П :Палента со кисело млеко и малце сирење. У: Банана и кајсија Р Бамбарки, салата В: Најверојатно нема да бидам гладна.
Доколку не сакате да враќате килограми не се изгладнувајте! -Потребни ви се 3 оброка и најмалку една ужина. На овој начин го убрзувате метаболизмот. -Променете го начинот на исхрана, заменете ја висококалоричната - процесуирана храна со нискокалорични продукти. -Во зависност од возраста, висината и тежината на секој му е потребен одреден број на калории за да функционира нормално (вообичаено не под 1200 калории). На овој линк може да си проверите https://www.calculator.net/bmr-calculator.html. - Некаков десерт или junk food понекогаш е ОК (не повеќе од 1 оброк неделно). Јас генерално внесувам помеѓу 1400 и 1800 калории, и за 2 недели симнав 1.8 кг. Притоа, обожавам леб и не го исклучив од исхраната. Да напоменам, 4-5 пати во неделата, по 1 час, брзо одам на лента за трчање (губам од 300-330 кал). Моето денешно мени: -Појадок: Интегрален леб 3 парчиња (75 гр) = 212 калории Грчки јогурт 150 гр = 78 калории Јогурт обичен 100гр = 62 калории Вкупно - 352 калории -Ужина Банана 100гр - 93 калории -Ручек: Интегрален леб 3 парчиња (75 гр) = 212 калории Стек на скара 100 гр = 215 калории Динстани печурки 200 гр = 90 калории Грчки јогурт 75гр = 53 кал Вкупно - 570 калории -Ужина кикирики 50 гр - 288 калории -Вечера: Домашна супа 400гр = 110 калории -Ужина Праска 185 грама - 72 калории Вкупно внесено - 1485 Калории Како што можете да забележите доста храна, а само 1485 калории се внесени. Инаку, висока сум 170, моментално тежам 63,6кг. Целта ми е промена на начин на исхрана т.е долгорочни резултати, а не брза диета.
Си ме цитирала мене. Ако е малце јадење житарки, полнети бамбарки многу овошје и зеленчук тогаш не знам колку треба да се јаде. Дај не зезајте, не може секој да гнете.
Ти го пратам менито во повеќе наврати, го цитирав последниот пост. Имаш само еден главен оброк. Ова другово како ужинки ти се. Конкретно ова мени ти се базира на јаглехидрати. Каде се протеините? Ова се премалку калории. На овој начин долгорочно ќе го успориш метаболизмот. Ама ти си знаеш
А месото во бамбарки што е? Не е протеин? Со години волку "малце" јадам па си немам проблеми со метаболизам. Сепак немам вишок килограми ама сакам помалце од 60.BMI 22 /23 Реално 60 % од исхраната ми е протеини.
Ти го цитирав менито без т.е со многу малку Протеини. Измери колку месо има во една бамбарка, на тој начин ќе знаеш колку протеини имаш внесено. Го вагаш месото пред припрема (пр ако е телешко ќе најдеш колку калории содржи на 100 гр) па делиш со вк број на бамбарки. На тој начин ќе знаеш точно колку протеини имаш внесено. Отприлика сразмерот треба да е, 35% масти, 45% ЈХ, 20% Протеини. Според висина, тежина и возраст пресметај БМР https://www.calculator.net/bmr-calculator.html. Тоа е некој минимален број на калории што треба да ги внесеш. Не мора да гладуваш за да бидеш фит, само треба правилна исхрана. Ако можеш на долг рок да функционираш така како што кажуваш ОК, нема да враќаш кг. Колку е здраво е друга приказна.
@Heart of Steel Никогаш не губам мускулна маса, имам одлична крвна слика со години уназад, значи дека и не е баш толку не здраво.
Супата беше составена од брокула, карфиол, морков....Така да мислам дека е ОК. Гледам сразмерот помеѓу ЈХ, масти и протеини да е во некој баланс. Има и денови кога не ми успева, ама во глобала...
Воопшто не е океј, колку брокула, карфиол, морков може да ставиш во супа? Шака? Кај ти е свежиот зеленчук? Марула, краставица, пиперка, ротквица, тиквица, итн, толку се нискокалорични што можеш колку сакаш да јадеш, нема потреба ни да ги рачунаш, ни да се ограничуваш количински со нив. Ај што ќе внесеш еден куп витамини и минерали, ќе помогнат да се заситиш.
Идеално ќе беше последнната ужинка наместо праска да беше салата. Но, јас не кажав дека секогаш се хранам совршено. За мене е доволно на крај на денот да имам OK сразмер помеѓу ЈХ, протеини и масти. Ако тебе секое мени ти е совршено, Супер. Поентата само ми беше дека не треба човек да се изгладнува за да постигне резултат
У право си, не треба да се изгладнува никако. Тие 2 менија од Серотин што ги имаш цитирано не ми изгледаат на изгладнување и баш се избалансирани, во секој оброк има и протеин и јх и масти. Може не процентуално совршено избалансирано ко што си пишала претходно, ама освен ако си атлетичар, нема потреба процентуално да ги баланираш оброците. Ако ти е за слабеење и имање квалитетен lifestyle, битно е да не се изгладнуваш, да имаш квалитетни извори на протеини, ј и масти, и да имаш редовни оброци. И да си физички активен на некаков начин.
Добро утро. Денес појадок: палента со јогурт и малку путер и домат и краставица како прилог. Ужинка: не знам веројатно цреши ќе бидат Ручек: Летна манџа (пиперка, домат, јајца) и веројатно малку бело сиренце и може парче леб Вечера: Млеко (во план).
П : 2 рибанки тонус намачкан со путер од кикиритки и банана, плус неколку кајсии. Р: можеби тиквички без масло и краставици В: Овошје. Ако за тебе 2 оброка се тиквички без масло и салата + овошка нема што повеќе да дискутираме. И каде гледаш доволно протеини, можда со 1 лажичка путер од кикирики се задоволуваат дневните потреби според твоиве критериуми Најдобронамерно потенцирав дека не мора да се изгладнува за да се слабее и дека на организмот му е потребен баланс помеѓу ЈХ, протеини и мсти. Како и да е, секој си знае за себе. Нема да навлегувам во понатамошни дебати.
Океј, вечерата не и' оброк. За мене само овошје не може да биде оброк. Но може едноставно таа вечер да не била расположена за ништо повеќе од овошје. Тоа е сосема океј. Сè додека не стане навика, нема да и' делува негативно на целовкупната исхрана. Истото важи и ако повремено еден ден немаш ставено акцент на протеин. Исто као ти што си имала ден без зеленчук. Туку, не мора да значи дека се изгладнувала. Не пишува колку количински има изедено.
@MissChievous Тоа е тоа што сакав да го кажам. Сигурно дека на 40 степени нема да внесувам секој ден големи количини на протеини Па не се диши бе, уште протеини фалат.Се знае летно време помалце бара организмот храна.
Сигурна сум дека не сметаш дека тиквички без масло и краставици се комплетен оброк? Тоа е ужина. Денот е: појадок, ужина, едвај ужина.
Днешно мени: Појадок (вкупно 519 калории) -2 јајца на око зачинети со сушен магдонос (пржени на тефлон, искористено 10мл масло за јадење) 226 кал -75 грама интегрален леб 212кал -150 грама домат 27 кал -20 гр кравјо сирење 54 кал Ужина -190 гр праска 74 кал Ручек (вкупно 592 калории) -100 гр стек на скара 215 кал -75 гр интегрален леб 212 кал - шопска салата 165 кал Вечера (вкупно 374 калории) -350 гр домашна супа 108 кал + 50 гр интегрален леб 142 кал 200 гр Јогурт 124 кал Ужина -200 гр зелена јаболка 104 кал Вкупно: 1663 калории *340 калории потрошени со 1 час брзо одење на лента за трчање