Денес појадок, две кафиња и омлет со зеленчук и сирење ( преубав) Р. Манџа боранија со јунешко и салата краставица Ужинка чија пудинг со овошје и путер од кикорики. В. Јаткасти и оризови галети, се на се планирам да прекинам со јадење најдоцна до 19
Морам да почнам да ги пишувам оброците за да се засрамам денес појадок во 13 и 30 часот. Ништо не спремив од дома, немав време сабајлево а на работа г.з преку глава од работа. Ептен доцна ме фати. Како и да е турско кафе, протински пудинг, шака непечени бадеми ручек пилешко печено и салата рукола и марула вечер- не ми е измислена се уште За утре си се задолжувам да си спремам појадок од дома, оп стоп! И да се измерам пред да излезам, нели среда е
Се изнервирав и не изедов чија Сега ми е криво, ако ја јадам сега до 17 после рано ќе ми биде да вечерам во 19. Се изнервирав на работа....си измешав јадењето
Д: чизкејк Знам дека зезнав денеска со појадокот ама се частеше за убава причина и ич не ми е криво. Р: стек, ориз, салата, У: банана, нескафе Не знам дали ќе ми се пријаде вечер, па може ќе каснам уште некое овошје, сега за сега сум најадена. Ќе вежбам за брзо, сабајле пешачев. Утре беше ден за мерење? Едвај чекам.
Да реферирам сабајлечки па терам работа ситуација од прошла среда - 500 гр Није кој знае што, ама стварно мислев задоцнета камата ќе имам во плус. Денес ме собра сукња која не ми е облечена година и пол.... П.С. прво место 500 гр, сум пишала 500 кг, читам и нешто не ми штима... да сум во минус 500кг...има да ме нема
Мерена, -500 гр, добро е..иако очекував повеќе, се повеќе и повеќе сум активна физички ама количински јадам..морам да намалам.. За денес Д овес со урма У јајце варено Р немам смислено , може една шопска некое парче лебче В кисело млеко
Здраво на сите, ако е среда ден за мерење тогаш јас ќе започнам од следната.. Веројатно во меѓувреме ќе добијам , малку ми доцни па не се мерам. Се надевам постов е за тука... Обично имам 47/48 кг, варирам..Слушнав за кафе и лимон за наутро, па не знам дали точно го практикувам..Сакам некои си 3/4 кг да намалам ама не успевам..Дали можеби некоја од тука има испробано? бтв напитокот: 1 лажичка кафе 1/2 лимон вода
Д овес со јогурт и овошје Р пржена урда со јајце и салата и кривче црн леб Не вечерав ама,се напив кафе, компот,некое зрно грозје. Ова вчера не сум пратила Денес ќе се мерам после
Да се пријави неозбилнава Чудо некое, ко за неозбилна цело кило минус сум си се изненадив...додуша ќе ја проверам вагава после,батериите да не не се нешто ок Се прејадов неделава луѓе, вардење никакво,ама стрес и трчање ко мува без глава на најјако може и то влијае некако.. Добро е, не се брзам за никаде, полека да спуштам, да не качувам е многу битно. Може па и треба да си поставам некој рок, поефективно може така ќе е
На стрес секогаш повраќам, дури и на најмал..Колку и да јадам, на стрес секогаш симнувам магично преку ноќ.. сега немам толку па да видам мислење од други за мојот проблем.
Јас бев колку толку озбилна оваа недела ама резултати слабо, едвај пола кило. Но неделава работев на враќање на лактацијата па се тешам дека уште пола кило имам во градите Почнав и да пешачам скоро секој ден. За спорт докторката ми рече да почекам уште некој месец.
Сабајле две јајца на око и ајварче, без леб . Претходно, две кафиња. Сега пред работа супа, ама оти на работа ќе треба да седам гладна до 18:30 најмалку, денес ни е специјален ден . За после носам овесни со кисело млеко и стек и пире. Ако успеам да изедам, ќе биде премногу, а може и лефтовер кетеринг ќе имаме.... Значи денес денот ќе го означам како чит деј. Од утре пак во нормала. Битното е дека благо, леб и колачи нема да јадам. ( уствари за колачи не гарантирам )
Не ти ја знам конституцијата на телото, нити висината ама тие килограми за возрасна личност воопшто не се многу, па и да сакаш да ги намалиш. Тоа би дошло да имаш 43- 44 кг? Дали имаш израчунато колку ти е БМИ? Не дека БМИ е мандатори и нај најрелевантен показател, ама сепак е медицинско -здравствена алатка со која се служат професионалците. Не ме сфаќај погрешно, нити ти попувам , нити се правам паметна, си разговараме едноставно, форумов е за дискусија, нај на крај. Од кои причини сакаш да намалиш, имаш голем стомак, не си се допаѓаш? Секако, не мора да ми одговориш. Ова само заради претпазливост те прашувам. Да не преминаш во друга категорија која исто така не е лесна и пријатна. Па супер си, па шо. Битно не е накачено. А ќе видиш, ако си продолжиш со движење и балансирана исхрана, очекувај резултати, можеби првата недела - две не, ама понатаму да. Па и не ти е до толку чит дај, особено ако не изедеш се. Јајцето и ајвар- појадок, стекот и пирето ручек, супата ужина, а овесните вечера. Видиш....не е баш читинг...а и храната не се глупости, ок е ...само салата ти фали Мора да се поддржиме Јас као некоја учителка, домашното ви го прегледав Молам простете .... Ајмо озбилно
Учителке јас како најбубалица(значи најдебелка во дружинава) не ме провери, скар ќе бидам.. хаххаха се зезам...досаден денов..
@Espadrila во ред е што ме прашуваш, најпосле треба и причината да си ја кажам поради која сакам да ослабам.. Според конструкцијата, но и според висината.. Прениска сум , и баш поради тоа сакам уште некое килце минус. сум била и 42 кг и сум се чувствувала многу поубаво.
И јас сум на диета,аман што убаво си ослабев ама во Мк излези со една другарка апни си нешто што не треба, па со друга другарка истата песна и така..
Добар ден. Јас сеуште само на припазување сум. Озбилно ништо. Да се опоравам од вируси и да сменам батерии на вага па ќе почнам. Доручек денес: здрав carrot cake (рендани моркови и тиквица малку, овесни снегулки, банана, јајце и цимет и морско оревче). Ужина: Кафе и raw bar. Ручек: Мусака од тиквици Вечера се надевам млеко. Денес со точак на работа дојдов така што плус активност е и тоа.
Само да пријавам -700грама. Кај мене се за две недели пошто претходната не се мерев. Честитам на сите за резултатите.
-1.5кг Конечно си ја вратив тежината што ја имав пред корона карантините во почеток на 2020та. Ко хоче нек честита. Уште неколку кг ми фалат да се вратам на тежината од средно и се надевам ќе ја напуштам темава засекогаш. Иако сте добро друштво ама што е доста, доста е.