Деновиве со некои ситни грешки, благо шо јадам некогаш ама другото добро се држам. Д: овесни снегулки со јогурт У: смути и нескафе Р: стек, ориз, црн леб Најверојатно уште некое овошје ќе каснам до после и толку е за денеска.
Се вратив од одмор, 89кг сум. Бми од 33 последно кога напишав намален е на 32. Пред некој месец бев 99кг и бми ми беше 36, мал напредок е ама јас сум задоволна.
Денес бев поумна. Овес со јогурт и овошје Ориз ,едно копанче малу печурки. Мачку салата таратур со 2 грисини.
Д : една интегрална тортељина со крем салата Р пиперки со сирење и јајце и кришка црн леб В ги дојадов пиперките без леб -плус печена пченка
Денес… П: јогурт и две парчиња (топол ) леб, едното со сирење и салама, другото со путер и мед. Р: салата, сирење, ракија, пола пастрмајлија Списоков, како?
Д: смути со овес У: нескафе и мало парче колач Р: мусака, црн леб У: грозје Онака денов, но не е лошо, секако си терам по свој режим... Извежбав, испешачив, за денес толку.
П: две пржени лепчиња со сирење и сок од портокал (најверојатно и со едно ќе преживеев ). Р: месо, пире, сирење, салата, сок од портокал Саат време пешачење. Од утре поозбилни, доаѓа среда (смајлиШтоДржиСтап) .
Мене ми е најтешко со идеите за ручек, да е нешто поздраво, а да ме засити за целиот ден со енергија. За доручек е лесно, мусли, житарици, смути, овошна салата ќе се снајде човек тоа некако. За ручек често сум или излезена, па ќе се јаде нешто надвор со друштво, така да ме зезнува ручекот или немам баш идеи, а дома не се на диета и ќе направат за ручек некогаш и нешто покалорично и ај да не се двојам. Викендов го истерав добро инаку. Како наоѓате идеи за здрав ручек?
Денес посно ама некако прогурав со малку вишок леб. Д :туна со 1 ѓеврек Р печурки ,леб ,пиперки +Пченка,грозје, кафиња ,сок...
Јас не пишам,зашто не сум баш за фалење ко за инает тродупло имам апетит ама пмс....две недели Се надевам дека ќе се заозбилам за скоро оти маФ ми е работата
Вчера доручек во 16 ми беше, овесен микс со кисело млеко. Ручек во 19 и малку јаткасти. Ручек грашак манџа и салата. Денес доручек јајца на око и салата, после го јадев чија пудингот околу 16 и на крај во 19 зелка манџа со свинско. Меѓувреме јаткасти. Не јадам леб и благо и никакви сокови. Чоколада со 80% какао без шеќер каснав два реда пред некој ден, ама ми се тресеше душава за благо. Одма сум -2 кг на мојата вага. Само да продужам вака да не ме настрви некој Ројал или 7ца. @Dream-Girl ако гледаш секој македонски традиционален ручек е здрава варијанта на ручек. Се што е манџа, ама да не е презапржено или залиено со зејтин, е здраво. Е сега незнам како се храните дома ама во принцип традиционален ручек можеш и да го изманеврираш
А вака доручек во 16 здраво е? Да се пофалам, само што престанав да се товам со јаткасти пред спиење, и да не отворам уста после 9, стомакот се смалил. А, и пиво не пијам. Вага уште немам и ме очекува лудница недела, ама другата недела ќе се заозбилам, ќе почнам бар нешто да мерам.Сантиметри, килограми, а можда и километри
Мене најмногу ми помогна тоа што почнав да доручкувам (овесна каша ме држи најсита), нормален ручек и нормална вечера (значи вклучено и едно/две парчиња леб). Од нес со млеко не се откажав. Се откажав само од грицки и благо (дури и да касниш чоколадо две три коцки не е страшно) и имаше резултати.
Јас да одам ноќна, два фрижидера би изела. Сум примерила дека кога сум ненеаспана, јадам како термит. Алал да ти е како издржуваш @EuHenIa
Ни на работа навечер не можам да јадам, 9часа ми е смената, ама уста не ми се отвара. Тоа зошто јас сум спанка по природа и тоооолку ми се спие што не ми се јаде . Како сум навежбана да спијам на два канцелариски стола, не сте свесни . Денес на мени овесни со к.млеко. Ручек стек и ориз и салата, вечера некоја инстант супа ќе си земам или јаткасти или само салата. Така е планот, а што ќе биде ќе видиме Дајте идеја за вечера за на работа.
Диета со ноќна смена ауу ич не ми оди во комбинација.. За денес Д овесни со 3 урми и малку суво грозје У лешници Р гравче , ќе пробам без леб В салата Морам да почнам да внимавам на количината!!!