Дечки, да ве прашам- каков протеин користите? Ќе може да ми препорачате каков и од каде да купам? Ептен (ама стварно ептен) имам изрипано со килажа, од пред неколку недели се префрлив на low carbs исхрана и сакам појадокот да го заменам со протеинско смути/ чиа/ овесна каша. Исто, има ли некоја да сподели искуство како оди слабеењето со инсулинска резистеција? Односно, не толку слабеењето, зошто тоа е најлесниот дел, туку живеењето и одржувањето нормална тежина кога секое парче леб ти се лепи на задник, стомак и раце.
Има овде членки со инсулинска резистенција ќе ти одговорат.. Јас само би ти рекла лебот ако јадеш бел замени го со интегрален, благо скроз исклучи и почни да вежбаш..тоа е првиот чекор..
За одржување мора диетата да ти стане начин на живот, кажи збогум на леб и процесиран шеќер, повеќе зеленчуци, внимавај на внес на јаглехидрати и тоа е. Ако имаш терапија од ендокринолог, и тоа може да помогне во регулирање. Друго не знам, и мене релативно нова ми е дијагнозата и засега само со исхрана пробувам да регулирам, ама еве за неполни 2 месеци веќе немам cravings за благо, си правам дома десерти по кето рецепти и така терам. А не се заебавам кога викам дека можев по 10 крофни да изедам, е толку јадев благо. Досега 4 месеци бројам калории, нешто помалку од 2 месеци внимавам на внес на шеќер и јаглехидрати и има резултати, а не ми е нешто многу напорно. Ама влијае тоа што психички прифатив дека ова не ми е диета, туку долготраен начин на исхрана. Пошто слабеев и со 2-3 месечни диети, ама секогаш ги враќав за неколку месеци, најмногу година. Клучно е да се смени мајндсетот од одбројување уште колку дена остануваат од диетата/уште колку килограми до целта, во уживање во новиот начин на исхрана и прифаќање на истиот како начин на живот.
За протеин немам совет. Не сум купила. Ми подарија еден во тегла и го искористив и толку. Инаку цел живот терам со инсулинска резистенција. Имам нормален шеќер (немам ниту скриен шеќер) туку само висок инсулин и комплетна клиничка и хормонска слика за ПЦОС. И секогаш сум во граници на некоја нормала. Ме зезна малку метформинот што морав да го пијам за да забременам. Откако го прекинав нагло качив килажа и едвај сега се средувам. Инаку почнав како помош за инсулинската резистенција да пијам и чај со цимет. Ама тоа чисто како помош. Мене секогаш за слабеење и одржување на тежина ми помага ако доручекот ми е овесна каша (во било која варијанта) или евентуална друга цело зрно житарка (ама во помала количина од овесот зашто се покалорични), понекогаш правам и палачинки или пита од црвена леќа. Евентуално со житарките комбинирам јајце. Само јајца ако јадам со салата за доручек сум мнгоу гладна за кратко време. Ручек јадам тоа што има за сите ама без леб (ама кај нас доам нормалниот ручек не вклучува запршки во манџа никогаш и не јадеме пржени работи туку варени/печени). Вечера обично пијам чаша млеко или јадам една банана. Благо не јадам и пазам на калории (околу 1300 дневно да сум). Меѓу доручек и ручек имам ужинки обично овошје или зеленчук и путер од кикирики или крем сирење. Кога не сакам да слабеам си дозволувам понекогаш нешто благо и сум забележала дека кога ќе почнам со благо организмот ми бара благо, ако не јадам после една недела се навикнувам и немам потреба од благо (ова заради инсулинот е). За викенди исто си дозволувам да јадам палачинки за доручек на пример ама пазам на количина и нормално со што ги мачкам. Денес не се измерив зашто мислев дека сме Вторник. Наредна Среда ќе се мерам ветувам. Денес доручек печена овесна каша. Ужинка едно барче интегрално, цреши и кафе. Ручек боранија Вечера планирам млеко.
Е баш ова..од збор до збор..додека се изгладнував со диети (какви не) слабеев да ама и после толку брзо се враќав на кг па и повеќе додавав а да не речам нервозна и гладна во бестрага..сега уживам додека спремам храна, а и не е богзнае што овесна каша, сега не би каснала бурек па незнам колку убаво да ми мириса, би одбрала овес..е сега има ситуации кога ќе касенш нешто помалку дозволиво покалорично ама баланс да се најде во се е најдобро..и вежбање!! дефинитивно вежбањето е благодет за цело тело душа и ум..
Јас работев со нутриционист специфично за инсулин резистенција и си стекнав навики со кои без труд си слабеам по 2-3 кила месечно. Прво, не знам колку low carb одиш и јас мислев дека за овој проблем мора кето и малце ЈХ ама еве што ми кажа нутриционистот: со избегнување на ЈХ не се третира проблемот туку се избегнува, а со добар избор и комбинирање на ЈХ го учиме инсулинот како подобро да ни реагира на шеќер. Причина за ИР всушност не е премногу јадење на шеќер, туку премногу јадење општо и премногу јадење заситени масти и како резултат качуваме кг. Кога веќе сме дошле до таа состојба на накачени кг и ИР, веќе тука имаме проблем со прости ЈХ кои ни прават голем скок на шеќерот во крвта, инсулин не средува како што треба и тој вишок на шеќер во крвта се претвара во сало. Главната цел во програмата ми беше да не дојде до скокови на шеќерот во крвта а тоа се постигнува преку балансирани оброци. Значи, единствените правила ми беа да јадам многу зеленчук и секој ЈХ да го комбинирам со протеин обавезно и масти. Значи, никако овошје само по себе туку со јаткасти плодови. Макарони ама со протеин како пилешко. И за секој ЈХ тој концепт. Исто така да избегнувам млечни производи со заситени масти ама да не ги отфрлам, во програмата имав грчки јогурти и сл. Ако јадам десерт, тоа да биде одма после оброк затоа што кога ќе имаш оброк полн со протеини, веднаш благо после тоа помалце го крева шеќерот отколку само по себе да го јадеш после 2 саати. Кога сме кај благо, ми препорача да го јадам во првиот дел од денот. Ова се се некакви guidelines, а не строги правила кои ги добив и морам да кажам дека успешна приказна сум. Мене ми се лесни за одржување, природно ми доаѓаат. Сега после неколку месеци сум уште поопуштена со исхраната (никогаш не ни бев строга ама сепак се трудев да готвам многу повеќе отколку сега), помала тежина сум и знам дека телото нема во шок да се стави ако изедам парче торта како ужина. Јадам 2000 - 2300 калории дневно.
Заборавив да поднесам извештај од утринското мерење. 78.3, за малку нема цело кило минус од претходната среда.
Темава да се прекрсти во слабеење со овес. И мене тоа ми беше клучно мислам.Кога редовно јадев овес наутро најмногу слабеев. Е сега јас само со јогурт и овошје го јадам.Како каша варен со млеко не ми е убав .Незнам каков е тој печен овес. Арно беше мерењето утрово.Се држам до горе долу истата килажа.
Јас ја ранев ќеркичката и гледам во чинијата да си апнам или не, шпагети со сос, ама срце јуначко издржа Си реков во 18ч ќе ми биде последен оброк, после ако ми се пријаде може лубеница или нешто полесно да апнам. И си кажав нема шанси да се мерам,ем преку ноќ ништо не се случува ем се демотивирам многу лесно
Јас денес ја загрешив, изедов две мекици. Две големи мекици, една за доручек, една за ручек. Барем една по пола да јадев. За вечера јадев месо со салата, тоа беше ок.
Доручек: компот од јаболко и сливи суви, без шеќер, само течноста Ручек: коцка од супа и изронето парче двопек една чинија утре ќе блендирам овес за доручек па што сака нека е а за ручек планирам пире @Nausicaa не е толку тешко да се ослабе, ама за одржување мора скоро исто да се пазиш, плус ако имаш терапија, пиј ја редовно. Без терапијата, еден викенд да го забушавам, 3кг плус ќе бидам одма, барем кај мене е така.. Нутриционистот кај мене имаше исклучено компир и ориз, ама лебот не ми го исклучи (јадев интегрален, ржан, тортилји исто ми беше дозволено), не мора скроз се да се исклучи мислам... ама ќе си припазуваш и тоа е, најважно е да сфатиш дека кај нас не бива да се ослабе и после да се јаде се туку мора да продолжиш со слично темпо цело време, тоа е цака кај сите, ама мислам ние со ИР имаме најголем јојо ефект од диети за 3 дена за вежбање нема да ти кажувам, не мора да дигаш тегови, ама да си пешачиш/планинариш, кога можеш колку можеш, барем тоа
Јас денес на мени: П - банана, па две оризови галети, па јаболко пошто не можев да го дочекам ручекот, па после ориз и салата за ручек и вечера. Од вчера вметнав интермитент фастинг: во 11:30ч прв оброк и последен во 19:30ч. Втора смена сум на работа па станувам покасно и сосема океј ми е вака. Исто и вежбав пола саат денес. Јас за 38 дена имам намалено скоро пет кг. Моментално килажата ми варира измеѓу 82 и 81кг.
Не си единствена ,се мерам наутро на гладно,после тоалет,ама најмногу ми покажува навечер.Е затоа го избегавам .
Вчер имав две големи утки ама не се грижам толку..тоа е..ќе с епоправам овие денови... Денес Д овес, чија, лен и една банана У индиски ореви може и некое овошје плус Р месо со салата В само салата
Јас овој го пијам од ванила, по препорака на @Ajronmen Го ставам во смути со млеко и овошје. https://hardcoreshop.mk/shop/critical-whey-2-27kg-75-servings/ @EuHenIa не се давај сесре Јас пред некој ден се качив на вага и за чудо килажата е таа. Имав турбуленции со повеќе јадење и нејадење, ради х причини, ама бројката не е мрдната. Дефинитивно трчањето и тоа што не кратам од задоволства, а ги јадам во мала количина, прават да сум истрајна.
Вчера: Чаша јогурт со семки и парче леб Ориз со 1 копанче и парче интегрален леб Козјо сирење и салата. Денес ќе видиме.
Вчера: банана, кашкавал 2 парчиња, таратор салата, лигни и тоа беше се мислам. Денеска: банана, малку салата шопска, печено месо со таратор салата што ми остана од вчера, не ја дојадов цела, и планирам до вечер цреши, праски, може и кисело млеко. Не ни знам дали е ок толку храна, да не е премногу, ама стварно ми треба време 1-2 недели да се навикнам на тој начин на исхрана.
П: 2 чоколадни бонбони (немаше друго, а мртва гладна бев) Р: чиа, путер од кикирирки и кајсии В: спанаќ со ориз и павлака. Ќе одам малку да пешачам сега.
Денес тројца ми дадоа комплименти дека сум ослабена, луѓе со кои денови се немав видено. Свршив в гаќи! -Морав да кажам, поголема мотивација од ова, амин.
појадок: овесна каша со путер од кикиритки, малини и јогурт ручек: кето мафин со капини вечера: мусака со тиквици И јас деновиве приметив дека уште сум намалила во обем, викендов во шопинг по нова облека