По незнам кој пат наскоро почнувам пак со режим кај нутриционист. Имам 73 целта ми е 65. Има надеж знам ако се придржувам. Губам мотивација некако, немам подршка од никој па малку тешко ми оди со мотивацијата. Незнам ни како ќе успеам со готвење бидејќи имам мало дете и бебе и сум сама по цел ден со нив. Ама тоа е, ќе пробам да успеам некако да се организирам.
Одвај чекам понеделник да се измерам и да видам дали има резултати П: 2 пржени јајца со патлиџан У: Банана Р: Пилешки стек со ориз и краставица
Во среда сите заедно се мериме и пишуваме резултати, а првата среда во месецот пишуваме и БМИ и споредуваме со претходниот месец. Многу позитивно влијае на мотивацијата.
Викендиве ми се секогаш ужас. Излегувања, дома слободни, па се готви повеќе и нормално и се јаде повеќе. Не издржав да не си каснам палачинки сабајлево. Да си пишам тука, за да се уозбилам.
Викендов катастрофален и кај мене. Бевме на свадба вчера, нездрава храна колку сакаш, денеска маж пица порача. Срам ми е колку изедов во 2 дена.
Не знам што се случува горе долу ми одат килограмите. Таман се израдував дека стигнав до 67, за два дена пак 70, а не сум јадела прекумерно. Затоа од утре си фаќам диета по список, а не кето хроно не знам што, таман до среда до мерењето да покажам некој минус да не се брукам тука.
Викендов конечно се заврши. Д: 2 палачинки со банана и крем, нескафе Р: салата, ориз, стек У: грозје Извежбав прееска. За денес толку, надежно од утре без помалку грешки.
И мојов викенд ужас. Д две инт.тортиљи со намаз и краставица Па парче торта Р -В летна манџа со парче црн леб.
Денеска неделно го прекршив денов. П: две варени јајца и пола краставица Ручекот беше во ресторан, ќофтиња од тиквички и хумус и пита. Плус две чаши бело вино. И едно залче десерт за проба. Од утре се враќам во нормала.
И јас не многу сјаен викенд. 2/2 дена бев на пат, и нормално се јадеше нездрава опција...+ и газиран сок Но, кој ми е крив, патувањето не е оправдување за нездравата опција, затоа веднаш до него има друга опција- подобрата... И...кажав дека ќе ги пишувам оброците, а еве, не ги пишувам, и тука се зезнувам. Не сум доволно посрамотена пред вас. очигледно. Ко ќе бидам, поОЗБИЛНА ќе сум....ваљда.. Денес понеделнички до сега турско кафе план за денес П смути со овес и шака бадеми Р печено ќофте и пире и салата В не ми е измислена, но ќе видам за денес во план ми е враќање кон физичката активност...па да видам шо ќе исполнам Чус
Викендите се 30% од останатото време и навистина ми зезнува голем дел од работата околу диетава..вака испаѓа цела недела пазам на кал вежбам, дојде сабота и недела и пак се во вода паѓа и сум се избалансилара со претходните денови...значи јас си ја одржувам дебелинава .. Ама денес понеделник и за цела недела правам план што ќе јадам со се сабота недела..нема веќе излети.. За денес Д чија пудинг со шака ореви У парче хроно пита со патлиџан Р турлитава без месо и без леб зашто ќе има копмир В кисело млеко И вода, леле вода колку малку пијам...сега полнам шише вода и 1 лимон ќе исцедам.. Убав понеделник И бидете озбилни
Да се пријавам со „лош викенд“ во поглед на јадењето Изедов 2 парчиња пица, еклер, пиев ракија и вино.... Ај денес пак да се вратиме во шема Д. 1 варено јајце, 5 маслинки и мало канче кисело млеко У. (ова е најјако ама тоа земав од дома) - 1 мало парче стек, патлиџан и сиренце Р. Компир манџа, салата У. 1 ред црно чоколадо В. Планирам оризови намачкани со путер од кикирики и млеко
П: овесни, јогурт, малини Р: чиа со путер од кикирики и малини В: месо и салата Едниот оброк вишок ми беше, ама се наствев и на малини, и на путер од кикирики. Физичка активност - скоро ништо - 10 минути точак и пола саат пешачење.
Леле жени, ме фаќа криза за јадење. Третава недела едвај ја терам, секогаш ми е најтешка. Момемтално мислам само на топло лепче, иако не сум гладна. Морам да издржам, после ќе биде полесно. Ај бидете другарки, удрете ми по еден ќотек да се опаметам .
Денеска малку подобро од викендот. Плус многу физичка активност, скоро цел ден на нозе го поминав. Доручек: овес со банана Ручек: салата, ориз, стек У: нескафе, 1 мусли бар чоколадце, пак банана
Задоволна сум многу. Убаво почнав, за 1 недела, 2.5кг минус. Ми дава голема мотивација П: смути У: малку чипс од хумус Р: риба со варен компир и краставица салата У: банана Единствено е што треба да ми дојде за 5-6 дена. Таква криза за јадење ме фаќа. Овие денови ако издржам, таман ќе биде после се
Какво лепче напиј се вода со лимон..јас вака се лажам кога ќе ме нападне глад е сега некогаш издржувам некогаш не...ама тоа е..ја нема @malerozna со стапот , ожалостена е сега па опростено и е..ај ќе дојде кај и да е.. Вчера супер ден, нека биде и денес таков.. Д овес со јаболка У јајце варено и урда Р интергални макарони В кислео млеко со сусам Убав ден озбилни!!!