И јас така си викав дека од утре од утре и се откажав мислев никогаш нема да ослабам... Ама ненадејно почнав да го менувам начинот на исхрана здраво да се хранам, се запишав на фитнес и еве после точно 3месеци ослабена сум 20кг и чувството е неописливо Мораш да го издржиш почетокот секој почеток е Тежок ама поминува и се навикнуваш на нов начин на исхрана... Така да биди упорна пошто упорноста секогаш се исплати
Морам да се пофалам дека за една недела симнав неколку грама,без диета.Почнав повеќе да се движам и да јадам по еднаш или најмногу 2 пати на ден по малцее и конечно има бар некаков резултат Среќнаааа сум
Јас свечено изјавувам дека денес си дадов некој вид на слободен ден. Мајка ми беше слободна, па почна од сабајле со лазањи, преку преубавото печено селско месо со кашкавал и триста тракатанци, па преку торта, за на крај поштено да го заокружиме денот со нескафе и сладолед. Не јадев по многу ама од дрч пробав од се по малку. Утре го качувам брат ми на кајсија и цел ден кајсии ќе јадам. Плус човекот ми оди за некој ден на одмор тие 20 дена има да се држам ултра строго, кога ќе се врати да го мавне шлог. Уште малку и ќе ме собере една стара кошула која ми беше една од омилените. А брат ми ми ја изместил вагата од местото па прееска кога се качив покажа со сигурност некои 30 килограми вишок, па ја поместив и пак се качив и ми даде една цифра толку мала, што едната ци*ка да си ја измерам не ми тежи толку. Ништо. нема задоволство од вагата. безобразие али сакаш од тоа пластично суштество. Поише си го сакам метрото. Мај бест френд никогаш не лаже.
Пробајте пијте чај од Кирколина за слабеејне SLIMLINE Мусли микс се мешавина од житни снегулки со кајсија, слива, јаболко , суво грозје и содржат 30% помалку калории споредено со мусли со стандарден состав. Slimline муслите се збогатени со Л-Карнитин, кој игра важна улога во контрола на телесната тежина и не содржат додадени шеќери. Житариците т.е корфлекс без шеќер и снегулките со трици, присутни во Slimline муслите придонесуваат за истите да имаат високо ниво на диетални влакна. Slimline Мусли микс се идеален оброк кога сакаме да внесуваме помалку калории. Се подготвуваат мошне едноставно, само потопете ги во млеко или јогурт и уживајте во крцкавите вкусови. Зошто Л-Карнитин? Л- Карнитинот е состојка со значаен придонес во контрола на телесната тежина на долг рок. Студиите покажуваат дека комбинацијата на Л- Карнитин, намаленото внесување на калории и редовна физичка активност помагаат во постигнување на здрава телесна тежина. Виталиа го употребува Carnipure - најчистиот Л-карнитин кој потекнува од Lonza Ltd, Швајцарија.
Трети ден ми е, и сега за сега добро ми оди. Денес одам на одмор и за да не направам некоја ГЛУПОСТ си подготвив здрава храна за по пат. Правец - слабеење!
Ај и јас да си се исповедам во темава Од денес сум на диета, поточно на режимот на Ирена. Одамна му се имам намерачено ама никако да почнам. Чекав да се стабилизирам малку после наглото слабеење 4 кг за 5 дена. Ама не по своја волја. Еден ден не јадев ништо, шетавме по ептен топло време, ме утепа сонцето. Утредента ништо не ми се ставаше во уста. Наредниот ден исто. Четвртиот ден кога почнав да повраќам. Дехидрирав. Завршив на брза помош. Наредните денови почнав да се стабилизирам, почнав по малку да јадам. За во иднина за памет, мора нешто да се стави во уста, макар и еден залак. Само што изедов 4 поголеми кајсии, сега ќе си сварам едно кафе. За ручек ќе јадам како и останатите само без леб. За вечера ќе си направам шопска или мимоза. Мене ми требаат до 10 кг минус, ама не се брзам да ги симнам летово
Сакав за конзумирањето на лененото семе да изјавам нешто. Лененото семе помага во принцип за олеснување. Бидејќи во сите диети кои задолжително содржат ленено семе, се потенцира да е мелено, а и како што претходно кажав дека немелено не се обработува доволно добро во дигестивниот систем, најдобро и најлесно, толчете го во аван. Помалку замарање се создава околу растворањето на неговите хранливи материи. Јас по една супена лажица толчено ленено семе, додавам во муслите со млеко.
Здраво на сите!!!!Имам слуснато дека ако не пијаш вода пола сат сат пред да јадиш и после јадејне да не пијаш вода исто толку време!па сакав да ве прашам дали некој има пробано со ова Дека се слабеелооооо Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај
Анушка, тука нема што да се пробува. Така е поубаво затоа што ако не се пие вода половина час пред и после јадење храната полесно се разградува во жледникот, а кога конзумираме вода ги разградува жолчните киселини и ајде да речеме поголем дел од храната се лепи на нас.
леле дечки ке си пукнам од радост...денес 6ти ден од мојава диета....и вчера кога се измерив -3кг ......затоа денес само што отворив очи си се почастив со едно шери бонбонче ... да ми заврши седмиот ден леле како ке си се почастам со една пита со спанак и сиренце... ајде уште 3 кица и стигам до идеалната (демек) тежина...не манекенска според вас, која би била идеална тежина на висина од 180см?????
Мелани и јас како тебе денес среќна среќна,че полетим од 30ти си продолжив ја со исхраната,ама вчера роденден ми беше и си викам ааааааајде бе еднаш ми е роденден и торти,пици,ова-она...Сабајлево ај се качувам на вага чисто информативно,кооога гледам -1 Ѕвер сум бе ѕвер сум
најпрво елени срекен роденден, и нека те следат многу успеси во нареднава год. (супер поклонче за роденден си добила сабајлево) фала трендафилке..значи не сум била во заблуда. сега сум 69 ама ке ги терам до 66 па нек пукну душмани а анушка..јас сум душо на диета уште од март (ун диетата)....само последниве 6 дена сум само на овошје и салати ...значи јас веке ја имам исфрлено водата од организмот па можам да си дозволам повеке гладување...а и моментално сум повредена и не вежбам
Девојки лебче немам каснато 1 месец .. Не се дрзхамна некоја диета али гледам повеќе овошје и зеленчук да јадам .. за ручек јадам све што има дома без леб само.. Немам вага да се измерам.. али што ме гледале викаат дека сум ослабанала малце..
Јас сакам да ви кажам дека од утре почнувам со диетата на Ирена. Си зацртувам 15 килограми за 25 дена. Од сабајле ќе јадам овошје, геврек, кифла, или нешто благо, за ручек што има дома а за вечера кафе со млеко, или јогурт или нешто така млечно. Денес јадев диња, сладолед и печени прсти. Денес пак ќе мерам обем, и така ми е последен ден од менструацијата. Па за 25 дена пак свеченото мерење. Потписот го тргнав, затоа што видов Михајло пишал од таа страна потписи не, праеле проблеми со форумот. Да не мислите дека прекинав, неееее. Се лажете.
Не можеш од друга страна да ставиш тикер Теди? Јас уште си се водам според УН диетата, како режим на исхрана ми е, меѓутоа не се придржувам толку строго. Само овошниот ден за прочистување обавезно го држам. И уште вага не сум купила