Фала ти Немам некое искуство со диети,калории ни пак комбинации. Читав доста периодов за тоа. Да мерам храна и калории не можам. Јас не сакам многу наеднаш да слабеам за тоа се мислам дали да воведам уште една ужинка. И да во право си не треба да се мерам толку често.
Тука во групава некој период наназад имавме едно правило- се меревме секоја среда, на која си рапортиравме колку килиграми или грамови (да некогаш грамови. пошто ако се во минус многу ни значат .) сме покачиле или намалиле. Еднаш неделно е +- е добар период. Еднаш месечно- во првата среда од месецот си го калкулиравме БМИ и го рефериравме тука, претставено во бројка. Пример 07.09.2022 БМИ 25 Така на овој начин имаш добар тракинг да не се преопуштиш во јадењето, а и да не си правиш притисок со секојдневно мерење на вагата. Секако, ова не значи дека е најпаметно, и не мора да го применуваш , само еве споделувам една наша групна пракса од тука од групава.
Денес Д овес со јаболка У јајце варено со патлиџан Р шпагети со песто В кисело млеко со сусам Забележав дека цела недела имам ист доручек и ужина, ми годи и ми е таман..вчера се извежбав убаво..викендов ќе паузирам од вежбање ама јадењето може ќе биде некое мевце..
Леле никако да се вратам во нормала. Ми се јаде само во тоа ми е умот.Наместо вчера да ручам ко човек ориз со пилешко јас сендвич со крајче леб направив.Ама го мислев уште кога го купував лебот. Денес почнав со овес,јогурт лајче мед и овошје па ќе видиме.
Д:овес, леле го утепав јадејќи У:круша Р:грав и салата У:лешници В:салата и риба Денов беше полн со искушенија ама не се предадов
И јас да ви се придружам. Почнав од понеделникот 22.08 и сега за сега добро ми оди. После пробано повеќе начини на исхрана и плус хипотиреозата сега се решив за low carb. Тренинг три пати неделно кај Бубало. Се чувствувам поенергично, не сум подуена, не ми се спие цело време. Стартував со 80/81кг. Цел ми е 65кгНе сакам да се мерам на вага често така да еднаш во две недели ќе пишувам. Со лесно на сите
Добра вечер девојки Д:хељда со павлака и печурки У:три сливи Р:палента со јајце и маслинки В:пиперки со урда Се плашам да се качам на Орбитрекот кондицијава ми е 0. Ај си викам да намалам па да вежбам да не почнат да ме болат нозе (или си наоѓам изговор зошто да не почнам пак да вежбам).
Од кога кажав дека ќе ставам пак во ред, ми јаде ко за инат... А слабо отпор давам на искушенијата, особено за викенд
Вчера некако пола ден утнат...ама имав работа цел ден и плус извежбав вечерта иако ми беше ден за одмор... денес поумна ќе бидам... Д јајце варено и лепче со хумус У диња Р салата некоја В месо (на слава ќе одам па ручекот ќе биде вечера) Убав ден
Денес не знам уште што не изедов,ама барем не посегнав по благо иако го имаше во изобилие и сама не можам уште да си поверувам дека реков НЕ на чоколадна торта. Д:овесна каша У:јогурт Р:парче пица,Цезар салата,пилешки прсти В:салата и туна Многу ме нервира што јас не знам да "пробам". Никогаш не сум останала само на пробување,ако пробам обавезно го јадам хахаха,нема залче две него додека има. И за тоа одбивам да "пробувам"
Викенд не е за диета ..ама ај , добро поминав .. За денес Д овесна каша со јаболка У банана Р пипер со јајца В кисело млеко
Вчера Д:3варени јајца со парче црн леб и домат Р:шарска и салата У:грст лешници В:салата Многу сум гладна овие два три дена,ПМС е во прашање или нешто друго не знам ама се надевам ќе заврши што поскоро.
Така е, мора ОЗБИЛНО . Јас од денес почнав да пазам, да имам помало почетно сал(д)о . П: овес, јогурт и праска Р: ќебапи (јако пазење ) со салата
Се мерив.Имам плус 3 кг од последното мерење кога внимавав.Од кои 2 кг последниов месец.Газираното и тестото се криви знам. Бми 24 ,75. Од утре ви се придружувам иако знам дека многу ќе грешам. @andrejko82 како беше таа водата со лимун ,ким што ја правевме.Морам да пијам нешто така да скратам соковите
Ајде, само озбилно. БМИ 26.8 @mareane Водата беше лимон, ѓумбир, и малку ким..ама ќе проверам до после за најсигурно, и јас не ја пијам ама ќе почнам... Денес Д леб со хумус и патлиџан У банана Р пипер и јајца и кисело млеко В супа од зеленчуци
БМИ 23,9 + 4 од јуни месец Срам да ми е Немам осет.... валда психолошки проблем е,оти немам друго објаснување. Многу нездрав однос кон хранава имам. Ама ќе се трудам Не знам како да почнам, па затоа за почеток ќе одбегнувам тестенини и благо... Среќно и лесно ко песна да ни биди на сите,дечки
74 кг - БМИ 26.2 Неделава сум на одмор и не бројам калории, значи следната веројатно со поголема килажа ќе се вратам, ама после тоа САМО ОЗБИЛНО