Ај да чкртнам. Се мерив,само 1 кг сум во плус од најниската тежина што ја постигнав а од минатата недела сум исто. Внимавам колку можам и кога можам,ама премногу разноразни прослави... Се вратив на,доручекот со овес, ручам со тонус,по некое бурито со интегрална тортиља,треба од хроно питата да направам и тоа е ... Битно можам да влезам во фармерките од пред 5 години...
Здраво девојки. Не се водам по ун режимот толку строго туку сега си јадам од сѐ само бројам калории. Не сум вагана, ќе се вагам утре последно бев 73.35 но имав циклус. Се надевам утре нема да ме покажи во плус. Прашањето ми е сакам од утре да почнам во теретана но не сакам вагата да оди нагоре, не сакам да се здебелам. Едвај од 87 ги спуштив на олку. Имам уште едно 5 6 кила за спуштање. Што велите да почнам или не? Само не сакам да изгледам дебело.
Обавезно да почнеш да вежбаш. И бројката на вагата ако оди нагоре (а нема да оди ако пазиш на исхрана) изгледот на телото ќе ти се промени. Ќе изгледаш постегнато, послабо. И ќе се чувствуваш пополетно, ќе имаш повеќе енергија. Опсесијата со бројката на вагата не ти е добра. Фокусирај се на мерење обем, не на килограми. Денес доручек чиа пудинг. Ужинка кафе и јагоди Ручек пилешки прсти (што останаа) и салата Вечера се надевам само млеко. Од утре сум на шетање нема толку пазење ама ќе има пешачење.
Здраво девојки, прекинав ун и си јадам се што сакам само бројам на калории. Д: 1 мал сладолед на стапче Р: 2 туни конзерва внатре со кромидче, пченка и лута пиперка Зедов едно редче милка, частеа В: 2 јајца, патлиџан, краставица, печурки, едно мало парче печеница, едно мало парче кашкавал и малку јогурт. Испешачив некаде 7 км и сабајле возев велосипед 40мин. Гледам да внесувам повеќе работи каде што има протеин, денес така ми испадна со благово ама ајде, го испешачив.
Девојки, кај сте? Како оди? Јас сабајле јадев банана, другото цел ден месо, но со пазење на калории. Подобро протеини отколку јх. После вечерта какао и 2 портокали.
Исхрана без шеќер и брашно практикувам од денес.Забрането од гинеколог. Овошје салати манџи житарици млечни јатки риба пилешко печурки јајца. Бавно оди минатиот пат за 5 недели -5 кила Денес Палента со сирење домат Мусака салата 1 јајце к.млеко Меѓуоброци овошје јатки
Добро утро. После пауза од 4 дена со буквално мнгоу храна се враќам на режим. Ама битно се опуштив и уживав. И пешачев прилично. Доручек: смути, потпечен леб со тиквички и урда. Ужина: Не сум смислила Ручек што ќе јадат кај мајка ми тоа ќе биде Вечера: млеко Вечер ќе се вежба исто после пауза од неколку дена.
Добар ден. Јас реков си јадам се само пазам на калории. Леб не јадам ама благичко знам да каснам, сладолед такви работи. Денес се вагав чисто онака без облека но од кога се изнапив вода и кафе и банана. Ми кажа 71.90 значи некаде 71.5 би требало на гладно да сум. Како и да е за мене е преголем успех и продолжувам понатаму. Еве и тироиднава и откако ми ја смалија терапијава пак ќе треба да ми ја смалат. Ете колку е подобро да си послаб отколку подебел.
@Marija Stela ако славееш по едно кило неделно тоа е на горна граница на одржливо слабеење. Топ си ако така брзо ти оди. Инаку во принцип бел леб и бел шеќер не се добри за ништо. Немаат никакви хранливи состојки.
Јас тука сум, еве 3 дена пред свадба уште ве следам со моментален циклус, 2р ден и подуеност и се, 77кг, на здравје нека ми се се дружиме пак после свадба
Ден за БМИ е денес Јас конечно видов 7ка напред утрово - 79.8. БМИ 28.2. Сега сум на килажата лани ова време што ја имав. Целта е до кај септември околу 70. Поспоро оди надолу ради инсулинската резистенција, ама битно оди. Досега 11.5 кила во минус од најголемата измерена тежина во февруари, а во обем ептен се приметува.
Е супер, баш ми е мило.. Јас не се мерев , под голем сртес сум нит храна пазам, само вежбам, башка и 2 ден добиено..следна недела ќе видам...
Добар ден, Еве и јас да пријавам. Се вртам неколку недели горе долу 200 грама. Денес 200 граам минус оф претходна недела. Ама ќе видиме што е. Битно добро изгледам и во 38 број влегувам. Од оригиналната цел сум 200 грама над. Си поставив нова а тоа е уште едно кило ако можам да ослабам. Продолжувам со режимов зашто ми годи. Вчера вежбав. @Vanilla15 супер да си поминеш на свадба. Ќе бидеш најубава невеста.
Здраво женскии, БМИ 27.3, до толку се успеа, ама обем е повеќе па, задоволна сум да сме живи и здрави тоа е, сакав повеќе ама ок е, на сиот стрес арно не се вратив на 90 @angelche16 @JoyJoy фала вии, само убавини да се враќаат