Добро утро , би сакала да се приклучам и јас со вас ама не до толку туку да си ја одржувам.. Јас бев костур предолго време, и сега намерно сипочнав да јадам да си личам на жена, мајка .. Е сега едно нешто ме мачи , само фацата ме нервира некако ми е здебелена , таква бев и кога бев мала бучка ама сега не се свиѓам баш а со телото немам никаква замерка. Има ли некој начин за да ја ослабнам фацата а да си останам таква каква што сум со телото П.С дојам сеуште
Ден - вторник, еден ден пред мерење... Д. овесни снегулки со млеко, банана, ореви и лешници У. Шопска и мало канче кисело млеко Р. Макарони со сос од павлака и печурки В. Супа (кафиња и чаеви не ги ставам на менито, секојдневие се)
Ај за вчера не сум пишала. Малу подобро од викендот. Д овес со јогурт и овошје Р пилешко малу компир и салата У 1 парче црно чоколадо В бев на гости па каснав малку сувомеснато и сирење Не сум упорна и мотивирана како пролетта.Помалку вишок сега имам и забушавам.Барем да не одам во плус.И тоа ќе е добро оти иде зима седи дома,меси, готви јади... За денес вечер ќе пишам засега сум само на овесот.
Спремни за утре за мерење? Јас не. појадок: овесна каша со путер од кикиритки, јогурт и капини ужинка: јаболко и 50 грама ореви вечера: мусака со тиквици се пече.
П: чиа со путер од кикирики и малини Р: грав со колбаси и ајвар. Не сум нормална колку ајвар јадам со грав, третина голема тегла свиткав денес . До работа и назад со точак, цееели 20 минути . Дојде среда, а? Ајде да видиме утре што сме направиле
Денес згрешив целосно, не ни пишувам менито, ни д од диетално не е. Не ми е нешто по ќејф денов, "доручек" во 13ч ми беше, а станата од 7... Ептен бев гладна зошто полагав испит и цело утро бев во брзање, после јадев нешто купечко ради тоа и не ми испадна денот по замисла . Пешачев и вежбав, бар тоа. Од утре сум пак послободна и се враќам посериозно. Иако не издржав и се измерив сабајле, покрај грешките деновиве пак сум во минус, физичката активност делувала.
Zdravo zenski od utre sakam da ve druzam pa ako moze nekoj da mi objasni od kolku do kolku se jade sto se jade.Citam citam i nakako da svatam sto kako ako mi objasnite bi vi bila mnogu blagodarna lav ju
Д: смути У: малку чипс од хумус Р: пилешко со печурки и доматен сос, варен компир и краставица У: банана
Како секоја недела така и оваа пријавувам пола кило помалку т.е. за три недели од 69,2 до 67,5. Не е многу, но со оглед на тоа дека не се движам многу, не сум на строга диета, задоволна сум.
Се качив да се мерам и оп гледам мрда бројката застанува и оп снемува батерија..ќе сменам денес утре се мерам обавезно и ако е таа бројка што последна ја видов ми се допадна ептен...вака со ова темпо до ноември ќе сум на 6ката а тоа е голем успех... Денес Д овес со крушка У индиски ореви и банана Р зелка манџа В кисело млеко...
Добро утро , би сакала да се приклучам и јас со вас ама не до толку туку да си ја одржувам.. Јас бев костур предолго време, и сега намерно сипочнав да јадам да си личам на жена, мајка .. Е сега едно нешто ме мачи , само фацата ме нервира некако ми е здебелена , таква бев и кога бев мала бучка ама сега не се свиѓам баш а со телото немам никаква замерка. Има ли некој начин за да ја ослабнам фацата а да си останам таква каква што сум со телото П.С дојам сеуште
Сите сме на различни диети, тука сме за поддршка. Главно пишуваме што сме јаделе колку да нѐ фати срам ако претераме и да нѐ опоменат другите ако јадеме глупости, и дали сме имале физичка активност. Најдобро е да скратиш од тоа тебе што те дебелее - за мене на пример тоа е благото, за друг може да е сирење, за трет леб, може и количина, итн… А ако повеќе сакаш да држиш одредена диета, разгледај низ категоријата диети и најди некоја што ти одговара. Важно е да ти одговара, на пример ако не јадеш многу овошје, УН не е за тебе, затоа што секое сабајле има овошје, па ќе ти биде измачување да ја држиш. Со лесно и многу успех!
Средаааа!!!! Оваа недела -0.9кг. Вкупно за 3 недели -3.4. Многу сум задоволна . Продолжуваме понатаму, најзгодни!
Браво браво Јас не се измерив денес. Задоцнив, станав подоцна некоја минута и во брзање изумив. Ќе се измерам утре сабајлечки, не би требало да смени нешто. Груба проценка по мене, или статус кво или 500 гр во плус. . Не е дека бев до толку грешна, колку што стварно мислам дека каматата ми стаса за наплата од прошлата недела...видеќемо. Вчера на репертоар - инстант овесна на Виталиа (за разлика од тие на др Еткер, овие имаат упола калории, барем тие шо ги имаше у маркет на располагање шо ги споредив), шака печени и солени бадеми и турско кафе - ручек леќа, 2 парче леб интегрален со семиња, мало парче сирење и салата - 2 мали бананки чоколатце и пола турско кафе Не вечерав, не бев гладна воопшто ручекот ме држеше. Некако слабо вода пијам. залади времето, не осеќам жед деновиве и слабо пијам вода. Ама па како да пијам кога не ми се пие.... деновиве ќе паузирам од физичка активност, па петок- сабота ќе продолжам пак Мора ! За денес немам план за јадење. Прединамичен ќе ми е, а и дома ручек немам. Па, ваљда за да не бидат глупости подобро е јајца и салата...а и најбрза опција откако ќе дојдеш утепан од работа дома и на тебе се чека...
Се мерив и сум околу пола килограм минус.Иако треба кон пладне некаде да се мерам оти насабајле сум цела подуена.Но задоволна сум сепак.И ќе сум белким помотивирана. Морам да пијам повеќе течности и да почнам пак со вежбање.Не бива со пешачење само.
Еден месец на режим 81.5 БМИ 28.4 75.4 БМИ 26.4 6кг за еден месец Веќе почнаа да приметуваат сите Уште 10кг до целта До Нова година се надевам на супер резултати. Освен што сум малку нервозна кога сум гладна друго се е супер.