BMI 25.2 66.2 кг измерив утрово. Слабеам а не сум ни толку строга колку што сакав на почетокот. Веројатно ако сум, ќе оди надолу уште побрзо. Задоволна во секој случај.
Со план за исхрана Со мерење на вага , пресметај БМИ , после спреми едно шише вода од 2л со 2 лимона , малку ѓумбир-изрендан во водата, малку цимет и 2,3 зрна ким..ова ти е вода за цел ден пиење.. Се шегувам, почни ете со некој план во глава и ако сакаш да вежбаш има во темите фитнес што да вежбаш по дома и тоа е тоа.. Значи вчера ќе ми беше совршен ден ама на крај се зафркнав со 2кришки леб и кашкавал..ама долг беше денот, добив стресна информација и морав да каснам нешто..глупача.. Ама ајде одиме понатаму.. Д овес со крушка У чија пудинг Р немам денес, не смислив , најбрзо ќе биде урда и јајца В кислео млеко Убав ден А да и не се измерив, не стигнав..
Оваа среда сум 1 кг во минус од последното мерење. На сите тие глупости и ПМС, добро е. Мислам одлично е, оти очекував дека можеби и на горе ќе оди. Деновиве ме очекува и зголемена физичка активност од видот на зимници, што исто се изморувачки и ќе траат подолго од два часа, па ќе ги рачунам у фитнес . Само на устата да се стави Ајмо ОЗБИЛНО
Леле, мене тоа ми се дешава многу често, ко ќе кажам на пример дека еве треба да се ставам на диета, еве од понеделник, а бе од денес до понеделник мислиш опроштална си правам со сите глупоштини за јадење ...да не останат некаснати, неизедени
-1.9 кг. Презадоволна сум. Внимавав, очекував да намалам, ама бројата е над сите очекувања. Продолжуваме понатаму, ОЗБИЛНО . Со нејадење . Мора да се скрати нешто. Дали грицки, дали благо, дали леб, дали сирење… сите си имаме нешто што претерано го јадеме и треба да се скрати, освен ако е марула .
Јас 74.7 денес, околу килце повеќе отколку пред одмор. Арно е, очекував повеќе, со оглед на тоа колку се изеде и колку алкохол се испи. Од денес ОЗБИЛНО, со броење калории, со сите нишани. Па здравје Нова година да ја дочекам со 6ка напред.
Од ОЗБИЛНО неам ни О, ама ајде. Во моја одбрана бев болна и морав да јадам повеќе, плус имав еден куп дружби со луѓе каде мнооогу пазев. Пријавувам 68,5 кг , т.е. немам ослабнато ни цело кило неделава, ама мора да се почне од некаде. Вчера за јадење: Д: low carb леб две парчиња и урда Р: макарони болоњезе една порција В: две чинии супа
-525 гр. Се зезам ,немам аптекарска вага, а не би било лошо -500 рамно, не е баш нешто ама ај со оглед дека сум во неозбилните и во напад на депре си каснувам благо Ама од утре, озбилно Сакам да менам тактика,цел живот имам оскудни појадоци, па сега сакам да набилдам појадок а да скратам вечера,т.е некоја салатка само ако ме фати криза.... Браво @Ariel , ми даваш мотив
Значи да почнам да пишувам што јадам? И што пијам? Имам чувство дека јадам воздух, немам време за нормални оброци и на крајот од денот, ко ќе имам време, надокнадувам за се пропуштено. Калории нема да научам да бројам во овој живот, ваљда ради немањето време. Може од работење да скратам , така ќе имам време за сѐ да правам правилно, нели? Ај, ќе почнам со пишување вечер.
Можеш да ја користиш апликацијата MyFitnessPal и таму да запишуваш детално. Таа ќе си брои колку калории си внела па ќе имаш горе-долу претстава до кај си во денот. И дај се од себе за барем еден оброк да бидеш психички присутна, јади го полека, уживај во него и ќе добиеш чувство на ситост.
Мене лично со тоа што планирам утре што ќе јадам ми е полесно да се организирам за дома за сите, башка не јадам глупости и после овде кога ќе напишам срам од сама себе ме јаде ако изедам нешто што не е на список. Е сега има исклучоци, како синојка мојот, се случува, не е крај на свет... Вметни вежбање по пола саат , ќе видиш огромна промена.... И јас до Нова Година сакам да видам 6ка на вага....од лани ја мислам...сега веќе немам изговори...
Не можам да се измерам ќе ја прескокнам јас оваа среда здравје наредна. Пазам што јадам освен гиро секој ден ама си велам нема многу калории. Браво на сите за резултатите.
Не се мерив. Имам некои обврски деновиве јадам најчесто сува храна од типот на домашни сендвичи со црн леб.Имам физичка активност додуша. Ама немам намалено сигурно.
Од понеделникот сум на некој мој режим, ќе видиме како ќе тера 72 на вага станав, ќе ме треснеше инфаркт кога видов П: еден ден овесен микс и кисело млеко, еден ден чија пудинг со овошје и домашен путер од кикирики Р: прво куп салата домати и сирење па едно парче месо В: супа бистра со малку фиде Вчера вечерав пуканки, ама алтернативата беше палачинки така што.... Ќе видиме што ќе се дешава за 10тина дена, ако издржам толку
Денес… празнично, целодневна софра . Со храна не бев лоша: П: малку пита Р: салата, сирење, печурки, месо АМА околу 1000 калории имам од алкохол . Мохито, 3 ракии и едно пиво . Одиме понатаму (смајлиШтоСиГоГалиСтомакот )
Хелоу луѓе! Периодов бев ослабена и вежбав, но сега ме има фатено криза каде што секој ден не знам што да пролапнам и постојано сум гладна, дури почнав да си осеќам вишок масти на мене. Еве пример сега ми се јаде ми се плаче.
Добро утро!!! За вчерашниот ден поарно да не пишам..правев зимница , цел ден надвор, јадев леб побајаги плус и пола пиво..ама страшен ПМС ме дрма оддамна вака ме нема фатено глад ... Денес Д овес со јаболка У хумус со лебче Р ориз со салата В салата