ама не доволно а и во пубертет како што е не знам што ќе се прави со неа, се надевам ќе биде во ред се. Инаку правам крвни слики секој месец со тироидната па засега се ми е добро. Не се откажувај никако! Подобро полека и сигурно.
Жал ми е за сестра ти, зборувајте и дека не смее скроз да се изгладнува никако, ќе си поремети се, цел организам, плус во пубертет не се држат диети. Соли и памет ако треба секој ден, ама не ја оставај веќе така да прави. Ти праќам гушки и поддршка и за некој ден ќе пишам абдејт
Денес 35мин Клои Д овес со јаболка У јајце варено Р шпагети со домашпен ќечап В салата туна изгледа ќе биде.. Од оваа недела секој ден ќе вежбам по 30на минути од сабајле..ајде да видам до кога ќе ме држи ентузијазмот..
Доручек- овошен јогурт со пола банана, аронија и малини измешано заедно со една рака мусли, горко турско кафе. Ручек- некоја манџа ќе биди, најверојатно спанаќ со месо, јогурт, салата, парче црн леб. Вечера излеа варени јајца со сиренце или јогурт нешто. Некоја настинка ме фати омалаксана сум плус носот ми е затнат и не сум во состојба барем уште неколку дена да почнувам на фитнес. Се надевам за брзо ќе се опоравам.
На гладно лимон со топла вода. Појадок, чиа семе ( знам, знам) Ручек, пипер и јајца, плус домати и краставица. Вечера, ќе видам таму нешто од маркет, готово, само да не се фатам за пица Денес ќе се пешачи по жешкото Се надевам над 10 000 чекори
Денес на вага 65 абе цветам. И тоа се мерев јадена, облечена итн итн Убаво ми е. Денес ручек чија пудинг, вечера спанаќ со јајца. Ако огладнам бадеми и лешници. Страв ми е да си пробам потесни фармерки