Доручек - овесни снегулки и кисело млеко - 500 калории Ручек - Спанак со просо и краставица - 500 калории Вечера - салата - 200 калории
Сама си го правиш менито? Протеини ти фалат во ручекот и вечерата. Во овесот додади една лажичка мелено ленено семе. Може и микс од семки, за масти.
И моето мени беше со појачано железо..мене ми беше ок, ослабев ама сега сепак е индивидуално колку како се придржуваш..и со ова нутриционистиве е тоа имаш напредок додека им даваш отчет нели секоја недела се мериш, пазиш што ќе внесеш..мене на почетокот ми беше претешко, многу малку храна ми беше , вода 2,5 литри неможев да испијам..е после е ок..имам јас уште добри 7 кг да симнам до она што сакам..ама пусто сама на себе неможам отчет да си давам и да се срамам..ама па здрави навики на долг рок секогаш вродуваат плод...е сега околу вежбањето, јас и пред да почнам со Емилија одев на пилатес, сега дури и повеќе вежбам и ми е многу убаво..вежбањето со режим на исхрана е добитна комбинација..
Сама си го правам да, инаку да, баш на тој принцип во секој оброк да има извор на протеин. А ова сега што го почнувам од денес е од прилика врз основа на менито од Емилија (полека полека да се навикнам) консултацијата ми е дури за две недели. Инаку спанаќ со просо вака зошто сум читала дека просото е извор на протеин меѓудругото, па си викам ај да не биде секој ден месо. Инаку од денес луѓе почнувам со режим, здрава исхрана и воведување некој нови навики.. Па нека ми е со среќа и на мене и на сите што слабеат тука на форумов.
Добар ден Денес доручек банана, јајце, две лажичка протеин и две лажици овесни снегулки печени како колач е во микро. Ужинка шака кикиритки и нес кафе Ручек јуфки потпечени со урда Вечера не знам. Се надевам само млеко.
Денес зезнав имаше причина за частење и излезени бевме повеќе души. Јас и дечкото зедовме пилешки прсти посебно, и цезар салата по пола. Во порцијата нормално од стана имаше и компирчиња. Ај после тоа зедовме и благо.. Ова го јадевме во 11 сабајле и од тогаш в уста друго ништо, само вода. Се надевам дека ќе останам на вода, или крај краева ќе земам марула салата. Ама сакам да останам на вода да не внесувам повеќе калории.
Вчера ја зезнав работата со едно мало парченце торта. Мало ама сепак зезнав Затоа денес се по протокол. Појадок цезар салата, после тоа некоја јаготка, ручек, остатокот од цезарот, вечера кафе . Ама па каснав црешки, не можев да им одолеам Немам вага и не сум се мерела, вчера ми донесоа орбитрек на користење, па и да вежбам малку и тоа....ќе видиме како ќе биде. Утре чија пудинг, ручек пилешко и салата.
Денес Д овес со крушка У леблебија и бадеми Р тиквици и компир ќе пржам ама копнир нема да јадам само тиквици и салата В кисело млеко со сусам
Имам мн вишок на кг, во см се мерам ослабена сум но во кг ништо, инаку само пешачам дневно од 7 до 10 километри
Сало не се претвора во мускул, две различни работи се. Сало се "топи" (намалува), мускул се зацврстува/зголемува. Веројатно на тоа мислиш, дека топи сало, а зголемува мускулна маса. Пешачењето е кардио, топиш од мастите, 10ина километри е солидно за пешачење. Само со таа физичка активност не ми се верува да зголемуваш мускулна маса, претпоставувам дека внесуваш доволно калории за да не слабееш, но физичката активност е таа што ти помага во обемот. Што е супер!
Пишувам касно, веќе е редно да се придржувам построго кон режимот. Денес скробен ден, а утре овошен. Па ќе го фатам редот, малку ми се поремети. Д: банана Р: леќа, марула и кромидче и едно парче лепче В: леќа и шопска без сирење. Уживам кога јадам леќа, сосем се чувствувам најдена. Утре ќе ми е овошен, а сабајле ќе се вагам и ќе пишам овде но не очекувам да е многу долу бидејќи и толку строго не се држев. Некои денови морав да ги менувам и малку утка ми се стори. Сепак сум минус но може некои 300 до 500 гр ама ајде ќе видиме утре.
Добро утро денес сум 79 рамно, исполнив прва цел очекував повеќе со детоксов ама и се частев, во неделата не беа тестенини ами пиперки домат и јајца пржено (со водичка повеќе, масло само една лажица) Вчера вечер имавме гости ама земав 2 фурнаринки, 2 пилешки прсти и салата краставица павлака, не беше нешто страшно мислам Идеме понатаму, ви пишувам следна среда
Јас друштво сум во плус повеќе од килограм. Малку невнимавање и тоа е.. За да ја одржувам тежинава треба постојано строги рестрикции... Немам време а ни воља месецов за балансирани и планирани оброци за мене ,не пијам вода и тоа е. Нека помине месецов па ќе се вратам белким на построг режим.
Јас сум изнервирана од оваа проклета вага! Минатата среда бев 73.5 некој ден потоа 73.35 па намали 72.75 па вчера 73.35 и денес да ми кажит 73.90 еј која будала... Ама ми касни две недели таков ми е организмот, осеќам дека треба да ми дојде ме болат градите. Вчера па и повеќе течно со леќата јадев. За 4 дена не е можно кг да качив ова е вода секој ден ми се менува а и дека ми касни би требало да е тоа. Така 10тина дена си стојам во место, се надевам после наеднаш ќе оди долу. Инаку денес овошен ден, досега испиено околу 700мл вода, кафе и банана. Ќе го фатам редот, деновиве имав и стресови и факултет ама не јадев пак глупости освен тој ден кога пишав со пилешките прсти кога бевме на частење.