Девојки јас ја постигнав мојата цел, дојдов до посакуваната килажа со хроно режимот! За три месеци симнав околу 13-14кг, во моментов сум на начин на исхрана кој мислам дека мене ми одговара и не ме дебелее. Најбитно од се е да откриете што е тоа што не ви одговара во исхраната, јас воопшто не јадам бел леб и тестенини, ги заменив со тонус и тестенини кои се по хроно, за ручек јадам се само не леб, за вечерата важи златно правило: до 19, најдоцна 20 часот да е изедена и тоа нешто лесно, благо многу малку и тоа црна чоколада (една коцка) или некоја овошка, за сокови да не зборам, освен свежи цедено друго апсолутно ништо. Откако се свестив што си правам сама на себе поминаа 4 месеци, презадоволна сум од својот изглед, не сум гладна и не сум веќе буце бидете упорни и направете си трајни промени во начинот на исхрана
Дајте поддршка, значи у постот симнав 6 кила, после се опуштив, качив едно, и сега цела недела пак на 16/8 сум и сум качила кило, а јадам само салати и појадок интегрален леб. А и ми касни плус, па се надевам дека е тоа Мака ми е дека се трудам, нема да симнам за недела две ни кило и се разочарувам. Кога е моментот да се прекрши и да видам резултат за да ми даде волја?
Резултати видливи после месец дена. Не се разочарувај. И секако пред циклус и за време на циклус не се слабее односно не се познава заради задржување вода. И најди режим што ти одговара. Ако си само на салати можно е премалку калории да внесуваш и затоа не слабееш. Јас на пример слабеам со брзина на полжав. За мене 300 грама неделно е успех. Сум се разочарувала и претходно и сум се откажувала. Сега некако бев поупорна ради форумов и еве скоро па успеав. Е сега и хормоните ти играат улога. Ако се пореметени тешко слабеењето оди. А врзан круг се. Ако ослабеш се оправват малку и тие. Фержан напишав.
Добро утро, јас доаѓам за гревовите да ги искажувам и мерење да кажам До денес а и денес добро ќе се држам, ама утре за ручек планирам да се почастам интегрални тестенини со сос од печурки еднаш неделно го грешам детоксов, ама толку и треба да го држам, една недела, само што јас гледам да го исфорсирам до свадба колку можам @Cka пред и за време на циклус покажува дури и 2кг повеќе, ќе спласнеш после него верувај, барем јас така. Друга работа, не се прегладнувај за телото да не штеди, јади почесто но помалку, секогаш кога си гладна, касни нешто нискокалорично да те задржи до оброк. Научи го телото да троши. Ако не му даваш доволно храна, ќе стагнираш... Трето, 16/8 сум цел живот, така функционирам едноставно, ама не ми играло врска во слабеење.. важно е колку ќе внесеш калории во текот на денот, а не кога, нутриционистов ми велеше само да не е баш пред спиење, да има луфта некој саат. Така да, на тоа јас не се потпирав многу... Друго совет немам, ако имаш време и волја, да вежбаш, да пешачиш повеќе барем. Ајде можеш
Вчера за вечера имаше благо и тоа еден мал еклер, едно моцарт топче и неколку залаци торта. Денес прв ден од циклус и веројатно Хулк од вчера имаше причина. Денес пак ОК со јадење сум. Доручек проја со тиквици и моркови и малку кајмак. Ужинка нес кафе. Ручек јагнешко со спанаќ. Вечера се надевам млеко или нешто ситно друго.
Добар ден денес 11/91 јх ден Д: 2 портокали Р: интегрални шпагети со сос од печурки домат, кари бибер.. Не знам што имаше тато го правеше ама превкусен, плус шопска без сирење В: нешто благо ама не знам што... Како што ми касни 10 дена може затоа се чувствувам подуена или гладна.. Си испешачив 10км и одам да учам за испит.
Ви имам спомнато колкава слабост ми е благото? Терав супер цел ден, после вечера моите отворија 300 грамска милка со лешници и изедов цели три реда. Т Р И! Којзнае колку калории внесов. Па ко да ми е малце тоа, зачинив со едно мачмелоу после милката. Ова не е нормално.
Денес ручав пастрмајлија, нема да јадам ништо до вечер ама ќе вежбам..не се слабее вака, знам ама пак во круг се вртам..ова моево е одржување тежина Ај ќе се уозбилам може конечно иде лето..
Тука сум и јас, најлошото што јадев деновиве беше компир. И малку торта де Месо или риба секој ден, плус салата. Е видиме до кај ќе стигнам. За некој ден планирам да се вратам на моите омилени варени јајца Лани симнав 12 кила со нив, сега ќе видиме Коленото ептен ме зеза, не можам да пешачам од него деновиве
здраво, дали може некој да сподели искуство за нутриционист Емилија Спасоска Мојсоска? Решив да почнам кај неа. Па ме интересира од прилика како сте задоволни. Колку се слабее од прилика првата недела? Колку втората? И кало сте генерално задоволни од Емилија?
Денес требаше да ми е овошен ден но бидејќи утре полагам и немам кај да готвам го сменав во протеински денес а утре обвошен. Д: 2 портокали Р: пилешко печено месо со сос од печурки патлиџан, кромид, кари бибер и зелка салата со цвекло и краставици. За иштав пробав 2 мали компирчиња печени. В: ќе вечерам сега само исто месо со сос а салата ќе видам ако има нешто
Ама зошто? Зошто вака да се измачуваш кога имаш милион предлози за здрав начин на исхрана со кој доживотно ќе си го решиш проблемот со килажата? Стварно нема потреба од вакви ригорозни начини.
Имам здравствен проблем и читав за автофагијата и се зачленав во таква група на социјалните мрежи и гледам многу од целиот свет ја држат
Најчесто оваа го користат заради здравјето ама и се слабее, наравно без крвна слика вакво нешто не може секој да го држи сакав да прашав нешто во врска со ова дали некоја држела и го средила проблемот..
Ако е поради здравјето и прво со крвна слика океј, ама стварно немаш потреба од вакви работи.. земи личен тренер или нутриционист, што било, ќе успееш девојче и така Ќе ти се среди здравјето верувај и на тој начин.... Не се измачувај... храната е гориво сепак... јас не би можела, би се онесвестила најверојатно уште втор ден само на вода... не си прави проблем кај што го нема, другарка се будалеше вака, 3 дена не јаде, 4тиот ќе јаде, се онесвестуваше, крвта и ослабна... а здраво право девојче, со 10тина кг плус беше, ништо повеќе Не си прајте вакви работи
Да, јас имам искуство..и еве ако прочиташ наназад од Јануари навака што имам пишувано ќе видиш што дава..мене ми помогна само 2 месеца уплатив, ОК е..ама не с евратив на јадење благо никако цела година (лето сладолед малку и понекогаш благо-здраво). Издржав синојка не вечерав само пастрмајлијата за ручек.. Е за денес Д овес со јаболка У банана Р урда со јајца В салата Вода и вежбање..
да, супер, јас од прилика најдов менија за 5. недели од една другарка. Од прилика знам што дава и како изгледа диетата. Закажав чисто да одам нели со моја крвна слика, со мое лично мени, нешто што ќе се однесува на мојата здравствена состојба. На пример некој може не е слабокрвен а јас сум, некој може има шеќер холестерол а јас немам... нели за секој е индивидуално во зависност од состојбата и од тоа со колку кг почнуваш. Повеќе ме интересираше од прилика за еден месец колку се слабее, како оди слабеењето по недели? Дали има стагнации и дали траат долго? Дали препорачува комбинирање со фитнес или било какво друго вежбање?