Инстант супа ми изгледа како добра вечера за на работа. Лесно е, не е баш јадење, заситува, а можеш каде било да ја направиш. И мене навечер уста не ми се отвара, можам само нешто што не бара џвакање да јадам . Кога не сум на диета, најчесто тоа е чоколино. Замисли чоколино на работа да однесам, колегите ќе се превртат од смеење .
Ми треба поддршка...голема Вагата кажува многу ...(73) Денес понеделник, утрово на работа јадев многу, што не личи на режим, (ама реално не ни планирав да се ставам на режим кога спремав храна, туку читајќи ве вас се мотивирав да пробам). Затоа планирам од утре да почнам со некој мој режим, бар до 6-ка напред да стигнам на вака. Посакајте ми среќа, а утре ќе кажам дали оваа мисла ме држи уште и на кој начин почнувам да спроведувам режим.
Ќе те држи, дружи не, секој ден пишувај...и ќе биде..башка и не ти се многу кг тука сме горе доле сите..сега има и слаби со 6ка напред, со 5-ка ама сите сесо иста цел , да бидат најлепотици ајде сите НАЈОЗБИЛНО оваа недела..мерење среда..
@kikin добре дојде тука сме сите пре нај ОЗБИЛНИ и сите сме со супер килажа, ама таа килажа сакаме да ја модифицираме соодветно на здравите навики на живеење . Не баш спектакуларен викенд, можам многу, многу подобро. Морам
Заврши одморот се враќам во колосек Д:овесна каша Р:стек и салата В:јајца варени и салата Од денес почнав да вежбам
Добар ден, Таман ми помина стомакот ме фатија синусите. Плус добив малку порано од очекувано, не знам што ќе биде неделава. Денес доручек: бунгур, јајце и павлака. Ужинка: еден сиров бар и неколку грисини (морав да земам од едно детенце) Ручек: Летна манџа и сирење (и може малку леб ќе каснам) Вечера: Млеко у план. Мора неделава да се уозбилам претерав викендов.
Јас мислам дека ПМС од прошлата недела, на ова мерење ќе ми се покаже, за на претходното мерење беше рано внесаната храна и калории да се процесираат и конвертираат во килограми до средата. Оваа недела колку толку арна бев, од средата на ваму. Ама ќе видиме сега у среда. Какво конвертирање се задесило
Како се справувате со гладот навечер? Имам ненормална потреба за многу храна, а гладна не можам да заспијам, грчеви имам.
Пола чаша јогурт - нема многу калории, протеини добро е да се конзумираат навечер, а дава некое чувство на ситост. И салата е добра опција за навечер, особено ако е само зелечук, без масло и додатоци, многу малку калории се тоа. Ама мене навечер ме мрзи да сецкам салата, па јогурт ми е омилена опција .
Пијам многу вода, некогаш ако ептен сум гладна и овошје знам да каснам некое или салата - краставица со кисело млеко. Зависи што ми се јаде. И ова со јогуртот го имам пробано со + додадени малку мусли ако е некаде пред 22ч за да ме држи цела вечер, дека легнувам доста покасно зошто ноќе учам, не сакам да осеќам глад за тоа време.
Мене вечерта ми е најголемиот проблем во исхраната.Најмногу ми се јаде тогаш.И се само нездрава храна. Не можам да заспијам ако не каснам И се обидувам да балансирам со количината барем.Да распоредам калориите.
Д: 2 варени јајца, јогурт и 1 кришка црн леб У: нескафе и банана Р: риба и пире У: грозје За денес толку. Испешачив и пред малку завршив со вежбање.
Од сега додека не заврши денот не пишувам што сум јадела/планирала да јадам. Вечерата наместо јајца и салата се замени со шарска и тоа XXL величина
Ајде ништо страшно, од утре поозбилна ќе бидеш, ќе надоместиш за вечерава со поздрава исхрана и повеќе движење.
10 кила намалени НЕ Е мал напредок! Браво, само така продолжи. Јас денес конечно добив, па може ќе се стабилизирам со исхраната, иначе неделава уште чизмите што не си ги изедов. Ама имам гости, а ко што @malerozna милува да каже - со гости нема диета. Свечено обеќам, од петок натака се враќам во нормала.
Вчерашниот ден истеран по пропис плус вежбав.. Денес Д овес со суво грозје У јајце варено Р кременадла со парче леб В или јајце само или ништо..денес дома ќе бидам во 19 па може само побрзо да легнам ..
Ајде дечки, одиме најјако Почнав од вчера од ручек - грашок манџа со салата (можело и без леб); В. супа и пуканки Денес: Д. овесна каша со банани, аронија и ореви У. јајце варено и патлиџан Р. Стек со салата В. Оризови галети Измеѓу кафиња, цигари и чаеви, ама тоа не се брои
Добар ден и од мене. Вчера јадев сладолед со тоа малку утнав. Денес доручек овес, млеко, брусница, путер од кикирики, чиа. Ужинка кафе и овошје некое Ручек турли тава Вечера млеко ако е се по план.