и кај мене синоќа беше истата ситуација. Само во мој случај, цел леб пржи и цел го јаде...за мене едно лепче е, ради реда. Единствено што ме одвраќа да не го јадам е тоа што ги пресолува синоќа ама, ни тоа не ме спречи. Го изедов Ми фалите. Интересни сте ми... ми иде и јас да се затерам диета и да пишувам. Треба во вежбање да пишувам уствари, да се мотивирам за вежбање ама...вие сте си ми екипата
П: кифли, салама, сирење, мед, путер, јогурт Р: месо, палента со сирење, таратор Машала, калории. Ќе пазам цела недела и ќе упропастам сѐ за викенд… И јас сум за вежбање, ама лееееле колку ме мрзи!!! Само лесни вежби по 15 минути дневно вежбам, да ми помнат болките во кичма. Ама тоа истегнување е, не е вежбање. Оваа снага вежби си бара .
Вчера постев, па вака ми беше менито: П. Кришка црн леб со ајвар У. Банана Р. Риба со њоки(калорично ама неколку на број изедов само) Измеѓу уште една банана и кафе Не вечерав... Денес П. 2 варени јајца, краставица и патлиџан Потоа пиев ајскафе Сега ќе ручам-вечерам, ќе видам што...некоја салата.. Малце ми е денес ама немав време...знам дека вечерва ќе надохнадам за цел ден Јас и диета.....чисто сумљам дек ќе имам резултати ама ај.....
Излезена бев и пак излезе ручек надвор непланирано. Ама пешачев многу, па надежно дека сум потрошила калориите. Сабајле супер си го почнав денот со овесни снегулки... Утре ако иде се по план ќе немам грешки.
Викендите ми се најтешки. Преку недела на работа,на вежбање, организирано време и оброци и супер ми е. Ама дојде ли викенд умирааам Немам грешки сега за сега ама психички ми е тешко
Значи од кога рековте овде озбилно јас се утнав....дома сум деновиве и јадам бре ко луда... @Ariel и мене викендов ме зеза, убавк си имам ред на работа и не ми се јаде тогаш ама дома... Д кришка пржена со јогурт Р гравче тавче , леб, џигер и салата В се напив чаша бунар-она вино , сок и овошје .. Извежбав 45 мин видео... Од понеделник многу повеќе пазење ...
Да се пријавам. Редно е да се вратам во форма. Имам скоро 80, а треба да стигнам до 60. Јак виц. Уште дојам, ама ќе се потрудам со храната. Од денес сакам да почнам. Вчера изедов дури 7 сладоледи од кои 2 марс, 3 сникерс и 2 бубл гум вкус. Мислам ги надминав сите мери.
Добредојде во друштвото на диеталки. Додека доиш најбрзо можеш да ослабеш, ама не смееш многу рестриктивно со храната, ради млекото. Леле 7 сладоледи, само нив да ги скратиш довлно е .
Добредојде И јас сум на режим еве веќе 2.5 месеци исто дојам. И мене ми беше страв заради млекото ама не ми е воопшто намалено. Е сега јас не направив големи промени и не внесувам толку оскудно храна бидејќи 2,3кг во месецот ми е доволно. И јас имав 80 цел ми е 60,моментално сум 73. Вчера Д:овесна каша У:банана Р:посно оривче со зеленчуци и салата В:салата и парче сирење
Алооо ОЗБИЛНИ ништо озбилно не прочитав тука. Само изговори вакви и онакви. Сите во строј одма. Рече Еспадрила дур го дојадуваше парчето торта... Тенко и мало... . ШО солзи Еспадрило, ??? Така некако вчера и завчера...
@Razvigorec и @Eli23 супер што има уште доилки тука на диета. Јас почнав од оваа среда со 69,3 кг и БМИ 26,7. Бебето е 30% мајчино млеко, 70% дохрана.Читав многу за диети и доење, нема никакви докази дека штетни материи одат во млекото, но може да го намалат. Од друга страна, јас толку сум несреќна и преоптеретена со изгледот што моето незадоволство се пренесува на сите околу. Затоа се решив на диета, не многу ригорозна. Четврок: Д: 2 јајца на око Р: печени пиперки во доматен сос В: Малку чипс Петок: Д: Банана Р: Ќофтиња во доматен сос В: Парче пица Саботата ја утнав скроз јадев осмина бурек и ѓеврек. Денес Д: станав касно па само малку млеко Р: плескавици на скара В: уште не знам што ќе биде После 3 месеци лежење во кревет почнав со малку пешачење, вежби уште не смеам да правам. Целта ми е за 3 месеци да стигнам до килажата пред бременоста т.е. да намалам 10 кг.
Никогаш не сум пишала тука но ве читав секој ден и се инспирирам од вас. Јас успеав да симнам 17кг и дојдов до БМИ 18.8. Сакам да ви посакам истрајност и борбеност, сите до една можете и ќе ги остварите целите. Само никако не се откажувајте и одиме напред
Кај мене од секогаш беше само на доење шише никогаш не прифати па се решив на ваков чекор и тоа денот кога почнаа страшно да ме болат нозете после подолго стоење...знаев дека морам да ослабам а за изгледот искрено не сум толку оптеретена си се сакам сепак ова тело износило бременост не може да е исто и ќе треба време да се врати во нормала. Не верувам дека млекото може да се промени или тоа со штетни состојки ми нема ич логика. Физичка активност за сега само со количката и тоа два пати дневно по околу еден час. Дај си време сепак си кратко време породена ќе се вратиш во нормала и со изглед и со кондиција нема потреба да си толку несреќна.
Женски Здравата опција за исхрана не треба да значи ригорозна диета Напротив Вашата здрава исхрана е секако милион пати подобра и за млекото и воопшто за лактацијата отколку џанк фуд. Да не се прегладнувате, истоштувате, тоа е битно. А секако и битно е тоните чоколада кои никому не се во прилог да се отстранат или намалат. Среќно на сите. Ај да не се правам многу филозоф Све си знаеме сите
П: јајца, салама, кашкавал, домати, јогурт У: цеден портокал, јаболко Р: месо, таратор, домат, сирење Пешачење еден саат. И тоа е нешто . Задоволна сум. За ручек имавме пица, ама јадев месо од вчера, подобра опција е. И конечно каква-таква физичка активност имав, особено што требаше да биде кафе, ама стана пешачење.
Работење низ дома, со правосмукалка.,џигер, пружање алишта х 5-6 внатре- надвор, горе долу, и слични домаќинлуци се рачунаат у физичка активност?
Станав покасно па доручек во 12 ми беше... П. Тост со интегрален леб ,салама и кашкавал У. Круша и варена пченка Р. Салата,супа и обарено пилешко месо со прокељ Немав време да вечерам ама Со кафето каснав и едно колаче. Активности 0, освен ако не се рачуна ова по дома
Јас кога правам сѐ ова во недела правам по 10000 чекори, што е на пример повеќе од денешното мое пешачење .