73кг БМИ 24.8 Уште оваа недела пазење па наредна на одмор не мора да намалам само да не качам 5,6кила
Јас не можам да се мерам пошто немам вага, ама да претпоставиме дека имам околу 63 кила. Моментално сум на работа во друга држава и работам во мекдоналдс и малце тешко ми оди да пазам на исхраната, ама ветувам дека ќе се трудам. Успат пијам и многу вода, тоа многу ми помага да не се прејадувам. Цел ми е до пред крајот на септември да ослабам 2/3/4 кила, значи за 4 недели од сега. Денес на мени: мала банана, неколку индиски оревчиња и горко кафе. Ручек: две варени јајца и парче леб со павлака и пилешка салама. Вечера: Сендвич со свинско месо од околу 500 калории и малку помфрит што не е повеќе од 300 калории. Бидејќи сум ноќна смена, може и на крај на смена да апнам салата која има не повеќе од 30 калории, чисто колку да го наполнам стомакот со нешто и то би било то. Ова се’ не е повеќе од 1200 калории мислам, така да според мене е океј. Со среќа нека ни е на сите.
BMI 25.8 Цел ден не можев да ја оправам вагата не знам дали е до батерија или нешто до неа ама на крај со сменети батерии и проверка со друга вага, излезе 67.7. Не сум баш сигурна дали е точна, ама малку се изненадив, зошто почнав да внимавам пред три недели и три дена . Добар мотиватор, ако е точна ама овие денови ми беа доста стресни ами со гости навечер, јадев малце покасно и троа повеќе Ќе продолжам да пазам, малку ме мава психа сма оваа вечер конкретно повеќе пиев од шо јадев, па, cheers Со нови мерки следна среда
Денес не почнав спектакуларно, ама ќе си се консолидирам и стабилизирам. Една грешка не е страшна. Но еден читинг оброк, не смее да прерасне во читинг деј, читинг недела, и тн... Од утре и во план малку физичка активност
BMI 27 Вчера не пишав не стигнав. Одиме јако. Low carb д. Јогурт со чиа У. Кафе р. Јајце на око со салата в. Шопска
Уште некој ако пријави БМИ па да средам утре ранг листа со важност од среда 31.08. Следно мерење среда 07.09
Кога сум дома немам ред , се нешто пред очи ми излегува, ама па вежбав, и тоа добро по 2 видеа.... Денес Д чија пудинг со банана У крушка и диња Р ќебапи и шопска В супа и салата
П: овес, јогурт и праска Р: колбаси и пире Немав салата за ручек, а како не ми се оди до дуќан, и утре којзнае дали ќе имам… . Туку физичка активност избегавам некако, ич немам сила… .
Д:парче црн леп,варени јајца,путер,маслинки и домат Р:боранија со месо и салата В:салата и парче сирење Наредна недела сум на одмор се враќам и стартувам со вежбање ,мислам редно е два месеца се наканувам
Д: еден овошен бар (и пиво) Р: кришка леб со летна манџа и чаша јогурт В: 1 колаче и малку грозје Не е за фалење мениво ама подобро од деновиве пред.
Се вратило друштвото во темава. Ми поминаа и мене сите настани со храна што ми беа и се враќам сега и јас озбилно во темава. Иако летово толку бев во движење и многу помалку апетит имав од вообичаено што сум некои -4/5 килограми од последно кога ви пишував и тоа без многу труд и пазење, само движење е решението. Ајде уште последниве килограми да биднат, со време да се почне за следно лето целосно во фит форма да го дочекаме, имаме таман време до мај, само сериозно да се фатиме за работа.
Добар ден, Јас ќе ве дружам од следната недела. Оваа не тргна ништо како што треба за слабеење. Вагата нема батерија, обврски и трчаници купи без можност за организирање прописно јадење. Претхондата недела кога се измерив имав 1 кило плус, ама сакам да намалам уште малку па ќе видиме како ќе ми оди.
Денес слободна па менито вакво Д кафански , чорба во кафана со БЕЛ леб У ништо Р кајгана со кисело млеко В ништо И ќе вежбам 2 видеа...
Малце го утнав денов јас, тешко е кога околу тебе никој не е на диета. Но, добро севкупно во дозволени калориски дневни количини сум. Ќе надоместам вечер со добар воркаут.
Д овес со јогурт и овошје Р макарони со гулаш Измеѓу кафе, сок,овошје и 1 колаче Вечера белким ништо. Ова "измеѓу" мене ме заебава
П: јогурт, овес и смокви Р: компири, пилешко, салата В: пржено лепче со кашкавал. Арно јас не вечерам, ама маш си пржеше лепчиња и испржил 3, а секогаш јаде 2. И јас нормално го изедов третото. Не бе, маш ако не те зае*е, нема кој. Сега лута сум му .