Ништо посебно. По мој режим, се трудам да имам балансирана поздрава исхрана што ќе ми е како lifestyle. Избегавам благо, газирано колку можам и тоа отприлика. Црн леб јадам со години така што и бело брашно избегавам освен некогаш ако си се почастам за доручек нешто купено од надвор. Не сум се придржувала никогаш на диети од интернет, ни ништо. Како ми одговара сама си правам. Знам некогаш и да каснам нешто покалорично, си продолжувам со следен поздрав и помалку калоричен оброк и тоа е тоа. И вежбам по дома.
Не се мерев ама знам дека сум во плус. Не пијам вода,подкаснувам бело брашно,на неколку пати се напив и газирано и тоа е . Месец со многу слави прослави а и обврски поради кој немам време да си спремам посебни оброци.Всушност се се ова изговори. Ќе се оправам до Илинден ене кај е . Кажи @Ariel
Денес имав овошен ден, го издржив портокали банана лешници марула, но многу сум гладна моментално!! Треба да ми дојде ми касни и се ќе изедам ама за среќа научив да се контролирам. Умирам денес за јадење ама тоа е..
Исто. А, се пофалам тука одма ќе згрешам. Цел ден бев послушна и вечерва некој глад ме фати. И јас сум во пмс и си каснав нешто што не ми беше планирано за денов. Ајт, утре подобар ќе биде денот.
Здраво девојки. Дали сте слушнале за нутриционист Клаудија, дали некој има искуство? Мислење, совет? Фала, поздрав
Вчера ја е.ав работата. Се јадеше пица на работа и каснав едно парче, ми иде сега шамар да си врзам, ама ајде, тоа е. Сега пак наново борба за кетоза . А толку убаво ми беше, али ај... Денес појадок некое јајце, ручек цезар салата, вечера ќе видиме. Може да си земам една краставица па на работа таратур да си направам. Ќе смислам нешто. На 4,5 кг до целта не е во ред да се вратам назад, нели? До 5 јуни сакам барем до 63 да стигнам, ќе бидам во топ форма за на одмор
Ќе бидеш..чим ти тргнала вагата назад не се грижи, само терај .. Леле за мене еден стап, ама така поголем..три дена се како треба и синојка што ми требаше месев кифли - интегрални демек за сабајле абе 3 изедов..глупача. За денес Д овес со јаболка У лешник Р салата В ништо и вода ќе мерам пак денес.. Ми фали надзор...ми фали срам да ме фати од некој да ми рече нели бе на диета си што правиш..сакам таа 69ката да ја видам што побрзо ама сама се сопирам..со грешки еден куп..
Добар ден, Сите сме луѓе сите грешиме. Битно се исправаме и пак одново си тераме. Денес доручек потпечена јуфка остаток од некни. Немам време да смислувам оброци. Уште сум растгрната меѓу болно дете и работа. Ручек: телешки мускул со копири и моркови Вечера не знам. Битно во план е вежбање вечер.
Добар ден 9/91 протеински ден Д: банана Р: 2 туни, кромидче, печурки и патлиџан В: се мислам дали уште една туна и салата или само салата. За ручек сува тежина едната беше 110 грама а другата 130. Таа од 110 гр имаше 84 калории на 100 гр. а таа од 130 имаше 164 калории на 100 гр. Инаку 160 и 185 беа нето грамажите ама убаво го исцедив маслото. Не знам дали да јадам за вечера уште една од таа 110 грама сува тежина или не.. Мислење?
Речено, сторено. Појадок, чиа семе. Кај и да е ќе ми здосади. Ручек, телешки стек плус салата од домати и краставици. Вечера, што ми зготват, тоа Се осеќам малку полесно, јас изгледа сакам 500 грама секој ден да слабеам. А толку не можам ни да се здебелам, ама ете, пуста желба
-Овес со јогурт вишни и мед. -сендвич со интегрален леб гвакамоле и мортадела.И цела краставица. Криза за леб имам страшна деновиве..После нагоре вагата па нормално...
Вечерата ми беше само салата, испешачив 11 км 15 илјади и нешто чекори. Ама пред пешачење овој мојов купил сладолед и ај сега... Затоа не вечерав туна туку само салата. А сладоледот од 250 калории го испешачив барем. Добра ноќ сега легнувам, ќе станам рано утре за испити да учам.
Се мерев сабајлево и иако сум на ден до добивање менструација, се изненадив кога видов бројка од 64.1 кило. Пресреќна сум. Полека полека се топат грамовите, се надевам од понеделник ќе стигнам до бројка од 63. Денес на мени: Доручек банана, протеинско барче и горко турско. Ручек- ориз со туна и салата марула Вечера варени јајца или интегрални макарони. Вечер и ќе бидам излезена па ќе се поднапијам малку алкохол, се надевам нема да ми направи штета.
Денес за појадок јајца и сирење пржени на путер + младо кромидче оти немав никаква салата. За ручек си носам зелка со свинско, салата од некни имам у фрижидер на работа + јагоди и малку јаткасти, ако ме фати глад до вечер. Планирам да ручам кон 16 да вечерам во 20, а како ќе биде ќе видиме. Едно парче кето бајадера за сваки случај . Цела недела некој части во оддел, ни едно благце немам каснато Ќе се мерам, здравје, ко ќе се доберам до вага.
Се враќам и јас на темават. Вежбам еден месец и сум спуштила некое килце. Ама јадењето уште не го средив, јадам повеќе од што треба. Од утре планирам само краставици за вечера, па ке видиме што ке направам. До одмор сакам да спуштам максимално колку можам. И циклусот само што ми заврши, нема да имам кризи за благо.
10/91 скробен (втора рунда) Д: 2 портокали, кафе и чај Р: само што ручав, манџа компир со зелка, кромидче и патлиџан внатре, без запршка, едно рајс кејк не сакав леб и шопска само без сирење. В: салата обавезно и можеби малку манџичка пак На пешачење ќе одам кун 5 и нешто обавезно пак над 10 км. Можно е да излезам на кафе после тоа отприлика едно нескафе колку калории има? Знам дека во диетава не смее но не ја држам толку строго колку што пазам на внес на калории.
Добар ден, Вчера извежбав ми дојде душа на место. Денес доручек питата од црвена леќа и просо намачкана со домашен кајмак (директ од Србија донесен мора да се јаде). Ужинка само едно нес. Ручек месо и грашок. Вечера не знам сеуште што ќе биде. @angelche16 калориите ти зависат од големинаа на кафето и дали ќе има или нема да има шеќер. На пример 100 милилитри полномасно млеко (3,2%) има 62 калории. Една лажичка шеќер има 20 калории.