Немав прашање, додатно за повисока оценка, а добро тераш, продолжи така Па да те видам на прво место одоздолу на рангот...а и јас со тебе, пошто јас коловоџа разбираш
Леле леле и јас сум во минус скоро 1 кг ама за 2 недели. Е сега се мерев во 3 и пол скроз гладна и жедна само на кафиња... Ама сепак колку толку се сменила барем бројката на вагата.
900 грама минус за мене неделава. Последниве два месеци сум кило горе, кило долу, никако да мрднам под 73. Ама ќе мора кога тогаш да тргне надолу. До крајот на годинава ќе видам 6ка напред па што сака нека биде.
За скоро еден месец(не цел месец) ослабнав 9кг ,и многу ми е поубаво,истовремено горда што само кукав дебела сум вака така ,и конечно се озбилив и успеав..уште 2-3кг ми се цел ,и после следува затегање на стомак...
Д:само кафиња ×3 (и тахикардија гратис) Р од вчера останато урда со сирење ,домат и пола ѓеврек В: чинија супа и едно маалецко парче пица.
Денес не се мерев зашто понеделникот почнав Д. Банана Р. Пак стек и шопска + чаша јогурт У. Сладолед (утка) В. Макарони со сирење Сега може пуканки да апнам П.с. БМИ = 27
Браво!!! Оваа недела -0.6 кг Вкупно за две недели -2.5 кг П: салата, сирење, тиквици Р: месо, салата, сирење, таратор, печурки. Оваа недела сите сме биле озбилни . Продолжуваме понатаму
Сабајлево со страв се качив на вага, ама покажа исто како минатата среда 66.2, бми не памтам. Со оглед на тоа дека двапати јадев торта на роденден и еднаш на свадба, задоволна сум. Освен тоа, стресна ми беше неделава , па не пазев баш најдобро. Сфатив дека бегам во храна како задоволство при стрес и ми е изговор да не пазам кога е хаос денот. Ок, следнава недела повеќе пазење. Поздрав
Добро е...вчера излезе супер ден..не прекршив ништо и вежбав.. Денес Д овес со путер од кикирики и урма У јајце варено и ореви млади Р летна манџа со кисело млеко В интегрални макарони Денес нема вежбање само пешачење...
Денес планот е овој: Д. Чиа пудинг со банана, урми, аронија, малини и ореви У. варено јајце и кисело млеко + зелка салата (тоа носам на работа) Р. леќа (морам и сирење во неа да издробам) и пак зелка салата В. оризови галети со путер од кикирики и банана Измеѓу веќе сфатив те дека имам чаеви и кафиња
П: пола лепче со крем сир Р: овес, јогурт, сливи В: грашок 20 минути точак, 40 минути пешачење. Не е лошо .
Д направив овес го заборавив па каснав само нек.лажици Р шпагети болоњезе ама ни пола тањир не изедов. В или од овесот или ништо ,туш и в кревет Испив пола кг кока кола тоа ме држи денес инаку немам нешто апетит.На стрес ми е ама после ќе надоканадам. Имав и доста пешачење 13000 чекори
Ја заборавив да пишам, сега ми текна. Д: смути со овес Р: homemade тост само со кашкавал У: нескафе, 1 мало благце, малку грозје Извежбав, испешачив. Утре со нови сили.
Вчера не вежбав ама пешачев брзо 40мин. Денес Д овес со урми У јајце варено малку ореви Р или јајца пржени или туна салата В салата и супа
П: овес и јогурт. Р: месо, пире и домати. За ручек ја претерав малку количината, затоа што бев ненормално многу гладна. Никаква активност. Само мене овесот ми има вкус на картон? Со овошје многу ми е убав, затоа што овошјето го маскира вкусот на картон.
@Ariel грд ми е овесот и мене, со сила го јадам.. Д: ѓеврек и јогурт Р: јуфки У: смути Денес не пешачев зошто спремам важен испит и цел ден скоро го пројдов седејќи на биро. Сега ќе надоместам со вежбање 1 час...