Браво за сите кои сте упорни и истрајни. Јас си ја испоштував средата за мерење. Неделава сум пола килце во плус што е и очекувано. Внимавам пак ,се движам колку можам ама гаазираното,пивцето мезењето навечер на разноразни поводи ме зеза. Од понеделник се враќам во нормала,си ветувам.
Добро утро. Јас дене систо како минатата недела. Тоа едно кило плус што го зацртав никако надолу да отиде. Добро и поопуштена сум и јас. Алиштата битно ми се добри, 40-ка комотни, 38 таман. Ќе се стегнам после продолжениот викенд па ќе видиме што ќе се случи. Денес сум и подуена некако, не знам од што. Доручек: пита од цревена леќа и просо, домат еден, малку намаз од тиквица и едно листе кашкавал Ужина јагоди и евентуално едно raw bar од 100 калории Ручек ќебапчиња и салата и по некое печено компирче Вечера се надевам млеко И се надевам нема да има сладолед измеѓу.
Еве сууум немам време за секој ден да пишам вчера јадев пита со интегрално брашно, за ручек салата и домашни пилешки прсти денеска, сникерс овесна, за ручек манџа ама со компири веќе вклучувам и салата, а вечера нема или детокс смутито Време за вежбање немам многу, бидејќи работам физичка работа цело време и сум скапана... Поздраав
Денес достигнав рекордни, најниски 63.1!!! Ќефови. Се придружувам на помалце храна ама не сум баш најнајпослушна. Да се држев по строго, ќе имав поголем ефект. Ама кога ќе ми текни дека за Велигден имав околу 67 кила, ова ми е супер резултат. Пијте мнооогу вода, физичка активност и припазвајте на калориите и се’ ќе биди топ! Убав ден девојки.
Добро утро, Доручек палачинки од една банана едно јајце и 4 лажици овесни. Со прелив до јагоди и едно лажиче засладувач од урми. Ужина цреши и кафе ќе биде Ручек не знам некоја кафана ќе биде ама точно што појма нема. Вечера се надевам млеко или ништо (ако јадам повеќе за ручек) Од утре сме на продолжен викенд па нема режим. Е од наредна недела планирам здраво да фатам режим без зезање и да намала нар уште едно кило до средина на Јули.
Добар ден женски, денес вака Д: јадев пред 20мин 2 варени јајца, банана и јогурт за да ме држи подолго. Р: некаде околу 100гр интегрални шпагети со зеленчуков сос и шопска. В: немам појма искрено.. Сигурно нешто пак јогурт и оризови галети или млеко со овес и внатре овошје. Само ќе гледам да не прекорачам 1200 300 некаде. Сакав да пешачам ама времево е катастрофа, може е добро што е вакво уште 2 испити барем на раат да ги научам
Хелоу се држам јас слично на менијата претходни, знам да јадам сладолед некогаш само (да го дојадам од ќере ), ама следнава недела ќе бидам на пудинг и супа претпоставувам, ќе вадам заби, сите 4 осмици не знам што друго ќе се јаде, што ќе се може, тоа
Овошје пасирано, млеко со смекнати бисквити или лепче, варен ориз со павлака, кисело млеко. Било што што не му треба џвакање. И обавезно да биде млако или ладно што и да јадеш, жешко никако.
@Munchmallow20 фала ти многуу @Estranged не ме плаши аман, зашто трауми? Едвај собрав сили утре да идам да извадам една
Јас вадев скоро и неколку дена, додека ми извадат конци бев на таква храна. Хирургот ми рече можам после првиот ден со цврста, ама устава не можев да ја отворам широко за да цвакам, плус оток имав. Ама брзо помина и супер ми зарасна. Така што мој совет да јадеш помека храна барем неколку дена, не само првиот.
Ќе те послушам, не ми е проблем за ваква храна ич. Болки имаше ли многу? Нека не префрлат модераторите ако сме проблем тука накратко
Пак јас, почнувам пак. Читав едни на инста за 12 недели 10 кила. Има да запнам сеа. 12 недели не јадам и ќе вежбам.
Еве и јас . Две недели ако издржам среќна сум, не 12 . Како да ги најдам на инста овие со 10 кг за 12 недели?
Мислиш 2 недели Леси се врашта дома Денес добра бев, 3 кафиња, кето ручек и кето вечера Од утре, варени јајца
И јас се враќам во друштво. Ми помина одморот, јадев што стигнав, не сум се мерела ама ќе да сум вратена назад на тие фамозни 69 Претерав со цреши, значи се надув како жаба крастава, стомаков ми е ко 7 месец трудна да сум и абер немам да престанам да јадам. Утре планирам јајца варени и краставица салата за појадок, за ручек пилешко и салата, за вечера ќе видиме. Само благо да не се настрвам. @NarCis@ леси се враќа дома
Ај да се вратам и јас ако не Мислев од денеска ама тргнав со трилече. Ај да почнеме пак да пишуваме секој ден мени за подобра самоконтрола
Еве ден 1. Појадок три тонус лепчиња, без брашно и квасец, пола патлиџан, краставица и сирење ручек Активира со чиа, Вечера парче пица и бонбонче. Фастингот почнат во 18 часот, ќе јадам утре у 10. Генералка инцидентна, може и ќе повежбам.
Ајде стварно да се заозбилиме. Доста беше. Преку глава ми е од фармерки што ме стегаат. Жени, само 3 недели да издржиме и ќе биде полесно! Ајде, 3 недели. Можеме. Сме направиле и многу потешки работи во животот!