Еве вака ве сакам. Навистина оди полесно уз друштво и со поддршка. А и најлесен период е за диета. Има изобилство на зеленчук и овошје ,време пријатно за пешачење плус и скапа храна Се ни е во прилог П.С.освен мм кој еве го шушка со нешто благо
И денес сум добра. Појадок, чиа со протеин, банана и јаболко. Ручек, авокадо, телешко, марула салата, домати, кромид, кашкавал Кето бокс е името, вкусно ехеее Вечера, марула со туна Иначе и вчера истото го јадев. Плус 4 литри течност, 3.5 вода и пола кафесито. Е сега со млеко, ама јбг, не сум перфектна Ми треба да ослабнам 5 кила за 4 дена
Конечно старото друштво во катчетоо, досадно ми беше без вас. Ми дојде денес после една недела надуена и подуена и се надевам дека ќе тргни на добро работата. Од утре поозбилно, а од среда одам да вежбам, утре втор ден добиено и ќе се одмара. Пишувајте почесто, полесно е ко ќе се бодриме меѓу себе. Со лесно на сите, за еден месец од сега рибици да се напрајме!!!
Доручек: овесна каша Ручек: салата со брокула,грчки јоогурт….(follow me for more recipes ) Вечера: протеински пудинг од карамел Ужина: две праски (мали)
Абе штом почнам и истраам, брзо губам кг, мотивирана. И оп, доаѓам до една прекршна точка по која не можам. Или ќе се разболам гадно, или ќе ме фати спондилозата и ќе се убијам од вртоглавици и повраќање, последно, шеќерот ми се качи од наводно балансираната диета, се утепав од повраќање исто. Па бар да слабеам од него. Ќе ме врати доктор чекор назад, се ќе вратам назад со брзина на светлината. И дома вежбам, идам со група и плус тренер, ради физичката активност евидентно е дека телото ми е ојачано, ама исхранава ме убива. Мака ми е од почеток. Пред 2 години супер ми одеше, грешев, ама не се навраќав како од почеток. И се појави короната...
Земај додатоци во исхраната. Цинк, постатиум, електролити, магнезиум, калим, К2... Whey протеини, јади повеќе зеленчук и протеини. Гледај да внесуваш 2гр протеин на 1кг телесна тежина. Внесува повеќе здрави масти 1гр масти на 1кг телесна маса. Грешиш со исхраната зато имаш проблеми....
Ајде нов ден, нови успеси! Уште само 95 дена! Ако овие 95 дена сме умни, ќе бидеме слаби и здрави, силни и немрзливи! Фастингот уште ми трае. За појадок носам патлиџан, сирење, краставица и тонус. За ручек ќе биде некое месо без леб. Вечера не знам, денеска сум без план, имам гости.
Утроо. За доручек горко турско, топла вода со лимон и некое смути. Ручек- печено пилешко, шопска и малку пире. Вечера не знам, можи ќе сварам јајца со кисело млеко и краставица. Гледам да пијам многу вода, стигам до 2л и повеќе. Ете од денес почнувам во евиденција во килата. Утрински апдејт, 63.4 кила. Се надевам за еден месец некако ќе видам 5ка напред, или 60 на рамно. Толку ниска бројка не сум видела можда 10 години..
доручек - мандарина и кето мафинче со капини и боровинки вечера - паста болоњезе (интегрална) Утре мерење. Туку, кај ја снема @Espadrila ? 2 месеци веќе сме без списоци за БМИ.
П: две чајни колачиња (немаше ништо друго, а мртва гладна бев) Р: салата и пола парче леб В: нешто ќе боцнам во кафана, со кисела вода Не е идеално, ама добар почеток е.
У јееее ...каква екипа. Све истите манекенки Шо ќе ме има , каков список , каков БМИ . И тоа шо ослабнав, пак дојде назад Зошто ли зошто остави, диета недотраена..... Ајде да читнам назад страна- две, да сум во тек, и да се мотивирам на жешково да не јадам многу, да не јадам сладоледи и сваштарии...и да мрднам га*от
ААААА женски..еве ме и мене..викендов кој траеше цели 5 дена не ги рачунам..утре среда среќен ден!! Пишувајте почесто, кога се бодриме оди полесно..
Еве ме денес, сабајле јадев лиснато со шунка и кашкавал пред операцијата и тоа е се, не знам следно кога ќе јадам не дека ми е ова диетално, ама калориски дефицит во шок, заби вадење му биле мајката за диета
Ептен! Јас од шала се приклучив на темава. Во февруари се пожалив во 40ка дека многу јадам крофни, а сум многу здебелена и не можам да се мотивирам да ослабам, Малерозна ме прати овде и еве за 4 месеци сум скоро 13 кила минус. Мене мерењето и извештаите во среда ми се спас, ми помагаат да не застранам премногу.
Јас женски денес зафркнав работа... Цел ден на факултет од 8 до 3, два испити полагав и немав време за ништо. Д: банана и праска После некаде кун 1 едно пециво со спанаќ и јогуртче В: најтрагично.. Со друштвото за 10ките рековме ќе се частиме и ни помалку ни повеќе 10ка со кромид и пиво.. Браво значи Утре ќе биде подобро сигурна сум.
Не е најсоодветна тема ама некако најактивна е, па дали некој случајно има искуство со ICE BBF? Колку чини една програма и што вклучува?
Добро утро!!! За денес Д овес , чија и малку суво грозје со млеко У јаболка Р потпечени јуфки В салата