Доручек:Горко кафе и банана Ручек:Пилешко месо, парче леб, салата и шоља супа само со зачини. Вечера:Малку од месото и салата. Од вечер почнувам со вежбање пред легнувањенема да терам класични вежби, туку некои со играње, ќе пуштам музика и ете ти кардио денс
Јас само да ве поздравам. Денов не е за фалење. Дете болно јас ненаспана. Не пазев многу на храна, ама не ни јадев многу. Доручек крофнички домашни со бело брашно правени и со мед. Ужинка рака кикиритки и печено јаболко. Ручек ориз и пилешко и марула и готова супа пилешка. Вечера не знам денес е се што ќе ми дојде. Вежбање нема да има иако беше планирано зашто пак ќе биде долга ноќ а од претходната сум преморена. Мене ми се чини или овие готовим чиа пудинг и како печурки по дожд никнуваат"".
Добро утроо да ве поздравам јас со мерење, 80ка рамно хаха, ме делат 100грама од 79.9 Ова на шала бидејќи целта е накај 75 за мајов, и со детоксов ќе успеам мислам , а од претходна недела сум -1.4кг. Менито во главно ми е салати, овошје, смути, свеж цеден сок, а вчера ужасно ми се јадеше благо па јадев една лажичка путер од кикирики, а суви сливи се изнајадов Поздрав до следна среда
Добро утро Вчера 7/91 јх ден Д: банана Р: 90 гр интегрални шпагети и марула В: смути од банана, млеко, мало лажиче путер од кикирики, мало лажиче мед и аронија. А отстрана еден портокал и редче црно чоколадо. Фантазија Не сакав да се трујам со шеќери, подобро природен шеќер. Денес 8/91 овошен ден. Се мерев сабајлево и пак најмала бројка 73.5 пресреќнааа ајде до крај на мај уште минус 2 барем.
И вчера бев добра, појадок чиа семе и салата за ручек. Без вечера, ама јбг, ептен касно се прибрав. Денес пак исто, чиа семе за појадок. За ручек, се мислам суши да јадам. Рано е уште. За вечера уште порано Вагата тргна надолу 1.1 за недела дена
Јас и вчера исто океј бев со исхраната. Денес не се мерам, прошла недела секако ми беше цела утка, за 2 дена што пазев нема што да се мерам сега. Идеме даље.
Добро утро. Сабајлево минус 500 грама. Не знам како и зошто кога имаше и родендени и даски и се останато ама некогаш може и опуштањето влијае. Значи генерално сум пазела што јадам и колку јадам. Сега со нови сили напред. Денес доручек готов чиа пудинг од Hazel. Калории не знам ама во него има чиа семе, млеко од индиски орев, банана, малини, капини, боровинки, аронија, цимет и пует од кикирики. Ужина не знам што ќе биде. Ручек варено ќофте (месо, интегрален ориз, тиквица, морков и павлака). Вечера млеко планирам да биде.
Имало тема како за мене, може ова ќе ми помогне. Ме примате? Цел живот сум дебела ама никогаш како сега. 99кг бев минатата година, но поради прележана корона и малку труд стигнав до 91-92кг. Се држам на килажава тука некој период. Искрено во моментов и 70 и некој килограм да стигнам би била задоволна зошто кога бев таа тежина не изгледав многу дебела, висока сум, онака ми стоеше таа килажа до некаде и можев да си најдам и облека, M носев, не беше сериозно. Сега се фрустрирам при секој шопинг. Може во друштво слабеењето ќе ми биде полесно. Не знам како да држам диета и режим, цело време се откажувам за брзо.
81.9 утрово, значи 1.1 помалку од минатата среда. Денес доручек/ручек 2 мафини со малинки и боровинки, без шеќер и пченично брашно. Хит ми се овие за доручек овие 2 недели што избегнувам процесиран шеќер. За вечера дома ме чека грашок со мелено месо. Вчера истиот доручек, за вечера печена риба и варен зеленчук. Утре истиот доручек, за вечера интегрална тортиља со пилешко. На работа неделава одам во фустани зашто панталоните ми се бајаги широчки, може да ми паднат некаде.
Не држи диета, имај квалитетна исхрана (односно lifestyle). Намали на големина на оброци, исфрли процесирана храна и вметни одредена физичка активност.
Пробувам ама немам многу време. Мора да почнам сериозно. Не сум упорна и редовна во целта тоа ми е проблем. Последниве години онлајн настава, седење постојано пред компјутер, учење цел ден и ми влијаеше. Се би дала во моментов да видам 8 напред на вагата, од оваа 9 ми е дојдено преку глава. Прва цел ми се 89кг. Еве од денес официјално почнувам. Карајте ме ако не сум редовна и дисциплинирана.
Денот го почнав со ѓеврек со маслинка и јогурт. То значи денес ќе се фокусирам на помал внес на калории. Не е дека направив којзнае каква грешка, ама обично не доручкувам јх. * мала исповед.
Разбирам, но можеш да направиш промена во исхраната. Нешто јадеш како и да е. Бирај избалансирани оброци и ужинки. Имај 3 оброци, секој ден во исто време; 2 ужинки, помеѓу оброците. Ваквата исхрана нека ти биде секојдневие, а не период со краен рок. Така нема да ти биде потребна упорност, зошто ќе ти биде начин на исхрана. Затоа треба да смениш перспектива и да си ја наштимаш дека од сега поголемиот дел од времето ќе јадеш избалансира и оброци.
За почеток исфрли работи што знаеш дека ти сметаат. Мислам дека е полесно да се држиш до одреден внес на калории дневно 1200—1500 дневно . Има апликации што може да ти помогнат во тоа (мене на пример самиот телефон ми има таква функција, а имам и MyFitnessPal инсталирано). Е сега второ е битно какви калории ќе внесеш зашто не е исто чоколадо да јадеш или банани на пример. Гледај да не внесувам шеќери и бело брашно и повеќе овошје и зеленчук да јадеш. И почни со вежбање прво по 10 минути па зголемувај имаш на YouTube beginners видеа од 10 минути па нагоре). И почни тука да пишуваш се што јадеш и во апликациите па ќе видиш што и како треба да подобриш.
Јас би ти советувала да се приклучиш на некој програм. Скроз е поинаку со поддршка. Јас на тој начин ослабев скоро 30кг и си ја исполнив најголемата желба, да станам мама повторно, откако ќе се породам пак ќе се вратам на дружината на Ана Стојанова. Одбери кој и да сакаш план и програма, има и такви кои даваат вежби со исхраната и ќе ослабеш полесно и побрзо и ќе имаш поддршка.
Браво за твојот успех. Инаку не ми се свиѓаат такви нутриционисти по интернет и програми, не сум заинтересирана за тоа. Плус немам пари за тоа да фрлам, студент сум и секоја пара ми е пребројана. Како некој што учи наука за човекот многу добро знам дека физичка активност и дефицит на калории е се што ми е потребно. Во теорија се знам, во пракса ми е тешко да применам само поради мотивација и слабо слободно време. Затоа тука вака ќе ве читам, секој ден ќе пишувам и се надевам ќе стигнам до посакуваната цел полека.
Здраво те следам во групава од порано. Која исхрана ја држиш ако не е проблем да ми споделиш овде или во порака.